h.ear on Wireless NC
Без несакан шум во заднина. Без кабли што пречат. Само чист и реален звук. Подгответе се за уживање во музиката.
h.ear on Wireless NC
Без несакан шум во заднина. Без кабли што пречат. Само чист и реален звук. Подгответе се за уживање во музиката.
redpinkgreengrayblack
Палетата h.ear од Sony нуди звук со висока резолуција и одличен и препознатлив дизајн. Живописниот звук никогаш не изгледал толку добро.
Безжичните NC слушалки h.ear on се испорачуваат во повеќе препознатливи бои. Каква боја ќе изберете?
Дизајнот во една форма со една боја нуди спој од препознатлив стил и прилагодена удобност. Бидете усогласени со вашите слушалки постојано.
Извонреден звук, префинети материјали и завршни обработки, огромно внимание на детали. Запознајте се со безжичните NC h.ear on.
Технологиите Bluetooth® и NFC со еден допир ви нудат безжично слушање на музика, без ограничувања поради каблите на слушалките. LDAC пренесува три пати повеќе податоци (максимална стапка на пренос: 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј квалитет е сличен на звукот со висока резолуција.
Без разлика што се случува околу вас, дигиталното поништување на шум го блокира шумот во заднина за да можете да се фокусирате само на музиката.
Збогатете ја вашата омилена музика со звук каков што заслужува. Со нашите безжични NC слушалки h.ear on ќе уживате во звук со висока резолуција за најдобро доживување при слушањето.
Дизајнирани за звук со висока резолуција, звучниците од 40 мм се одликуваат со мембрани со купола обложена со титаниум за прецизен звук низ целиот фреквентен опсег.
Вашите слушалки се како дел од вас – исто како телефонот и клучевите што ги носите насекаде. Затоа безжичните NC слушалки h.ear on се дизајнирани да бидат дел од вашиот живот.
Форма во вид на закачалка, обложени ушни перничиња, прилагодлива лента за на глава – секој елемент е создаден за удобност и стил. Форма и функција во совршена хармонија.
ЗЛАТНА НАГРАДА НА iF 2016
Според жирито составено од експерти во индустријата, слушалките h.ear on го освоија златото на International Forum Product Awards 2016.