Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д)
- 72,9 × 124,2 × 19,9 мм
- Тежина
- 455 гр.
Моќност
- Батерија - репродукц. на музика (ч)
- 33 часа (MP3 128 kbps) 30 часа (FLAC 96 kHz/24 бита) 26 часа (FLAC 192 kHz/24 бита) 11 часа (DSD 11,2 MHz)
- Време на полнење (брзо полнење)
- Не
- Време на полнење (целосно полнење)
- 7 часа
Медиуми за складирање
- Големина на меморија
- 256GB
Поврзување во мрежа
- USB поврзување
- Hi-Speed USB (компатибилност со USB 2.0)
- WM-PORT
- 22 пинови
Репродукција и екран
- Режим на музичка репродукција
- Нормално, повторување, мешано
- Управување со фајлови
- Не
- MP3
- Да
- WMA (без DRM)
- Да
- WMA (DRM)
- Не
- AAC-LC (без DRM)
- Не
- Linear PCM
- Да
- PC надворешен уред за складирање
- Да
- MPEG4
- Не
- AVC (H.264/AVC)
- Не
- WMV 9
- Не
- Зајакнување на басот
- Не
- Снимање на глас
- Не
- FM снимање
- Не
- Радио приемник
- Не
- Звучни ефекти
- DSEE HX, Динамички нормализатор, Директен извор (директно), Еквалајзер со 10 појаси / Контрола на тон (ексклузивна содржина), Линеаризатор на DC фаза
- Аудио репродукција
- AAC (без DRM), AIFF, ALAC, DSD, FLAC, HE-AAC, Linear PCM, mp3, WMA (не DRM)
- Вид на звучникот
- Не
- Clear Bass
- Не
- Clear Stereo
- Не
- Компактни
- Не
- ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
- Не
- Резолуција на екран
- 854x480 (FWVGA)
- Вид на екран
- TFT екран во боја
- Преснимување со повлекување
- Да
- ЗВУЧНИК
- Не
- DSEE HX
- Да
- Динамички нормализатор
- Да
- Еквалајзер
- Да
- FM приемник
- Не
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
- Не
- Во стил на слушалки
- Не
- Звук со висока резолуција
- Звук со Bисока Pезолуција
- Хоризонтален / вертикален приказ
- Не
- Методи за пребарување на музика
- Сите песни, албум, изведувач, жанр, година на издавање, композитор, листа за репродукција, висока резолуција, неодамнешни преноси, фолдер, SensMe канали
- Фото репродукција
- Не
- Режим на фото репродукција
- Не
- ПРИКЛУЧОК
- Не
- Големина на екранот (инчи)
- 4" (10,2 см)
- ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
- Не
- СТИЛ НА НОСЕЊЕ
- Не
Издржливост
- Отпорност на вода
- Не
Софтвер
- Оперативен систем
- Оригинален OS од Sony
- Системски побарувања
- Mac OS® X v10.8 - 10.11, Microsoft Windows® 10, Windows Vista® (SP2 или понов), Windows® 7 (SP1 или понов), Windows® 8.1
Софтвер
- Екран на допир
- Екран на допир
Поврзување
- Приклучоци
- microSD влез, WM-PORT, Балансиран приклучок од 4,4 мм, Стерео мини приклучок
- Безжични можности
- Bluetooth®, NFC
- Режим на видео репродукција
- Не
Што има во пакетот
- Лента за околу зглоб
- Кабел за USB
- Кожна торба за носење
- Кратко упатство за почеток

Функции
Чист звук, врвни компоненти
Откријте ја функционалната убавина на бакарот без кислород. NW-WM1Z е сместен во висококвалитетно позлатено куќиште од бакар без кислород. Со голема примена во производството на инструменти, бакарот овозможува плеерот да има уникатен и природен, акустичен звук. Неговата спроводливост и цврстина ги овозможуваат ненадминатите аудио перформанси на Walkman®.
Напреден дизајн на кабел
Создадени со помош на напредни техники на плетење, плетените кабли со четири жици изработени со KIMBER KABLE® се одликуваат со рачна изработка за беспрекорна висока моќност и врвни перформанси на звукот.
Ефикасно напојување
Новосоздадениот FT CAP (полимерски кондензатор) го регулира напојувањето, оптимизирајќи го за моментална, чиста моќ, кога и да ви е потребна.
Сигурни електронски кола
Fine Sound Register, монтиран на површината, овозможува рамномерно и ефикасно распределување на напојувањето до електронските компоненти за непроменлив квалитет на звукот.
Револуција во реалистичниот квалитет на звукот
Потпирајќи се на богатото искуство со технологијата на дигитални засилувачи, нашите инженери го создадоа NW-WM1Z со детална акустика и природен квалитет на звукот; што резултира со уникатно уживање при слушањето.
Уживајте во секоја нота така како што ја замислил изведувачот со звукот со висока резолуција
Уживајте во најситните детали на звукот со висока резолуција и студиски квалитет, кој се одликува со подобар квалитет од CD. Страста за музика ги обединува сите компоненти, почнувајќи од сигналот па сè до звучникот, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас. Звукот со висока резолуција обично користи висока фреквенција на семплирање од 96 kHz или 192 kHz при 24-бита.
Реалистична репродукција на звук
Новата технологија на дигитален засилувач S-Master™ HX, создадена специјално за Walkman®, е подобрена за да биде компатибилна со стандардниот DSD формат, балансираниот формат и форматот со висока моќност. Таа го намалува изобличувањето и шумот низ широк опсег на фреквенции - за добивање на богат и сеопфатен звук.
Не губете ништо во преносот
NW-WM1Z поддржува аудио фајлови во стандарден DSD (Direct Stream Digital) формат, кои се обработуваат во почетокот на процесот за обработка. Тоа значи дека тие ги задржуваат сите автентични детали на оригиналната снимка.
Новиот стандард на моќност
Овој Walkman® се одликува со еден приклучок за балансирано поврзување, дизајниран за новиот кабел за балансирано поврзување со 4,4 Φ. Тоа ги одделува левиот и десниот звучен сигнал, притоа минимизирајќи ја загубата на сигналот при пренос и деградацијата на звукот што произлегува од неа.
Зачувување на чувството
Доловете ја секоја нота и нијанса со DSEE HX. Понесете го чувството од концертите со себе и уживајте во музиката така како што ја замислил изведувачот со квалитет близок на звукот со висока резолуција. Технологијата за зголемување на резолуцијата на DSEE HX користи алгоритам за да ја анализира вашата музика и ги заменува изгубените информации, така што квалитетот е речиси на ниво на висока резолуција. Изберете помеѓу 5 режими за да го извлечете најдоброто од вашата музика.
Чист пренос на звукот со линеаризаторот на DC фаза
Нашиот линеаризатор на DC фаза ефективно репродуцира широк опсег на звуци. Тој применува дигитална обработка на сигналите за да се усогласи со карактеристиките на фаза на разните видови аналогни засилувачи за да понуди почист звук сличен со аналогниот. Изберете помеѓу шесте поставки за карактеристики на фаза.
Репродукција на звук со висока резолуција до 30 часа
Музиката ќе продолжи да се репродуцира додека вие сакате, со репродукција на звук со висока резолуција до 30 часа (FLAC 96 kHz/24-бита) и MP3 до 33 часа (128 kbps).
Уживајте во вградената меморија од 256 GB
NW-WM1Z се одликува со 256 GB вградена меморија за фајлови за никогаш да не ви снема музика.
Екран на допир со брз одзив
Екранот на допир со брз одзив од 10,2 см (4") и класичниот дизајн на интерфејсот се прилагодени да ги задоволат потребите дури и на најстрасните аудиофили.
Интуитивно странично копче
Едноставната, речиси инстинктивна контрола со странично копче ви овозможува лесно да ја контролирате вашата музика.
Меморија која може да се проширува
Никогаш не останувајте без слободен простор за вашата музичка библиотека и складирајте ги фајловите со највисок квалитет со отворот за Micro SD.
Откријте го подобреното поврзување преку Bluetooth® со LDAC
LDAC е нова аудио технологија од Sony која ви овозможува да слушате висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со 3x повеќе пренесени податоци, LDAC нуди подобрено уживање при безжичното слушање за целата ваша музика.
Повеќе формати за музика
NW-WM1Z поддржува формати на фајлови со звук со висока резолуција, стандарден DSD (11,2 MHz), како и популарни формати како MP3, WAV, AIFF, WMA, AAC, HE-ACC, FLAC, ALAC.
Датотеките aptX™ HD audio и MQA ќе станат компатибилни по ажурирање на фирмверот
По ажурирање на фирмверот, NW-WM1Z ќе ги поддржува датотеките Qualcomm® aptX™ HD audio и MQA за да уживате во вашата музика на нов начин.