Уживајте во музиката така како што замислиле изведувачите, со звук со висока резолуција и кристално чиста прецизност. Или, пак, откријте нов начин на слушање со 360 Reality Audio0 што ќе ви овозможи да се чувствувате како на концерт во живо или во музичко студио. Со AN1000, вашата музика ќе биде реална како никогаш досега. Тој поддржува и стандардна репродукција на DSD (Direct Stream Digital) без конверзија, за да уживате во DSD-содржини без да се изгуби нивниот оригинален квалитет.
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Ultimate™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи приспособливо препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува деталите во акустиката и динамичкиот опсег, како и присуството и острината на високите фреквенции, за да обезбеди побогато и целосно доживување при слушањето.*
[A] Проширена динамика на звукот (жици и детали тивки како шепот)
[B] Обновени високи фреквенции (реални вокали и акустика)