Резолуција и брзина

Велосипедист на свиок Велосипедист на свиок

Резолуција и брзина

50,1 милиони точки до 30 слики во секунда

Моделот α1 нуди одлична комбинација на висока резолуција и неверојатна брзина. Брзото читање од сензорот со 50,1 MP овозможува континуирани слики до 30 fps0 со следење на AF и AE користејќи ја електронската бленда. Совршено за спортови или за ситуации каде што клучното дејство завршува за миг.
30 континуирани слики од велосипедист во трка
Серии на слики со и без затемнување

Фотографирање без затемнување за непрекинат приказ

Непрекинатиот приказ на субјектот без затемнување ви овозможува да реагирате моментално и непречено. EVF се ажурира заради минимално доцнење при континуирано фотографирање.

(A) Фотографирање без затемнување (B) Фотографирање со затемнување

Одбојкар кој блокира, детектиран од автоматскиот фокус

Следење со AF/AE со 120 пресметки во секунда

Брзото вчитување преку сензорот овозможува AF/AE со 120 пресметки во секунда, дури и при секвенцијално фотографирање со 30 fps, за прецизно следење со AF. Доцнењето на AE е помало од 0,033 сек.

(1) Пресметки за AF/AE (2) 60 пати/сек. (3) 20 слики/сек.

Два елени во борба

Тивка бленда без вибрации

Тивката електронска бленда нуди одлични можности за фотографирање спортови и други субјекти каде што шумот не е пожелен. Ракувањето без вибрации придонесува за висок квалитет на сликата.
Примери на изобличување кај бленда со вртење

Бленда која спречува изобличувања

Сензорот со брзо читање го минимизира изобличувањето кај сликите кога се користи електронска бленда. Процесорот BIONZ XR™ и големата меѓумеморија постигнуваат 1,5x помало изобличување од α9 II.

[1] Стандардна електронска бленда  [2] Бленда без изобличувања

Одбојкар кој блокира, детектиран од автоматскиот фокус

Електронски и механички бленди без треперење

Повторно за првпат во светот: електронски и механички бленди без треперење. Добивате фотографирање без треперење под флуоресцентно/вештачко осветлување со сите придобивки од електронската бленда.

Заштита од треперење [1] ИСКЛУЧЕНО [2] ВКЛУЧЕНО

Exmor RS CMOS-сензор за слика

Exmor RS™ CMOS-сензор за целосна слика со 50,1 MP и вградена меморија

Изработката со подредена структура кај овој сензор за целосна слика со 50,1 MP и задно осветлување придонесува за висока резолуција и брзина. Посебните слоеви на точките и на струјните кола и напредната A/D-конверзија значат побрза обработка.
Процесор за обработка на слика BIONZ XR

Нова изработка и процесор за обработка на слика BIONZ XR

Новиот процесор BIONZ XR содржи напредна изработка која овозможува 8x поголема моќ на обработка. Резултатот е извонреден квалитет на сликата, како и подобар одзив на интерфејсот на фотоапаратот.

Напредни функции за блиц за повеќе опции за изразување

Портрет од модел

Синхронизација на блицот со електронската бленда

За прв пат кај фотоапарат α е можна синхронизација на блицот со електронската бленда благодарение на големата брзина на читање од сензорот CMOS со подредена структура. Сите предности на електронската бленда остануваат достапни при користење блиц.
Велосипедист на зајдисонце

Бленда со двоен погон за синхр. на блицот до 1/400 сек.

Првиот систем во светот за двоен погон на блендата овозможува синхронизација на блицот до 1/400 сек., за полесно доловување на брзите движења и пристап до нови креативни можности.