Најдобро доживување при слушањето

Човек ги носи слушалките 1000X THE COLLEXION и седи потпрен на кафеава фотелја во соба со сиви ѕидови

Звук што ќе ве транспортира

Богатиот звук со широк опсег го подобрува секое доживување при слушањето. Беспрекорниот звучник, во комбинација со соработката со познатите инженери за обработка на снимени звуци, репродуцира балансирани ниски тонови, природни вокали и јасни високи тонови со прецизно одвојување. Режимите за 360 Upmix го претвораат звукот на музиката, филмовите и игрите во реалистичен и простран звук.

Создаден за совршенство

Новиот беспрекорен звучник репродуцира деликатни високи тонови и пространо звучно поле. Од акустичката структура до распоредот на електронската плоча, внимателно создадените детали овозможуваат верна репродукција.
Куќиште на црна слушалка 1000X THE COLLEXION, покрај која се наредени сите нејзини внатрешни компоненти во линија

Беспрекорен звучник

Мекиот раб и уникатно дизајнираната купола со голема цврстина, која е изработена од композитен карбонски материјал, ги подобруваат деликатните високофреквентни тонови и создаваат пошироко звучно поле.

 

Внатрешен звучник во куќиштето на една од слушалките 1000X THE COLLEXION

Моќта која се крие зад перформансите

Процесорот QN3 за HD-поништување шум ја подобрува дигиталната/аналогната конверзија, а вградениот процесор V3 овозможува поддршка за три режими со 360 Upmix и DSEE Ultimate.
Два процесори од Sony со ознаки „Процесор QN3 за HD-поништување шум,“ и „Integrated Processor V3“ на електронска плоча.

Создадени со инженери за звук

Приспособени со наградувани инженери за обработка на снимени звуци, за да создадат врвен звук. Слушнете ги сите тонови и детали, кои внесуваат реалистичност во секоја песна, според вистинската замисла.

Музика како што ја замислил изведувачот

Благодарение на соработката со најдобрите инженери за обработка на снимени звуци, слушалките 1000X THE COLLEXION репродуцираат музика со чисти вокали, јасен баланс на инструментите и детална динамика, за точно пренесување на замислата на креаторот.
3 луѓе во студио, од кои 2 луѓе ги носат слушалките 1000X THE COLLEXION
2 луѓе во студио, кои гледаат во лаптоп, едниот од нив држи пар слушалки 1000X THE COLLEXION
2 луѓе во студио, од кои едниот носи слушалки 1000X THE COLLEXION, а на масата има уште еден пар слушалки
2 луѓе во студио, кои се гледаат меѓусебно и разговараат, едниот од нив држи пар слушалки 1000X THE COLLEXION
Пар сиви слушалки 1000X THE COLLEXION ставени на маса во музичко студио
Слика од Randy Merill во студио

Randy Merill / Sterling Sound

Ariana Grande, Taylor Swift, Ed Sheeran, Adele, John Mayer, James Blake, Olivia Rodrigo и Gracie Abrams

Реалистичен звук и уметничка замисла
Со 1000X THE COLLEXION, слушателот добива прецизна репродукција на звукот, кој изведувачите, продуцентите и инженерите замислиле дека треба да го слушне и почувствува. Кога целта ми е да создадам многу реалистичен звук, сакам слушателот да заборави дека слуша преку слушалките и само да ја слуша музиката, односно емоциите и намерата на песната. Овие слушалки го постигнуваат тоа бидејќи се многу транспарентни и прецизно го репродуцираат звукот кој се обидувавме да го создадеме во студиото.
Слика од Chris Gehringer во студио

Chris Gehringer / Sterling Sound 

Rihanna, Lady Gaga, Glass Animals, Kelly Clarkson, Mariah Carey, Busta Rhymes, BLACKPINK, BTS и LE SSERAFIM

Емотивни врски со љубителите на музиката и звукот
Слушалките 1000X THE COLLEXION ги обединуваат љубителите на музиката и љубителите на звукот. Тие ги премостуваат разликите со тоа што нудат доживување при слушањето кое и двете групи веднаш го препознаваат како нешто специјално. Овие слушалки нудат реалистичен звук, моќни се и дизајнирани се за луѓе кои навистина се грижат како звучи музиката. Со еден збор, доживувањето е реалистично. Не само што ја слушате музиката - вие сте дел од неа.
Слика од Mike Piacentini во студио

Mike Piacentini / Battery Studios

Bob Dylan, Depeche Mode, Johnny Mathis, James Brown

Подобро доживување
1000X THE COLLEXION внесуваат чувство на луксуз во доживувањето, кое луѓето веќе очекуваат да звучи одлично. Исто како скап часовник. Ова е истиот тим кој работеше на WH-1000XM6, а целта на овој проект беше да се подобри процесот за да се создаде уште подобар производ. Кога ги ставив 1000X THE COLLEXION, почувствував дека ги подобривме сите аспекти кои ги правеа слушалките WH-1000XM6 одлични. 
Слика од Michael Romanowski во студио

Michael Romanowski / Coast Mastering

Alicia Keys, Prince, Bonnie Raitt, Earth, Wind & Fire, Kane Brown и музиката од Star Wars Episodes IV, V и VI.

Искрено претставување
Слушалките 1000X THE COLLEXION ја презентираат музиката искрено. Тие репродуцираат звук каков што замислил изведувачот, без преголем интензитет, и ги покануваат слушателите да ја доживеат музиката целосно. Звучат извонредно. Ме приморуваат да седнам и да се фокусирам. 
Слушалките 1000X THE COLLEXION се наменети за слушатели кои многу внимаваат на малите детали во музиката - тоновите, високите фреквенции, просторот и текстурата придонесуваат за целосна реализација на емотивната и уметничката замисла на снимките.

Претворете го стерео звукот во просторен звук со 360 Upmix

Со 360 Reality Audio Upmix (360 Upmix) може да го претворите секојдневниот стерео звук во пространо и реалистично доживување. Избирајте помеѓу режимите 360 Upmix for Music, Cinema или Game, кои се контролираат преку копчето за режими за слушање.

Музичка нота

360 Upmix for Music

Почувствувајте како радоста на музиката внесува реалистичност во самиот воздух. Изведбите се одвиваат пред вас и создаваат реалистично чувство на растојание, а звукот природно го исполнува просторот насекаде околу вас, исто како да слушате во живо во студио.
Слика на која е прикажан исечок од филмска лента

360 Upmix for Cinema

Дијалогот, звучните ефекти и музиката од филмовите со стерео звук се претвораат во многу реалистично и филмско звучно поле - исто како да сте во кино.  Подобрениот динамички бас и моќниот звук го распространуваат звукот надвор од вашите слушалки, создавајќи реално доживување како во кино.

 

Слика од Playstation и контролер

360 Upmix for Game

Пронајдете се во играта. Подобрете го вашето доживување при играњето игри со внесување живописност во звучните ефекти, претворајќи ја музиката во заднина во 3D-звучно поле, и со зголемување на острината на гласовите.

Едно копче за брзо избирање на режимот за слушање

Од чист 2-кан. стерео звук до 360 Upmix for Music или Cinema, копчето за избирање на режимот за слушање нуди моментален пристап до просторна реалност. Приспособете го со тоа што ќе му ја доделите функцијата 360 Upmix for Game или режимот за BGM, по ваша желба0.
Слика одблиску со страничен приказ на куќиштето на слушалката 1000X THE COLLEXION, каде што едно од копчињата е заокружено

DSEE Ultimate

Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Ultimate™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на дигиталните музички датотеки со компресија во реално време. А сè подобриот алгоритам нуди уште повеќе придобивки за кодекот за звук со CD-квалитет (16 бита, 44,1/48 kHz) без загуби. Тој ги обновува деталите во акустиката и динамичкиот опсег за да создаде побогато и поцелосно доживување при слушањето.0
Икона за DSEE Ultimate
Линиски графикон кој ја прикажува разликата помеѓу подобрување на квалитетот на потивките звуци и пореалистичните вокали и акустика
Лого ознаки за Hi-Res AUDIO и Hi-Res AUDIO WIRELESS

Уживајте во звук со висока резолуција, со и без кабли

Слушалките 1000X THE COLLEXION поддржуваат High-Resolution Audio и High-Resolution Audio Wireless благодарение на LDAC, нашата технологија за кодирање звук која е прифатена во целата индустрија. LDAC пренесува приближно три пати повеќе податоци0 од стандардниот Bluetooth®-звук за да овозможи High-Resolution Audio со исклучителен квалитет.1
Телефонски екран на кој е прикажано менито за контрола на апликацијата Sound Connect

Детално прилагодување на вашето уживање во забавата

Со апликацијата Sony | Sound Connect може лесно да го приспособувате звукот. Споредувајте поставки, менувајте детали и пронајдете совршен баланс за секоја песна, сцена и игра.

Функција за следење на главата

Следењето на главата овозможува реалистично и возбудливо доживување при слушањето, преку автоматско прилагодување на звучните полиња заради компензација на движењата на вашата глава. Звуците ќе се усогласат прецизно со вашите слушалки, дури и кога се движите, за максимално да потонете во содржините кои ги слушате, доколку ги поврзете со компатибилни уреди и услуги.

Силуета гледа снимени материјали додека носи слушалки, а кога силуетата ќе ја сврти главата, звучното поле се врти заедно со неа

Стандардна употреба

Силуета гледа снимени материјали додека носи слушалки, а кога силуетата ќе ја сврти главата, звучното поле не се поместува

Со функција за следење на главата

Дознајте како функционира следењето на главата

Почувствувајте ја реалната моќ на следењето на главата со оваа симулација. Ставете слушалки и погледнете го видеозаписот за да дознаете повеќе и да слушнете како следењето на главата ќе го направи вашето слушање пореалистично.

Ново аудиодоживување за AR-игри

Ако сакате нови опции за забава освен музика и филмови, слушалките 1000X THE COLLEXION користат нови сензори и технологија за просторен звук за да создадат реален звук за игри со изменета реалност, како што е Ingress од Niantic Spatial.0 Ако ја играте играта „Ingress“ со 1000X THE COLLEXION, сензорот и технологијата за просторен звук ќе ви понудат ново доживување: користејќи следење на главата, звукот се пренесува од различни насоки за да се усогласи совршено со случувањата на екранот.
Лого за Ingress.
Човек во сфера носи слушалки 1000X THE COLLEXION, опкружен со многу различни извори на звук

Сертифицирани слушалки за персонализирано слушање

Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и нашата апликација Sony | Sound Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формите на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување. Напредниот алгоритам за лична оптимизација ни нуди уште поголем преглед на просторот, оддалеченоста и висината на звукот, овозможувајќи ви да уживате во вашата музика уште повеќе.