Површината на INZONE Mat-D со мало триење поддржува лесни и брзи потези со глувчето и следење без напор - идеално за играчи кои се движат постојано.
Шевот се наоѓа под површината, за да може да го лизгате глувчето слободно и без пречки. Дизајнирана да биде отпорна на разресување и да ја задржи својата форма при динамичко играње.
Гумената основа не дозволува поместување на подлогата за глувчиња, дури и при брзи движења со голема чувствителност. За стабилност во сите рунди.0
Подлогата за глувчиња INZONE Mat-D, со големина од 480×400 мм, нуди доволно простор за брзи движења со голема чувствителност - идеално за широки движења, следење и брзо поместување на нишанот.
Сите детали беа обликувани во соработка со професионалците од Fnatic. За брзината, опсегот и непречените движења кои се потребни за натпреварување во важни натпревари.
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.