h.ear in Wireless

Живот без граници

Уживајте во слободата на безжичното слушање, надополнето со извонреден звук и привлечен стил. Појдете таму каде што ве носи музиката.

ЗА ВО УВО

Слушалки за во уво MDR-EX750BT h.ear in Wireless

MDR-EX750BT
Слика од Слушалки за во уво MDR-EX750BT h.ear in Wireless

redpinkgreengrayblack

h.ear
Hear Your Colours

Палетата h.ear од Sony нуди звук со висока резолуција и одличен и препознатлив дизајн. Живописниот звук никогаш не изгледал толку добро. 

Изберете ја вашата боја

Слушалките h.ear in Wireless се испорачуваат во повеќе препознатливи бои - лиметна боја, зелено-сина боја, јаглен-црна боја, бордо розова боја, румено црвена боја. Каква боја ќе изберете?

Усогласени со вас   

Независно од вашиот изглед и вкус за музика, слушалките h.ear in се совршени за вас. Дизајнот во една форма со една боја нуди спој од долготрајна удобност при слушањето и уникатен стил.

Не дозволувајте ништо да ви пречи

Богат и динамичен звук, врвни материјали и завршни обработки, без ниту еден кабел. Запознајте се со h.ear in Wireless.

Ослободување од каблите

Поврзувањето преку Bluetooth® и NFC со еден допир овозможува едноставно безжично слушање. LDAC пренесува три пати повеќе податоци (максимална стапка на пренос: 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј квалитет е сличен на звукот со висока резолуција.

Поддршка за звук со висока резолуција
Слушајте музика на правилен начин

Збогатете ја вашата омилена музика со звук каков што заслужува. Со нашите слушалки h.ear in ќе можете да уживате во звук со висока резолуција за најдобро доживување при слушањето.

Детален и динамичен звук

Дизајнирани за поддршка на звук со висока резолуција, звучниците од 9 мм во слушалките со голема чувствителност и широк фреквентен опсег создаваат детален и динамичен звук.

За подолготрајна музика 

Со слушалките h.ear in Wireless може да слушате непрекинато и тие се толку удобни што ќе заборавите дека ги носите.

Удобност во увото
Удобност во увото

Ергономската форма на слушалките и ушните влошки во повеќе големини овозможуваат прилепено и сигурно вметнување.

Стил на носење зад вратот

Лесниот дизајн за носење зад вратот овозможува природно поставување и чувство.

Стил на носење зад вратот

Спецификации и функции

Уживајте во слободата на безжичното слушање, надополнето со извонреден звук и привлечен стил.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • звучник од 9мм со висока чувствителност

  • Траење на батеријата до 7,5 часа

  • Удобен стил на носење зад вратот

Звучник
9 мм, динамички – тип на купола (CCAW звучна намотка)
Фреквентен одзив
5 - 40.000 Hz (исклучено напојување) (жично)
Должина на кабел
1,0 м

Што има во пакетот

Слајд, Футрола за носење, Кабел за поврзување, Кабел за USB, Ушни влошки, Гарантен лист, Упатство за употреба, Референтен водич

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина