Слика од Стерео звучници за на полица
Слика од Стерео звучници за на полица
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Пренесете го звукот на ново ниво

Звук со висока резолуција: за ненадминат квалитет

Откријте ги богатите детали на звукот со висока резолуција со системот SS-HA1. Двата високотонци создаваат широк опсег за слушање на јасни високи тонови, додека цврстите конусни вуфери нудат резонантен бас. Заоблениот облик и алуминиумското куќиште ги намалуваат прекршувањето и вибрациите, така што звукот со висока резолуција е речиси идентичен со изведбата во живо.

Музика. Каква што не сте чуле досега

Доживејте ја одново вашата музичка збирка со нечуена острина и јасност. Секој аспект на SS-HA1 е дизајниран да ги нагласи богатите детали кои се достапни кај музичките фајлови со висока резолуција и да ги открие суптилностите скриени во MP3 песните.

Како функционира звукот со висока резолуција
Како функционира

Дигитална музика со подобар квалитет од CD квалитетот

Технологијата за звук со висока резолуција го претвора аналогниот звук во дигитален со поголема стапка од CD дисковите, создавајќи звук со 24 бита/96kHz, во споредба со 16 бита/44,1kHz кај CD дисковите.

Интелигентен дизајн, врвен звук

Звучникот има уникатен заоблен облик за намалување на прекршувањето и добивање на јасен остар звук. Моќниот алуминиумски дизајн нуди цврстина и намалување на вибрациите за да се постигне помало изобличување.

Особини за висока резолуција
Јасни високи и богати басови

Звучници дизајнирани за подобрување на звукот со висока резолуција

Двата супер високотонци со широка дисперзија (WD) создаваат широко поле кое може да одговори на енергијата на музичките извори со висока резолуција. Конусните вуфери од целуларни влакна засилени со мика (MRC) нудат врвна јасност и резонантен бас.

Поврзете ја вашата колекција со висока резолуција

Звучниците SS-HA1 се совршен придружник на другите аудио компоненти со висока резолуција – од музички фајлови на вашиот PC па сè до HDD аудио плеери и USB DAC засилувачи. Поврзете ги вашите звучници и слушајте ја вашата музика со обновена острина и врвни детали кои се слични на оригиналната снимка.

Спецификации и функции

  • 3-системски систем со 4 звучници со рефлективен бас (48 Hz – 50 kHz)

  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Супер високотонци со широка дисперзија за реалистични високи звуци

  • Звучници од целуларни влакна засилени со мика за добивање на динамички звук

  • Издржливо алуминиумско куќиште за намалување на внатрешните вибрации

Фреквентен одзив
48Hz-50kHz
Преден звучник
1
Централен звучник
0
Опкружувачки звук
0

Што има во пакетот

Упатство за употреба, Гарантен лист

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Корисниците велат