Signature Series
Уживајте во врвен звук
Како кулминација на сите напори за добивање врвен звук, производите Signature Series ги поместуваат границите на звукот со висока резолуција и овозможуваат ненадминато уживање при слушањето.
Signature Series
Како кулминација на сите напори за добивање врвен звук, производите Signature Series ги поместуваат границите на звукот со висока резолуција и овозможуваат ненадминато уживање при слушањето.
One Signature Sound
Подобрување на доживувањето на звукот со висока резолуција, од нешто што го слушате во нешто што го чувствувате.
Сè започна со музичката револуција што ја поттикна препознатливиот Walkman® на Sony во 1979 година, кој воодушеви милиони луѓе во целиот свет и им овозможи да слушаат музика преку слушалки во секое време и на секое место. Signature Series ја продолжува таа револуција со потполно ново ниво на веродостојност на звукот - претворајќи го слушањето музика во чувствување на музиката. Signature Series, како кулминација на искуство и истрајност, ги обединува најквалитетните аналогни и дигитални технологии и го издигнува доживувањето на музиката во нови димензии. Од извонредна акустика на грандиозен оркестар до музички изведби во живо на концерти, сите живописни детали - па дури и страста и енергијата - се репродуцираат така како што ги замислил изведувачот.
Нашите инженери, посветени исто како и пејачите и композиторите, го создадоа најдоброто доживување на звук преку слушалки со четири квалитетни производи. Тие се нивниот препознатлив знак и посветеност за пренесување на страста и енергијата на оригиналната музика.
Во напорите да постигнат совршенство, нашите инженери неуморно трагаат по репродукција на чист звук на илјадници начини. Сите дискретни промени на звукот, почнувајќи од воведот на некоја величествена изведба, амбиенталните звуци, па дури и до опаѓачките фреквенции на крајот од изведбата по која следи тишина, се доловуваат и репродуцираат реалистично. Како резултат се добива звук каков што не сте слушнале ниту почувствувале, поради кој можете речиси да ја почувствувате температурата и влажноста на изведбата. На тој начин се добива неверојатно реалистична репродукција на јасен и живописен звук, вклучувајќи ги и најдискретните промени во тивките звуци и погласните динамички звуци. Од нашите љубители на музиката до љубителот на музика во вас - најдобро доживување на звукот досега.
Дознајте ја инспирацијата што се крие зад новиот стандард за совршен звук од инженерите што ја реализираа таа инспирација.
Од првото создавање на уникатниот Walkman® во 1979 година до промовирањето на звукот со висока резолуција како нов стандард во 2013 година, Sony нуди ненадминато искуство со врвниот звук. Signature Series е најновата иновација која надминува уште една бариера од областа на врвниот звук.
Историја на иновациите кај слушалките
Нашите инженери постојано ја подобруваа нашата светски позната палета на слушалки со иновативни дизајнерски техники и звучни технологии со висока прецизност, што резултираше со навистина автентично уживање при слушањето.
Историја на слушалки за во уво
Компанијата Sony е иноватор на првите слушалки за во уво во светот - MDR-E252. Уште од првиот концепт на слушалки за во уво, компанијата Sony се обидуваше да овозможи максимално доживување при слушањето музика во движење.
Историја на дигиталниот звук и засилувањето
Испорачувањето моќност до аудио системите без изобличување е прецизна вештина која ја усовршуваме повеќе од половина век. Извонредната изработка, висококвалитетните компоненти и напредната акустика заедно овозможуваат подобрен квалитет на звукот.
Историја на Walkman®
Walkman® одново го дефинираше слушањето музика за цела генерација. Одеднаш, стерео музиката стана подвижна и луѓето во неа можеа да уживаат во секое време и на секое место. Оттогаш постојано ја подобруваме оваа икона.
Од материјалите до лемењето и искористените методи за структурална изработка, во создавањето на Signature Series беа употребени само најнапредните производствени процеси и решенија за производи. Со тоа беа обезбедени највисоките стандарди на квалитет и врвен звук.
ИСПОЛНЕТЕ ГО ВАШИОТ СВЕТ СО ИЗВОНРЕДЕН ЗВУК