СТЕРЕО ЗВУЧНИЦИ ЗА НА ПОЛИЦА

Сите спецификации и функции

SS-HA1

Преден звучник

Вид на куќиште на преден звучник
Бас рефлекс
Преден звучник - име на модел
SS-HA1
Преден звучник - номинална импеданса
4 оми
Преден звучник - систем
3-системски, систем со 4 звучници
Влезен приклучок на преден звучник
Отвор и завртка
Чувствителност на преден звучник
86dB(2,83V, 1м)
Димензии на преден звучник (Ш x В x Д)
185мм x 312мм x 312мм

Општи карактеристики

Централен звучник
0
Фреквентен одзив
48Hz-50kHz
Преден звучник
1
Опкружувачки звук
0

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
439мм x 347мм x 380мм
Тежина
11кг

Опции на бои

silver

Што има во пакетот

  • Упатство за употреба
  • Гарантен лист
Placeholder

Функции

Слика од Стерео звучници за на полица

Звук со Bисока Pезолуција

Звукот со висока резолуција ќе ја пренесе вашата дигитална музика на повисоко ниво. Преку претворување на аналогната музика во дигитална со повисока стапка во однос на CD дисковите – 24 бита/192kHz, за разлика од стапката од 16 бита/44,1kHz кај CD дисковите – звукот со висока резолуција нуди звук со подобар квалитет од CD дисковите, така што вие уште повеќе ќе се доближите до оригиналната студиска снимка.

Слика од Стерео звучници за на полица

Супер високотонци со широка дисперзија (WD)

Преку поставување на WD супер високотонците на предната и горната страна од секој звучник, успеавме да креираме широко звучно поле кое го задржува својот квалитет низ целата област. Ова нуди совршено надополнување на енергијата на вашиот звук со висока резолуција, без оглед на позицијата или височината на звучниците. Супер високотонецот со висока чувствителност, кој е специфичен за SS-HA1, е опремен со моќни магнетни кола кои одговараат на чувствителноста на придружниот вуфер.

MRC вуфер

Повеќето звучници користат конуси од хартија кои низ времето се извиткуваат и деградираат, што доведува до изобличување на звукот. Вуферот од целуларни влакна засилени со мика (MRC) се одликува со посилен и поцврст материјал од оние кај конвенционалните звучници, овозможувајќи задржување на обликот дури и при движење со голем притисок и брзина.

Заоблената форма за намалување на прекршувањата

Заоблената форма на звучникот е уникатно дизајнирана за да се намалат прекршувањата во внатрешноста на куќиштето. Преку користење на форма како кај пропелерите со засекување од 45-степени на секоја страна од високотонецот и супер високотонецот (од предната и од горната страна), успеавме да добиеме остар и јасен звук кој ќе ја подобри вашата музика со висока резолуција.

Слика од Стерео звучници за на полица

Приклучоци со висок квалитет

Слабото поврзување помеѓу компонентите може да има значајно влијание врз севкупниот квалитет на звукот. Висококвалитетните приклучоци-терминали кај звучниците се дизајнирани за максимизирање на полниот опсег на вашиот звук со висока резолуција.