[360] Анализа на формата на вашите уши (360 Reality Audio)
Преку анализа на формата на вашите уши во апликацијата Headphones Connect, може да уживате во пореален и посеопфатен звук.
Може да го направите тоа кога ја поставувате 360 Reality Audio Setup.
Внимание: Може да ги анализирате вашите уши само кога користите компатибилни производи од Sony.
Како да ја анализирате формата на вашите уши
- Активирајте ја апликацијата Headphones Connect и поврзете ги слушалките со Bluetooth.
- Изберете 360 Reality Audio Setup - Analyse ear shape (Анализа на формата на ушите) - ANALYSE (АНАЛИЗИРАЈ).
- Кога ќе се појави пораката [Analyse your ear shape] (Анализа на формата на ушите), изберете NEXT (СЛЕДНО).
- Прочитајте ја прикажаната порака и изберете OK (ОК).
- Кога ќе се појави пораката [Take a photo of your left ear] (Фотографирајте го левото уво), изберете TAKE A PHOTO (ФОТОГРАФИРАЈ).
Внимание: Кога ќе се појави екранот за потврдување за пристап до апликацијата, изберете [ALLOW] (Дозволи). - Кога ќе се појави пораката [On the next screen, voice guidance will be provided] (На следниот екран ќе добиете говорни насоки), изберете [OK] (ОК).
- Треба да фотографирате така што предниот дел од лицето да биде опфатен во рамката на апликацијата
- Вртете го вратот надесно и фотографирајте така што левата страна од лицето да биде целосно опфатена во рамката на апликацијата.
- Кога ќе се појави пораката [Your left ear has been successfully captured] (Левото уво е успешно фотографирано), изберете [NEXT] (Следно).
- Треба да фотографирате така што предниот дел од лицето да биде опфатен во рамката на апликацијата.
- Вртете го вратот налево и фотографирајте така што десната страна од лицето да биде целосно опфатена во рамката на апликацијата.
- Кога ќе се појави пораката [Your right ear has been successfully captured] (Десното уво е успешно фотографирано), изберете [START] (ПОЧНИ).
Кога ќе се појави пораката [completed] (завршено), анализата е завршена.
Откако ќе заврши анализата на вашите уши, извршете [Optimise apps] (Оптимизирање на апликациите) во следниот чекор.
За повеќе информации, погледнете Како да оптимизирате апликации (360 Reality Audio)