Звучникот од 5 мм со флексибилна мембрана обезбедува моќен бас и јасни вокали. Музиката, филмовите и podcast-содржините јасно се репродуцираат, благодарение на богатиот среднотонски звук.
Вашиот звук, по ваша желба
Приспособете го звукот по ваша желба. Изберете некој од различните однапред поставени параметри за да го усогласите квалитетот на звукот според жанрот на музиката што ја слушате. Или, пак, создајте и зачувајте свои параметри со функцијата за приспособен еквалајзер во апликацијата Sony│Sound Connect.
Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.
Сертифицирани слушалки за персонализирано слушање
Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Sound Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формата на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување.0