Пренесете го звукот на киното во вашиот дом

TA-AN1000

Користејќи ја технологијата 360 Spatial Sound Mapping , AN1000 ви нуди сеопфатен опкружувачки звук што го овозможуваат повеќе фантомски звучници. Со автоматската калибрација на D.C.A.C. IX , приемникот е секогаш оптимизиран за најдобро доживување на звукот во вашата соба, што резултира со неверојатен филмски звук во домот. Благодарение на поддршката за DTS:X и Dolby Atmos, AN1000 нуди моќен и филмски опкружувачки звук, како и музика со неверојатно висока резолуција, проследување и паметна интеграција.

  • TA-AN1000

    НОВО


Разгледајте ги функциите на AN1000

Во ова видео е претставен AV-приемникот TA-AN1000, почнувајќи со серија слики од производот и слики одблиску од интерфејсот на предниот панел, вклучувајќи ги двете контролни вртливи копчиња, наменските функциски копчиња и екранот за статус. 

Функциите 360 Spatial Sound Mapping и Digital Cinema Auto Calibration IX го истакнуваат прецизниот и реален звук и фантомските звучници што може да се создадат, како и компатибилноста со Dolby Atmos® и DTS:X®. 

На сликите од задната страна на производот се прикажани различните опции за поврзување, вклучувајќи ги и 6-те влезни/2-та излезни HDMI-приклучоци со поддршка за извори на видео до 8K или 4K120 и IMAX Enhanced, Dolby Vision, HLG и HDR 10. 

Поддржани се и висококвалитетни формати за звук, вклучувајќи 360 Reality Audio, висока резолуција, Hi-Res Wireless и DSD. AN1000 е прикажан поврзан со компатибилен телевизор BRAVIA, а функцијата Acoustic Centre Sync0 1 ја менува положбата на изворот за звук и кај телевизорот и кај централниот звучник за да овозможи совршено усогласување со сликите на екранот. 

На крај, претставени се различни безжични функции, вклучувајќи поддршка за изборните безжични задни звучници и сабвуфери од Sony и компатибилност со безжично проследување на звук преку Bluetooth и Wi-Fi за Apple AirPlay 2, Може да се користи со SONOS, Roon Tested, Spotify Connect и Chromecast built-in. Гласовната контрола и контролата преку апликација е поддржана преку Google Assistant и Sony Music Center.

360 Spatial Sound што се прилагодува кон вашето опкружување

D.C.A.C. IX паметно ја мери висината и положбата на секој звучник со микрофон за калибрација.

AN1000 ја користи технологијата 360 Spatial Sound Mapping за да ви овозможи забава како никогаш досега. Врз основа на информациите за положбата измерени со D.C.A.C. IX, околу вас се генерираат повеќе фантомски звучници што создаваат потполно ново аудиодоживување за да уживате во сета возбуда што ја нудат Dolby Atmos® и DTS:X®, како и во секој здив, чекор и збор, исто како да сте во самиот филм.

Лого за 360 Spatial Sound Mapping, лого за Dolby Atmos и лого за dtsX

Висококвалитетни слики

Гледајте живописни сцени исполнети со реални бои и длабочина. Оригиналниот квалитет на сликата се зачувува при репродукција преку AN1000 за да можете да уживате максимално во филмовите. И игрите се повозбудливи и пореални поради поддршката за најновите формати, како што се променливата стапка на освежување (VRR) и автоматскиот режим со мало доцнење (ALLM) во HDMI 2.1.
Лого ознаки за 8K HDR и 4K 120

Звук со висок квалитет

Уживајте во музиката така како што замислиле изведувачите, со звук со висока резолуција и кристално чиста прецизност. Или, пак, откријте нов начин на слушање со
360 Reality Audio0 што ќе ви овозможи да се чувствувате како на концерт во живо или во музичко студио. Со AN1000, вашата музика ќе биде реалистична како никогаш досега. Приемникот поддржува и стандардна репродукција на DSD (Direct Stream Digital), без конверзија, така што ќе уживате во DSD-содржини без да се изгуби нивниот оригинален квалитет.
Лого за 360 Reality Audio, лого за звук со висока резолуција, лого за безжичен звук со висока резолуција, лого за DSD Direct Stream Digital

Најдобри перформанси со телевизори од Sony

Ако го поврзете со телевизор BRAVIA со Acoustic Center Sync0 1, тогаш и аудиосистемот и телевизорот ќе добијат улога на централен звучник во системот за домашно кино. Со Acoustic Center Sync ќе слушате дијалози од екранот. Случувањата и звукот се прецизно усогласени за уште повозбудливо уживање при гледањето.2
Слика само од контурите на поставен телевизор. 3 сини кругови излегуваат од центарот на телевизорот прикажувајќи ја насоката на звукот

Изборни звучници

Слика од звучникот SA-SW5 од Sony

SA-SW5

Длабок и богат бас од 300 W преку звучник од 180 мм со пасивен радијатор.
Погледнете го SA-SW5
Слика од звучникот SA-SW3 од Sony

SA-SW3

Компактен сабвуфер со рефлективен бас и звучник од 160 мм за звук со моќност од 200 W.
Погледнете го SA-SW3
Слика од звучникот SA-RS3S од Sony

SA-RS5

Поширок опкружувачки звук со вкупна моќ од 180 W и звучници насочени нагоре со внатрешни батерии.
Погледнете го SA-RS5
Слика од звучникот SA-RS5 од Sony

SA-RS3S

Поширок опкружувачки звук со вкупна моќ од 100 W.
Погледнете го SA-RS3S

Слика со икона од 4 звучници, по еден во секој агол, насочени кон центарот

Технологијата 360 Spatial Sound Mapping создава повеќе фантомски звучници преку реалните звучници со Dolby Atmos® и DTS:X.

Слика од икона за микрофон

Испорачаниот микрофон за калибрација и автоматската калибрација на D.C.A.C. IX од најнова генерација му овозможуваат на AN1000 да ја измери 3D-положбата на звучниците. 

Слика со икона од логото 8K HDR

 Целиот оригинален квалитет на сликата се зачувува при репродукција преку AN1000.

Слика од икона од звучник со две заоблени линии пред него

Уживајте во музика со врвен квалитет со поддршка за 360 Reality Audio и звук со висока резолуција.

Слика со икона од телевизор

Ако го поврзете со телевизор BRAVIA со Acoustic Center Sync, тогаш и аудиосистемот и телевизорот ќе добијат улога на централен звучник во системот за домашно кино.

Слика со икона од два звучници со три заоблени линии над нив

Компатибилност со безжичниот сабвуфер и задните звучници од Sony.

ДИМЕНЗИИ

КОМПОНЕНТИ

Еко порака

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.