Слушнете, реагирајте и одговорете први. Слушајќи ја насоката и оддалеченоста на противниците, секогаш ќе бидете еден чекор пред вашата конкуренција.
Звучно поле прилагодено според вас
Уникатниот облик на вашето уво влијае на звуците што ги слушате. Со анализирање не само на обликот на надворешното уво, туку и на акустичните карактеристики на ушниот канал, INZONE Buds нудат попрецизен просторен звук.
Совршениот звук за обликот на вашето уво
Создајте приспособен слушен профил со фотографирање на вашите уши преку функцијата 360 Spatial Sound Personalizer во апликацијата за паметни телефони. Потоа може да уживате во вашата игра со ненадмината просторна прецизност.
Оптимизирани за вашиот ушен канал
Секој ушен канал е уникатен, така што перформансите на слушалките може да се разликуваат од човек до човек. Слушалките INZONE Buds репродуцираат звуци за тестирање од звучниците и користат повратни микрофони за да измерат како звукот го исполнува вашиот ушен канал. Врз основа на акустичната анализа, звукот потоа се приспособува со помош на компјутерската апликација INZONE Hub, обезбедувајќи приспособено просторно доживување при слушањето.
Уживајте во 360 Spatial Sound for Gaming
Дали сакате да слушнете како Spatial Sound функционира со вашите омилени уреди? Ставете ги слушалките и уживајте.
Уживајте максимално во игрите
Реалистичната репродукција на сите звуци од играта, почнувајќи од моќни експлозии па сè до тивки чекори, ќе ве пренесе во светот на играта. Ова е овозможено преку специјално дизајнираниот звучник Dynamic Driver X што репродуцира широк опсег на фреквенции и што се користи и кај WF-1000XM5. Структурата на мембраната, чии рабови и купола се направени од различни материјали, нуди квалитетен и јасен звук, минимално изобличување и создава звуци со ненадминато ниво на реалност.
Без пречки и квалитетно звучно поле
Функцијата за активно поништување шум на Sony помага во блокирање на шумот во заднина, за да можете да се фокусирате на играта. Звучникот од 8,4 мм нуди висококвалитетен звук, почнувајќи од бас со ниски фреквенции па сè до повисоки тонови.
По ваша желба
Нашиот компјутерски софтвер INZONE Hub ви овозможува да го приспособите користењето на INZONE Buds преку прилагодување различни параметри, вклучувајќи разни поставки за звукот и хардверот, како и прилагодувања за ракување со допир. Прилагодете ги фреквенциите на звукот според играта со функцијата EQ за да добиете поголема острина и реалност.