Добредојдовте во вашата сметка

Персонализирајте го вашето доживување

Зошто да направите сметка?

  • Ексклузивни понуди
    Бидете во тек со новостите и понудите
  • Вашите производи
    Добивајте редовни ажурирања за вашите производи
  • Едноставна поддршка
    Опсежна поддршка за корисници
  • Учете и уживајте
    Учествувајте во дискусии со заедницата
 
 

Поврзани сметки за услугите од групацијата Sony

Пристапете до повеќе услуги на интернет од групацијата Sony со истите податоци за најавување така што ќе ги поврзете вашите сметки.

Затвори
Поврзани сметки за услугите од Sony
Зошто да ги поврзете вашите сметки?

  • Пристапете до повеќе услуги на интернет од групацијата Sony со истите податоци за најавување (адреса за е-пошта и лозинка)
  • Ажурирајте ги сите ваши сметки на брз и едноставен начин со синхронизирање на вашите податоци за најавување во сите поврзани сметки

  • Кои сметки можете да ги поврзете?

    Со поврзување на вашите сметки ќе можете да ги користите следните онлајн услуги од групацијата Sony:

    Услуги достапни од Sony Europe

  • My Sony
  • Community

  • Услуги достапни од други компании на групацијата Sony:

  • Xperia Lounge
  • Xperia Store
  • Xperia Care
  • My Support
  • SonyMobile.com
  • MyAccount
  • Developer World
  • PlayStation™ Network
    • PlayStation™ Plus
    • PlayStation™ Video
    • PlayStation™ Music
    • PlayStation™ Now
    • PlayStation™ Vue

    Услугите може да не се достапни во сите земји/региони.

    За да ги поврзете сметките, адресата за е-пошта што ќе ја регистрирате за секоја сметка мора да биде иста.

    Основните податоци за вашите сметки ќе се синхронизираат

    Следните информации ќе се синхронизираат во сите поврзани сметки:

  • ID за најавување (адреса за е-пошта)
  • Лозинка
  • Датум на раѓање
  • Земја/регион на живеење
  • Име
  • Пол
  • Претпочитан јазик
  • Адреса
  • Телефонски број
  • Сигурносно прашање
  • Сигурносен одговор

  • Ако сакате да ги промените информациите за вашите сметки, треба да ги промените само еднаш и тие автоматски ќе се ажурираат во сите ваши поврзани сметки.

    Како да ги поврзете вашите постоечки сметки?

    При првото најавување на една од сметките за да користите некоја од услугите од групацијата Sony, од вас ќе биде побарано да ја надградите сметката. Можно е да ви бидат побарани дополнителни информации пред да заврши надградбата. Откако ќе ја надградите сметката, ако се најавите на вашата сметка за да користите некоја од другите услуги наведени погоре, од вас ќе биде побарано да ги поврзете двете сметки (под услов сметките да имаат иста адреса за е-пошта). Ние ќе провериме дали основните информации за вашите сметки се исти. Доколку не се, од вас ќе биде побарано да ги изберете вашите тековни податоци пред да се поврзат сметките.

    Како да ги користите синхронизираните податоци за најавување за да пристапите до друга услуга од групацијата Sony?

    Ако имате надградена сметка (или неколку поврзани сметки), тогаш можете да користите само еден комплет податоци за најавување за да можете лесно да пристапите до секоја од горенаведените услуги на групацијата Sony. При првото најавување, од вас ќе биде побарано да пополните краток формулар за регистрација на сметката. Основните податоци за вашата сметка автоматски ќе се преземат од вашата постоечка надградена сметка (или поврзани сметки), за да нема потреба да ги внесувате повторно. Од вас може да биде побарано да внесете дополнителни информации за да ја завршите регистрацијата. Основните податоци за вашите сметки можете да ги прегледувате и менувате откако ќе завршите со регистрацијата на сметката.

    Која компанија од групацијата Sony ги контролира моите поврзани сметки?

    Компанијата од групацијата Sony, која раководи со која било услуга до која пристапувате, ќе продолжи да ја контролира вашата сметка за таа услуга (и сите податоци кои се прибираат додека ја користите таа услуга)
    Ако сакате да се повикате на кои било права за лични податоци (како вашето право на пристап) поврзани со некоја сметка, ќе треба да се обратите во соодветната компанија од групацијата Sony која ја контролира таа сметка според податоците наведени во нејзината политика на приватност.