Mobile World Congress 2016

Уживајте во возбудата што ја нуди MWC 2016. Разгледајте ги нашите најнови производи и погледнете како ги надминуваме границите на иновациите и технологијата за да создадеме забавни доживувања за паметење.

Иновации од иднината во сегашноста

Паметни телефони од иднината

Иновацијата е возбудлив процес. Затоа одлучуваме да ја усовршуваме технологијата максимално. На MWC 2016 ќе ја претставиме нашата најнова палета на паметни телефони Xperia™, дизајнирани да ве доближат до најважните доживувања. Погледнете и пронајдете кој од нив е совршен за вас.

Секогаш еден чекор понапред

Најбрза и најпаметна досега - камерата од 23 MP на Xperia™ X ги предвидува движењата за да можете да го избегнете заматувањето. Па затоа каде и да сте, секогаш ќе добивате прекрасни снимки.

Ремек-дело

Камера на паметен телефон која го предвидува вашето следно движење

Ви го претставуваме Xperia™ X Performance, со извонредно брзи перформанси и камера што предвидува движења за снимање поостри слики. Тој е дизајниран за вас и совршено одговара на вашиот стил на живеење.

Совршено надополнување

Дизајн кој одговара во вашата дланка. Создаден да го долови вашиот живот.

Xperia™ XA е совршен партнер за до крајот на животот. Се одликува со неверојатен екран со максимална ширина, рамномерно заоблена форма и идеална големина што не е премногу голема ниту премногу мала. Достапен во повеќе модерни бои.

Добијте инспирација од светот околу вас

Поврзете се со светот едноставно како никогаш досега. Но, поврзувањето не треба да биде само практично – треба да нуди реални можности, да нè инспирира да бидеме покреативни и да ги збогати нашите животи. Затоа создаваме полични и поинтелигентни производи што ви овозможуваат да потрошите повеќе време во истражување и споделување со луѓето околу вас.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Повеќе од она што го слушаат ушите

Нов паметен начин за комуникација со светот

Xperia Ear е уникатна слушалка со Bluetooth® што ви овозможува да одговарате на повици, да испраќате и примате пораки, да го проверувате распоредот и многу повеќе. Сето тоа без да го допрете телефонот.

Паметни, дури и зад воланот

Дизајниран за беспрекорно усогласување со интерфејсот на вашиот автомобил, нашиот нов паметен далечински управувач ви овозможува да преземете целосна контрола, почнувајќи од повици и пораки па сè до музика и навигација, преку гласовни наредби.

Домот на одличниот звук

Ја сфаќаме важноста на врвниот звук. Исто како што сфаќаме дека малите нешта ги прават најголемите разлики – нешта како преносливост, јасна слика и поврзување. Нашата палета h.ear е достапна во нови живописни тонови, за да можете да го изберете изгледот што ви одговара. А, благодарение на минималистичкиот дизајн, нашите производи имаат подеднакво добар изглед и звук.