Мост помеѓу сликите и фантазијата
Откријте нови граници на обработка со α7S, кој нуди комбинација од извонредна чувствителност (до ISO 409600) со исклучително мал шум. Недостатокот на светлина нема да ограничи вашиот уметнички дух.
Откријте нови граници на обработка со α7S, кој нуди комбинација од извонредна чувствителност (до ISO 409600) со исклучително мал шум. Недостатокот на светлина нема да ограничи вашиот уметнички дух.
Само куќиште
Подобрете го вашиот фото апарат за да уживате во полесно снимање.
Восхитете се на првиот сензор за целосна слика во светот кој нуди обработка на сите точки кај 4K видео записите - сместен во најмалиот дигитален фото апарат со заменливи објективи во светот .
Добијте висок динамички опсег од темнина до силна сончева светлина.
Реалистична репродукција на детали за градација со побогати тонови и помал шум.
Откријте ја убавината на некомпресираните 4K записи (3840 x2160 точки)
Репродукција на 4K видео
Професионални видео функции како снимање во Full HD во XAVC S формат со 50Mbps, временски код и изборни XLR аудио влезови.
Лесното куќиште од магнезиумска легура е отпорно на прав и влага, а 9-те прилагодливи копчиња со 54 можни функции нудат прецизна контрола.
α7S нуди ненадмината преносливост и прилагодување - заедно со огромен сензор од 35мм за целосна слика.
Електронската бленда го елиминира шумот на блендата, овозможувајќи дискретно фотографирање на животот во дивината, настапи во живо и многу повеќе.
Изработката на α7S од магнезиум - метал со најлесна структура во светот - овозможува врвно ракување и сигурност.
Големата чувствителност и напредниот алгоритам за откривање на просторот до објектот нудат извонредно брз и прецизен автоматски фокус, дури и при слаба светлина (до EV-4).
Уживајте во непречен пристап до основни информации за фотографиите
Добијте ја прецизноста однапред. Со помош на XGA OLED Tru-Finder со голем контраст и висока резолуција, можете да го следите изгледот на конечната слика, како и изострувањето и дефокусирањето.
НОВИ ОБЈЕКТИВИ, НОВИ МОЖНОСТИ
Компатибилните објективи со E-приклучок овозможуваат искористување на софистицираните функции, како што се оптичка стабилизација на слика SteadyShot, моторизирано зумирање и удобно снимање на видео снимки.
Малото растојание до сензорот кај фото апаратот овозможува беспрекорна интеграција со вашата постоечка колекција на објективи, со адаптери за монтирање за SLR (1), телеметар (2) и кино (3) фото апарати.
Адаптерите нудат многу можности со A-приклучок, вклучувајќи и технологија на провидно огледало.
Адаптерот со A-приклучок ви овозможува да ги откриете можностите на постоечката палета со 30+ професионални објективи од Sony.
Вертикален држач, надворешни микрофони, блицови и многу други додатоци кои ќе ве подготват за секоја идеја и ситуација.
NFC СО ЕДЕН ДОПИР И БЕЗЖИЧНО ПОВРЗУВАЊЕ
Префрлувајте слики и видео снимки за секунда во вашиот паметен телефон или таблет уред со Android, со само еден допир на α7S - благодарение на вградениот Wi-Fi® и NFC.
Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето преку компјутер; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.
Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер што нуди обработка на RAW, лесно управување и алатки за уредување. Capture One Pro (за Sony) може да го купите за да добиете уште повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.
Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.
Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.
Што има во пакетот
Батерија на полнење NP-FW50, Заштитник за кабли, AC адаптер AC-UD10, Полнач на батерии BC-TRW, Појас за преку рамо, Капаче за куќиште, Капаче за приклучок за галантерија, Капаче за окулар, Микро USB кабел