Исклучете се од своето опкружување со технологијата за сензори за шум и уживајте во сеопфатно музичко доживување.
Поприроден и прилагодлив амбиентален звук
Во режимот за амбиентален звук, слушалките WF-C700N доловуваат повеќе амбиентални звуци околу вас благодарение на микрофоните насочени нанапред, за да можете да уживате во природно доживување при слушањето и да бидете поврзани со вашето опкружување. Освен тоа, апликацијата Sony | Sound Connect ќе ви овозможи да го приспособувате амбиенталниот звук во 20 нивоа, а може да ја користите и функцијата за проследување гласови за да разговарате без да ги вадите слушалките.
Приспособливата контрола на звукот се прилагодува кон тоа што го правите
Приспособливата контрола на звук е паметна функција што открива каде се наоѓате и што правите, а потоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук за да создаде идеално доживување при слушањето. Таа препознава дури и локации што често ги посетувате, како што е вашето работно место, салата за вежбање или омилениот кафе бар, а потоа избира режим на звук што е соодветен за ситуацијата.