* Стапките на слики за снимање се изразени со цели броеви, но реалните стапки на слики се следните: 30p = 29,97 fps, 60p = 59,94 fps и 120p = 119,88 fps.
*5K 120p и 4K 240p ќе бидат достапни со фирмверот V2.0, планиран за август 2027 година или подоцна.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Камерата FX5, која нуди многу креативни можности, им овозможува на режисерите да зачекорат сигурно во новата етапа од нивната професионална кариера. Обединувајќи ги напредниот филмски изглед и подобреното ракување во компактно куќиште, таа им ја нуди потребната слобода на креаторите на содржини за реализација на нивната визија со поголема прецизност, контрола и потенцијал за изразување.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Exmor RS CMOS-сензорот за целосна слика со подредена структура овозможува голема брзина на читање за да овозможи снимање со висока резолуција и висока стапка на слики. Големиот опсег на употребливи експозиции и малиот шум овозможуваат рамномерна градација и природни текстури, дури и во сцените со голем контраст.
Процесорот BIONZ XR2 нуди значителни подобрувања во сликата, звукот, комуникациите, ракувањето и многу повеќе. Вградениот уред за обработка со AI овозможува подобрено препознавање субјекти, како и автоматски и континуиран баланс на белата боја (ATW) врз основа на длабоко учење, што ќе ви помогне да снимате со сигурност.
FX5 нуди снимање во форматот за целосна слика Open Gate - за прв пат во серијата Cinema Line FX. Со 5K до 60 fps (целосна слика 3:2), 4K до 120 fps (целосна слика со отсекување) и многу други формати, таа ви нуди слобода за приспособување на кадарот, брзината и работниот процес, за реализација дури и на најамбициозните визии.
[1] X-OCN [2] Други кодеци [3] FPS [4] Стапка на слики на проектот [5] Фиксно
Внатрешното снимање во форматот X-OCN со 16 бита и линеарно сценско кодирање ја елиминира потребата од надворешен снимач за RAW-податоци. Со кодеците LT, C1 и C2 може да ги балансирате квалитетот на сликата, големината на датотеките и флексибилноста на работните процеси со RAW-датотеки според потребите за продукцијата.
Достапни се три поставки за основни вредности за ISO - стандардна чувствителност ISO 800, средна чувствителност ISO 4000 и висока чувствителност ISO 12800 за слаба светлина - кои ќе одговараат на опкружувањето во кое фотографирате. Доловувајте јасни сенки и снимајте со голем опсег на употребливи експозиции во различни услови на осветлување, за да добиете доследна и неверојатна острина.
Големиот опсег на употребливи експозиции помага во доловувањето на деталите во сенките и светлите тонови со рамномерна и природна градација. Малиот шум во сенките ги зачувува острината, текстурата и атмосферата, за да добиете уште повеќе опции за креативна градација.
Функцијата за снимање со двојно засилување го максимизира опсегот на употребливи експозиции, а воедно го намалува шумот, за да ги подобри деталите во сенките. Искористувајќи ги можностите на сензорот максимално, таа создава рамномерни и природни градации на тонови, за поголема флексибилност при уредувањето.
FX5 снима со резолуција до 5K со 60 fps и со резолуција до 4K со 120 fps, што на креаторите на содржини им нуди моќ за снимање брзи движења со импресивни детали и острина. 5K 120p и 4K 240p ќе бидат достапни со фирмверот V2.0, планиран за август 2027 година или подоцна.
Благодарение на вградената функција за обработка со AI, процесорот BIONZ XR2 може прецизно да препознава очи на луѓе, животни и птици (AF на очи во реално време). Брзиот хибриден автоматски фокус користи максимум 759 точки за да овозможи прецизно фокусирање и следење на субјектите кои се движат брзо, дури и во темни сцени и кога снимате со мала длабочина на полето.
Вградената поддршка за корективно приспособување го олеснува анаморфното снимање кога сте на сцената. Нудејќи поставки за 1,3x, 1,5x, 1,6x, 1,8x и 2,0x, камерата FX5 работи непречено со голем избор на анаморфни објективи.
Проценката на осветлувањето врз основа на длабоко учење овозможува извонредна прецизност за автоматскиот и континуиран баланс на белата боја (ATW), дури и во сцени со лоши услови. Таа нуди прецизна репродукција на бои, дури и во услови за осветлување кои претходно предизвикувале непотребно преовладување на одредена боја.
S-Cinetone ја внесува технологијата за филмски бои од Sony во камерата FX5, за да овозможи природни тонови на кожата, рамномерни градации и врвен изглед, користејќи ја само камерата.
Одликувајќи се со палети на бои кои ги надминуваат BT.2020 и DCI-P3, S-Gamut3 и S-Gamut3.Cine задржуваат голем обем на информации за боите, овозможувајќи попрецизна градација и полесно усогласување на боите со VENICE 2 при снимање со повеќе камери.
Од снимање филмски сцени до снимање во движење, изберете Cine EI, Cine EI Quick или Flexible ISO за да снимате содржини со максимален опсег на употребливи експозиции. Исто така, може да увезете максимум 16 кориснички LUT-датотеки кои ќе ви овозможат лесно да го следите предвидениот изглед во реално време.
Прецизниот уред за стабилизација и жироскопите работат заедно за да понудат вградена оптичка стабилизација со 5 оски. Подобрениот уред за стабилизација го проширува опсегот за компензација во насоката за ротирање до 2x, со што ефикасно го намалува тресењето предизвикано од ротирање при рачно снимање. Како резултат добивате камера која е идеална за рачно снимање. Динамичкиот активен режим нуди дополнителна електронска поддршка, а податоците за стабилизацијата може да се искористат и при обработката по снимањето.
Компактното куќиште со рамна горна површина и стабилниот држач се создадени за удобна рачна работа. Кога се користи со компактни објективи од Sony, камерата FX5 се претвора во пренослив систем за флексибилно снимање со механизми за стабилизација, во тесни простории и многу повеќе.
XLR-рачката нуди два влезни приклучоци XLR/TRS, мини стерео приклучок од 3,5 мм и Float-звук со 96 kHz / 32 бита. Одликувајќи се со 4 канали за снимање звук со врвен квалитет, таа ќе ви помогне да снимате почист звук, без да го забави снимањето.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Земен директно од врвните камери CineAlta на Sony, (ПОЧЕТНИОТ) екран BIG6 прикажува шест неопходни поставки истовремено: стапка на слики, EI/ISO/засилување, бленда, ирис, LUT и баланс на белата боја. Ракувањето на допир, повеќефункционалното вртливо копче и контролата за фиксна/променлива стапка на слики ќе ви помогнат да работите брзо и ефикасно.
Додајте го изборниот OLED-визир за подобар мониторинг на локации со силно осветлување. Тој има OLED-панел од тип 0,58 со прибл. 7,07 милиони точки, палета на бои еквивалентна на DCI-P3 и приказ со 10 бита за врвни бои и детали.
Алатките за експозиција и фокусирање, вклучувајќи ги мониторот за бранови форми, хистограмот, погрешните бои и мапата на фокусот, овозможуваат побрзо носење одлуки кога сте на сцената. Тие ќе ви помогнат да управувате сигурно со светлите тонови, сенките, тоновите на кожата и важниот фокус.
Јасното зумирање на слики нуди режим за [Приоритет за рамномерност] кој овозможува непречено зумирање од оптичкиот широк агол, па сè до дигиталниот зум до 2x. [Приоритет за оптички зум] е режим за зумирање кој дава приоритет на квалитетот на сликата. Откако оптичкиот зум ќе го достигне максималниот телефото зум, јасното зумирање на слики се активира и продолжува со зумирањето.
Двата отвори за CFexpress Type A овозможуваат снимање со пренасочување, истовремено снимање и посебно снимање, а прифаќаат и SDXC-картички (UHS-II/UHS-I). Главните датотеки и прокси датотеките може да се снимаат во различни отвори.
Батеријата NP-SA100 со голем капацитет од 2670 mAh нуди време за снимање до 170 минути. Оптимизираното управување со енергијата, побрзото полнење, напојувањето преку USB (PD) и приказот на состојбата на батеријата ги олеснуваат секојдневните процеси.
Ефикасниот систем со вентилатор за ладење и напредниот дизајн помагаат во ладењето на камерата, дури и кога е затворен LCD-мониторот. Трите режими на вентилаторот - [Автоматски], [Минимум] и [ИСКЛУЧЕН при СНИМАЊЕ] - ви овозможуваат да го балансирате ладењето и шумот според вашите потреби за снимање.
Добијте голем избор на објективи со E-приклучок од Sony, меѓу кои и извонредно широкоаголни, телефото, примарни, со моторизиран зум и многу други. Напредната стабилизација и поддршката за AF помагаат во отклучувањето на целосниот креативен потенцијал на секој објектив.
Излезниот приклучок HDMI Type A поддржува надворешен мониторинг, а двата приклучоци USB Type-C® поддржуваат пренос на временски код, пренос на податоци и напојување. Исто така, може да ги поделите информациите за снимањето и излезната слика, за да ги усогласите со вашиот мониторинг кога сте на сцената.
Жичниот LAN со голема брзина и Wi-Fi со фреквенција од 2,4 / 5 / 6 GHz придонесуваат за подобра далечинска контрола, подобар пренос на датотеки и поврзани работни процеси за продукција. Камерата FX5 е создадена за полесно да се вклопи во модерните системи за снимање со повеќе камери.
Monitor & Control овозможува жичен или безжичен мониторинг и ракување со повеќе камери преку паметен телефон, таблет-уред или Mac. Прецизните алатки за експозиција и истовремената контрола врз поставките овозможуваат поефикасни работни процеси со помали тимови.
Catalyst Prepare и Catalyst Prepare Plugin ги користат метаподатоците од фотоапаратот за да овозможат брзо прегледување и коригирање на снимките. Тие нудат поддршка за различни формати, вклучувајќи ги X-OCN LT/C1/C2, но и главни функции како стабилизација, компензација на промените во фокусната должина, алатки за бои/LUT и транскодиран извоз.
Поддршката за читање на информациите на екранот, зголемувањето на менито и другите функции за пристапност ја прават камерата FX5 полесна за користење за многу креатори на содржини. Индексот на приклучокот за објективи, повеќефункционалното вртливо копче и стандардните копчиња се дизајнирани за да може лесно да ги пронајдете со допир, што придонесува за посигурно ракување.
Целта на планот Road to Zero на Sony е целосно елиминирање на штетното влијание врз животната средина до 2050 година. SORPLAS™, нашиот издржлив и висококвалитетен материјал од рециклирана пластика, го користиме секаде каде што е можно за да го намалиме оптоварувањето на животната средина без да ги намалиме перформансите. Овој производ е изработен со повеќе од 30% рециклирана пластика, вклучувајќи и SORPLAS. Исто така, нашите фабрики за производство на производи за обработка на слика во Тајланд и Кина користат 100% обновлива енергија.
Sony прави напори за да користи материјали за пакување кои не содржат пластика и нудат добра заштита од потреси и удари. Исто така, за торбите за производи користиме растителни и неплетени материјали, што дополнително ја намалува употребата на пластика и го минимизира влијанието врз животната средина.
Планирани се ажурирања за додавање поддршка за HFR-снимање со максимум 240 fps во форматот X-OCN, снимање во форматот XAVC S‑I со сооднос на слика од 3:2 и читање на целата површина на сензорот, оптимизиран кориснички интерфејс за вертикално снимање, како и функција за снимање слики од видео.
Спецификации и функции
- БРОЈ НА ТОЧКИ (вкупно)
- Прибл. 18,2 мегапиксели
- ВИД НА СЕНЗОР
- Exmor RS CMOS-сензор од 35 мм за целосна слика (35,9 x 24,0 мм)
- БРОЈ НА ТОЧКИ (ЕФЕКТИВНИ)
- Прибл. 16,6 мегапиксели макс.
- ФОКУСНА ТОЧКА
- Макс. 759 точки (AF со откривање фаза)
- МАРГИНА НА ГРЕШКА
- 15+ чекори (S-Log3)
- ISO-ЧУВСТВИТЕЛНОСТ
- Еквивалент на ISO 320 - 409600, АВТОМАТСКИ (ISO 320 - 409600, можност за избор на горна граница)
- Отвор за мемориска картичка
- ОТВОР A: повеќенаменски отвор за SDXC-мемориска картичка (усогласеност со UHS-I/II) / CFexpress 2 Type A-картичка, ОТВОР B: повеќенаменски отвор за SDXC-мемориска картичка (усогласеност со UHS-I/II) / CFexpress 2 Type A-картичка
- Тип на монитор
- TFT-екран од 8,8 см (тип 3,5)