ИД на напис : 00174325 / Последна промена : 15.06.2021

Карактеристиката за автоматско ажурирање на eBook Reader од Sony е прекината - 1 април 2017 година

    Од 1 април 2017 година, серверот за автоматско ажурирање на софтверот за уредот за читање дигитални книги од Sony ќе се исклучи.

    Сепак, сѐ уште може рачно да го ажурирате фирмверот или апликацијата Reader for PC / Mac со преземање од делот Download (Преземање) од оваа веб-локација.

    Со затворањето на автоматските сервери ќе се прекинат следниве карактеристики:

    • Автоматско ажурирање на Reader for PC / MAC преку Reader for PC / MAC*
    • Рачно ажурирање на Reader for PC / MAC преку Help (Помош) на Reader for PC / MAC*
    • Ажурирање на фирмверот преку Reader for PC / MAC*
    • Ажурирање на фирмверот за PRS-T2/T3 преку Wi-Fi*
    • Инсталирање на Reader for PC / MAC преку користење на датотеката „Setup Reader for PC / Mac“ во уредот Reader**

    Кога ќе се обидете да ги користите прекинатите карактеристики, се прикажува една од следниве пораки:

    За (*), пораката е „There is no software needed to be updated“ (Нема софтвер што треба да се ажурира)
    За (**), пораката е „A problem occurred while installing the software on your computer“ (Се појави проблем при инсталирањето на софтверот на компјутерот)