Одговара на вашиот животен стил

Реални игри преки жична врска

Испорачаниот кабел за звук наменет за жична врска придонесува за прекрасни игри преку намалување на доцнењето на звукот, а притоа создава прекрасно доживување0. Компатибилност со различни уреди, вклучувајќи конзоли PlayStation®51 и компјутери. 
Човек седи во фотелја во дневна соба и го носи BRAVIA Theatre U додека игра видеоигра на телевизор со голем екран што прикажува улична сцена од Spider-Man 2, во долниот лев агол има лого PEGI 16

Поврзување со повеќе уреди

Впарете го BRAVIA Theatre U со два уреди со Bluetooth®0 истовремено. Кога ќе добиете повик, вашиот звучник автоматски ќе се поврзе со соодветниот уред. Избирајте помеѓу видеоконференции на лаптоп и повици на паметен телефон со допирање едно копче. 
Слика на која е прикажан BRAVIA Theatre U во средина, поврзан е со паметен телефон на левата страна и со лаптоп на десната страна, се гледаат икони за музика и телефон

Кристално јасни повици

Сите повици се јасни и природни. Алгоритамот за намалување шум врз основа на AI, што ја користи технологијата за прецизно откривање гласови, овозможува многу јасни повици во различни опкружувања.
Човек седи на работна маса и го носи BRAVIA Theatre U за време на видеоповик преку лаптоп, на левата страна на работната маса има тетратка и пенкало, а на десната страна има паметен телефон

Отпорност на прскање за сите

Слушајте ги омилените серии и песни додека ги извршувате домашните обврски, како готвење или перење. BRAVIA Theatre U има ознака IPX4 за водоотпорност, па затоа не треба да се грижите за капките вода и прскањето. Неговиот дизајн од отворен вид ви овозможува да зборувате нормално, независно што правите.
Човек го носи BRAVIA Theatre U додека подготвува храна во кујна, друг човек одмара покрај шанкот, зад нив има украси на сталажа, а на десната страна има големо цвеќе во саксија

Почувствувајте ја атмосферата на стадионот

Благодарение на 360 Reality Audio, музиката никогаш не била пореална. Отворете компатибилна услуга за музика на паметниот телефон и уживајте максимално, исто како да сте на концерт.
Лого за 360 Reality Audio
Жена седи во фотелја и го носи BRAVIA Theatre U, лево има завеси, зад неа има прозорец, а околу неа има зелена сфера што означува 360 Reality Audio