ИД на напис : 00243352 / Последна промена : 16.03.2020Отпечати

Политика за приватност

    Барања за приватност

    Како да добијам копија од моите податоци или да ја избришам мојата сметка?

    За да добиете копија од вашите податоци или да ја избришете вашата сметка, ќе треба да го потврдиме вашето барање. Контактирајте со Корисничката поддршка преку адресата на е-пошта што е поврзана со вашето барање.
     

    Како се регулира користењето на моите податоци?

    Ако сте постоен корисник на Sony Mobile, користењето на вашите податоци е регулирано од Политиката за приватност на Sony Mobile. Ако сте нов корисник или сте ја прифатиле Политиката за приватност на Sony Europe по 1 март, користењето на вашите податоци е регулирано од Политиката за приватност на Sony Europe.
     

    Како да ја откажам претплатата за билтени?

    Жал ни е што си одите! Може да престанете да го добивате нашиот билтен на повеќе начин, вклучувајќи ги следниве:

    • Со кликнување на копчето за откажување на претплата во долниот дел од една од нашите е-пораки.
    • Откажување на претплатата за билтени на Sony Electronics → најавете се на вашата сметка на MySony и променете ги претпочитаните вредности за билтени.
    • Откажување на претплатата за билтени на Sony Mobile → најавете се на вашата сметка на Sony Mobile и променете ги претпочитаните вредности за билтени.
      • Преку нашиот Центар за контакт.
         

      Бришење сметка

      • Сметка на MySony (Sony Electronics) → Треба да се најавите на вашата сметка за да ја избришете.
      • Sony Mobile → Треба да контактирате со Корисничката поддршка така што ќе испратите е-порака од сметката на Sony Mobile што сакате да ја избришете во која ќе побарате бришење на вашата сметка.

      Исто така, треба да имате предвид дека ако сте се пријавиле за добивање билтени преку повеќе од една адреса на е-пошта, ќе треба да ја откажете претплатата за секоја од нив. Другите компании во рамките на групацијата Sony ќе имаат свои сопствени билтени, за коишто Sony Europe B.V. не е одговорна. За да престанете да ги добивате нивните билтени, ќе треба да контактирате со соодветната компанија.