Објектив

Монтажа на објектив
E-приклучок
Компатибилност со објективи
Објективи со E приклучок од Sony

Сензор за слика

Број на точки (ефективни)
12,2MP
Тип на сензор
35 мм

Сензор

Тип на сензор
Exmor® CMOS сензор од 35 мм за целосна слика (35,6 x 23,8 мм)
Сооднос на слика на сензор за слика
3:2

Снимање (фотографии)

Големина на слика (точки), 3:2
35мм за целосна слика L: 4240 x 2832 (12M), M: 2768 x 1848 (5,1M), S: 2128 x 1416 (3,0M), APS-C L: 2768 x 1848 (5,1M), M: 2128 x 1416 (3,0M), S: 1376 x 920 (1,3M)
Големина на слика (точки), 16:9
35мм за целосна слика L: 4240 x 2384 (10M), M: 2768 x 1560 (4,3M), S: 2128 x 1200 (2,6M), APS-C L: 2768 x 1560 (4,3M), M: 2128 x 1200 (2,6M), S: 1376 x 776 (1,1M)
Режими за квалитет на слика
RAW, RAW и JPEG, JPEG Extra fine, JPEG Fine, JPEG Standard

Снимање (видео)

Формат за снимање
AVCHD 2.0 / MP4 / XAVC S (до 1920 x 1080/50p 28Mbps)
Видео компресија
AVCHD: MPEG-4 AVC/H.264, MP4: MPEG-4 AVC/H.264, XAVC S: MPEG-4 AVC/H.264
Големина на слика (точки), PAL
AVCHD: 1920 x 1080 (50p/28Mbps/PS, 50i/24Mbps/FX, 50i/17Mbps/FH, 25p/24Mbps/FX, 25p/17Mbps/FH), MP4: 1440 x 1080 (25fps/12Mbps), 640 x 480 (25fps/3Mbps)
Функции за видео
Приказ на ниво на звук, ниво на снимање звук, бленда со автоматско бавно затворање, HDMI® информации. Екран (избор за вклучување/исклучување), временски код/кориснички информации, чист HDMI® излез за 4K, профил на слика, креативен стил, ефекти на слики, контрола на снимање, двојно снимање на видео, поставување на обележувач

Медиуми за складирање

Компатибилни медиуми за снимање
Memory Stick PRO Duo, Memory Stick PRO-HG Duo, Memory Stick XC-HG Duo, SD мемориска картичка, SDHC мемориска картичка (усогласеност со UHS-I), SDXC мемориска картичка (усогласеност со UHS-I)
Отвор за медиуми за складирање
Повеќе отвори за Memory Stick Duo / SD мемориска картичка

Баланс на белата боја

Режими на балансот на белата боја
Автоматски WB, дневна светлина, сенка, облачно, блескаво, флуоресцентно (топли бели тонови / ладни бели тонови / дневни бели тонови / дневна светлина), блиц, температура на бои (2500 до 9900K) и филтер за бои (G7 до M7: 15 чекори, A7 до B7: 15 чекори), прилагодено, под вода
Детално прилагодување на AWB
G7 до M7 (15 чекори), A7 до B7 (15 чекори)

Фокус

Вид на фокусирање
AF со откривање на контраст
Точка на фокусирање
25 точки
Опсег на чувствителност
EV -4 до EV 20 (при ISO 100 еквивалент со прикачен објектив со F2,0)
AF режим
AF за единечни снимки (AF-S), континуиран AF (AF-C), директен рачен фокус (DMF), рачен фокус
Површина на фокусирање
Широкоаголно (25 точки) / центрирано / флексибилна точка (S/M/L) / зона

Експозиција

Вид на мерење
Мерење со проценка на 1200 зони
Чувствителност на мерење
EV -3 до EV 20 (при ISO 100 еквивалент со прикачен објектив со F2,0)
Режим на мерење
Повеќе сегменти; Центрирано; Во точка
Режими на експозиција
AUTO (iAUTO, врвен автоматски режим), програми на AE (P), приоритет на решетка (A), приоритет на брзина на бленда (S), рачно (M), избор на сцени, режим на панорама, видео

Експозиција

ISO чувствителност
ISO 50–409600

Визир

Вид на визир
Електронски визир (во боја) од 0,5"
Зголемување
Прибл. 0,71x (со 50мм објектив при бесконечност, -1м)

LCD екран

Тип на монитор
TFT LCD екран од 3,0"
Вкупен број на точки
921.600 точки
Контрола на светлина (LCD)
Рачно (5 чекори помеѓу -2 и +2), режим за сончево време
Зголемување на фокус
35мм за целосна слика: 4,2x, 8,3x, APS-C: 2,7x, 5,4x
Изострување со рачен фокус
Да (поставување на ниво: високо/средно/ниско/исклучено, Боја: бела/црвена/жолта)

Други карактеристики

Јасно зумирање на слики
Фотографија / Видео: Прибл. 2x
PlayMemories Camera Apps™
ДА
Компензација на објектив
Периферни сенки, хроматска аберација, изобличување
Процесор на слика
BIONZ X™

Бленда

Вид на бленда
Тип со фокусна површина, вертикален пресек, електронска контрола
Брзина на блендата
Видео снимки: 1/8000 до 1/4 (чекори од 1/3), до 1/50 во АВТОМАТСКИ режим (до 1/25 во режим на бленда со автоматско бавно затворање), Фотографии: 1/8000 до 30 сек., светилка
Електронска предна завеса на бленда
Да
Тивко фотографирање
Да (вклучено/исклучено)

Стабилизација на слика

Steadyshot
Не е подджано (поддршка за стабилизација на слика кај објектив)

Контрола на блиц

Вид

Драјв

Режими на придвижување
3/5 експозиции), групирање (конт., единечно, баланс на белата боја, DRO), Единечно снимање, континуирано снимање, континуирано снимање со приоритет на брзина, автоматски тајмер (избор од 10/2 сек. доцнење), автоматски тајмер (конт.) (со избор на доцнење од 10 сек. за
Брзина на континуирано движење (прибл. макс.)
5 fps (во режим на континуирано фотографирање со приоритет на брзина)

Интерфејс

Компјутерски интерфејс
Масовно складирање, MTP, PC далечински управувач
HD излез
HDMI® микро приклучок (тип D), BRAVIA Sync (мени за поврзување), PhotoTV HD, репродукција на 4K фотографии
Приклучок за повеќе интерфејси
Да
Други
Приклучок за микрофон (мини стерео приклучок од 3,5мм), приклучок за слушалки (мини стерео приклучок од 3,5мм), приклучок за вертикален држач
Приклучок за галантерија со заклуч.
Приклучок за галантерија со автоматско заклучување кој е компатибилен со испорачаниот адаптер за приклучок
Приклучок за повеќе интерфејси
Мини приклучок за микрофон, Мини приклучок за слушалки, Повеќе/микро USB приклучок, Приклучок за вертикален држач, Приклучок за повеќе интерфејси

Аудио

Микрофон
Вграден стерео микрофон или ECM-XYST1M / XLR-K1M (Вградени стерео микрофони или)
Звучник
Вграден, моно

Моќност

Траење на батеријата (видео)
Континуирано: Прибл. 90 мин. со визир, прибл. 90 мин. со LCD екран (CIPA стандард), Точно: Прибл. 55 мин. со визир, прибл. 60 мин. со LCD екран (CIPA стандард)
Надворешно напојување
AC адаптер AC-PW20 (изборен)

Моќност

Испорачана батерија
Комплет со батерија на полнење од серија W NP-FW50
Траење на батеријата (фотографии)
До 380 снимки

Големина и тежина

Тежина (со вклучена батерија и мемориска картичка)
446 гр. (само куќиште) / 489 гр. (со батерија и медиум)
Димензии (Ш x В x Д)
126,9 x 94,4 x 54,8 мм, 126,9 x 94,4 x 48,2 мм (од држачот до мониторот); 5 x 3 3/4 x 2 1/4 инчи, 5 x 3 3/4 x 1 15/16 инчи (од држачот до мониторот)

Работна температура

Палета
32°-104°F / 0-40°C

WiFi® & NFC

Можности за безжично и мрежно поврзување
NFC функции со еден допир, Wi-Fi®, Апликации за камера што се преземаат

Што има во пакетот

  • Батерија на полнење NP-FW50
  • Заштитник за кабли
  • AC адаптер AC-UD10
  • Полнач на батерии BC-TRW
  • Лента за на рамо
  • Капаче за куќиште
  • Капаче за приклучок за галантерија
  • Капаче за окулар
  • Микро USB кабел
Placeholder

Функции

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

Сензорот од 35 мм за целосна слика со 12,2 MP нуди врвен квалитет на слика

Големиот сензор од 35 мм за целосна слика нуди 50x поголема површина од стандардните сензори кај компактните фотоапарати. Поголемата површина овозможува огромно подобрување на чувствителноста за снимање при слаба осветленост, како и прецизна контрола врз длабочината на полето. Во комбинација со одлична оптика, сензорот за целосна слика на Sony е идеален за креативно и комерцијално фотографирање, како и фотографирање пејзажи.

Извонредно голема чувствителност до ISO 409600

Подобрете ги вашите вештини за фотографирање и снимање со извонредно високиот опсег на чувствителност ISO 50 до 409600 за фотографии и од 100 до 409600 за видеоснимки. Високите ISO-вредности ви овозможуваат да снимате без неприродно осветлување со блиц и со поголема брзина на блендата (за замрзнување на движењата) дури и при слаба осветленост - идеално за спортување на облачен ден.

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

BIONZ™ X за извонредни детали и текстура

Сите дигитални фотоапарати треба да ја претворат светлината снимена со нивниот сензор во прекрасна дигитална фотографија. Процесорот кој ја овозможува оваа конверзија е подеднакво важен како објективот и сензорот со висока резолуција - па затоа Sony го создаде неверојатниот процесор BIONZ X кој нуди повеќе природни детали, пореалистични слики, побогати тонови и помал шум при снимање фотографии и видеоснимки.

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

Висококвалитетни видеозаписи во XAVC S формат

Форматот XAVC S со висока стапка на слики е наменет за сниматели кои се подготвени да работат на повисоко ниво. Нудејќи неверојатен квалитет, XAVC S е изработен од форматот XAVC кој го користат професионалните филмски и телевизиски куќи, а притоа вклучува паметна компресија на податоци за да овозможи уредување и големини на фајлови кои се практични за корисниците.

Големиот избор на формати за снимање нудат разновидност во снимањето

Снимајте како што сакате, со голем избор на видеоформати. Снимајте во AVCHD формат со висока бит-стапка или XAVC S кодек за уредување и репродукција на голем екран; или, пак, изберете го режимот MP4 за брзо вчитување и споделување. Снимајте ги движењата со стапка на слики до 24p за да добиете прекрасни снимки со забавени движења.

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

Можност за снимање со целосна слика

Снимање со професионален квалитет во вашите раце. Снимајте неверојатни слики дури и при слаба осветленост, благодарение на врвниот Exmor® CMOS сензор. Уживајте во флексибилноста за додавање надворешни аудиоснимки, како и следење и снимање видеоснимки, со цел професионалното снимање да ви биде подостапно.

HDMI излез за јасна слика

Следете и снимајте некомпресирани видеоснимки користејќи го HDMI излезот за јасна слика. Истовремено снимајте видеоснимки на вградените мемориски картички во компресирани формати практични за репродукција, како и на надворешен рекордер во формат и бит-стапка по ваш избор, за најголема флексибилност во професионалната продукција.

Професионално поставување на гамата

S-Log2 е технологија за прилагодување на поставките за гама од Sony вградена во комерцијалната видеоопрема, која е вклучена и овде. Непроценлива за професионалците кои сакаат флексибилност во пост-продукцијата, овој однапред поставен профил на слики нуди до 14 нивоа на динамички опсег - доволно слобода за снимање на сите детали, како во длабока сенка, така и при силна сончева светлина.

Професионален временски код и кориснички податоци за видеозаписи

Како неопходна алатка за снимање со повеќе фотоапарати, временскиот код значително го забрзува уредувањето кога треба да се синхронизираат повеќе камери. Поддржани се опциите Record Run, која му пристапува на временскиот код само при снимање, и Free Run со континуирано напредување на временскиот код. Освен тоа, функцијата за кориснички податоци ви овозможува да додавате информации за идентификација (како броеви на сцени и обиди) во рамките на временскиот код.

Профил на слики за поставки пред фотографирањето

Детално прилагодување на изгледот на вашите видеоснимки пред снимањето со прилагодување на градацијата (ниво на црна боја, гама и гама на црна боја), прилагодување на боите (режим на бои, интензитет, тонови на боите и длабочина), основни бои (гама и режим на бои) и многу повеќе. Прилагодените параметри можете да ги зачувате заедно со другите поставувања како профил, а можете да складирате најмногу седум профили за понатамошно користење.

120fps во HD резолуција за исклучително забавени видео снимки

Кога снимате видео снимки во (APS-C) режим со отсекување и супер еквивалент од 35 мм, оваа камера поддржува снимање со висока стапка на слики од 120 fps во HD резолуција (1280 x 720 точки). Оваа неверојатна опција ги зголемува вашите опции за изразување, бидејќи видео снимките што се снимаат со таа стапка на слики можат да се репродуцираат со брзина од 24p за да се добијат прекрасни забавени ефекти до 5x.

Напредниот и брзиот хибриден автоматски фокус ги доловува случувањата

Напредниот и брзиот хибриден автоматски фокус (AF) содржи неколку функции: AF систем со откривање фаза (кој го фокусира објектот), AF со откривање контраст (прилагодување на точките за фокусирање) и откривање на просторот до објектот (кој го предвидува движењето на објектот). Сите овие функции беспрекорно функционираат заедно за да ви овозможат да ги снимате објектите кои се движат брзо со совршена острина.

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

Погледнете ги поставките со XGA OLED Tru-Finder

Прегледувајте ги поставките и ефектите на фотоапаратот во реално време дури и кога го користите визирот. За разлика од оптичките визири, може да снимате црно-бели фотографии или да ја прегледувате експозицијата пред да го притиснете копчето за блендата. Освен тоа, функциите како 100% покриеност на слика, широк агол на гледање, режими за прикажување на информации, функција за изострување и зголемување на фокусот значително ќе го подобрат начинот на кој фотографирате.

Сеопфатен систем за заштита од прав

За да ги заштитите вашите фотографии од дамки, механизмот за заштита од прав генерира ултразвучни вибрации при секое исклучување на фотоапаратот со што се отстрануваат какви било честички кои се прилепиле на сензорот за слика. Згора на тоа, анти-статичкиот слој помага во спречување на наталожувањето прав врз сензорот при менување објективи.

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

LCD екран кој се врти за флексибилно обликување

Екранот со висока резолуција и можност за вртење ви овозможува совршено обликување на кадарот на невозможните снимки над глава или под низок агол.

Функции за снимање и следење на звукот

За време на снимањето и репродукцијата на видеозаписи, можете директно да го следите звукот користејќи го вградениот приклучок за слушалки. Исто така, можете да го следите нивото на звук на екранот или, пак, да поврзете професионални микрофони и аудио миксети со изборниот адаптер за XLR приклучок.

Голема отпорност на прав и влага

Вградените мерки за подобрување на издржливоста вклучуваат заштита околу копчињата и вртливите копчиња, како и заштитна структура со два слоја на куќиштето кои цврсто ги прилепуваат панелите и компонентите.

Солиден и ергономски држач

α7s е 25% помал од врвните DSLR модели, но сепак се одликува со држач со стандардна големина за удобно снимање во текот на целиот ден.

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

Цврсто и лесно куќиште од легура од магнезиум

Благодарение на легурата од магнезиум, најлесниот конструктивен метал на светот, α7s тежи 489 грама заедно со батеријата - далеку полесен од другите фотоапарати со врвни карактеристики - и се одликува со долготрајни перформанси.

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

Разгледајте ги опциите: Quick Navi Pro и прилагодливи копчиња

Quick Navi Pro ги прикажува сите поважни опции за снимање на LCD екран, за да можете брзо да ги потврдувате параметрите и да ги вршите саканите прилагодувања без пребарување низ наменските менија. Прилагодувањето на копчињата ви овозможува да снимате како што ќе посакате, со доделување на најчесто користени функции по ваш избор на прилагодливите копчиња.

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

Далечински управувач со еден допир и споделување со еден допир

Далечинскиот управувач со еден допир ви овозможува да го користите паметниот телефон или таблет-уредот како визир и далечински управувач за дигитални фотоапарати, а споделувањето со еден допир ви овозможува да префрлувате фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат. Без разлика за што ќе се одлучите, со инсталирање на апликацијата Imaging Edge Mobile app во вашиот паметен телефон или таблет-уред со Android што поддржува NFC, ќе ги избегнете сложените поставки и ќе воспоставувате безжична врска со допирање на вашиот уред до фотоапаратот. Сега можете да го контролирате фотоапаратот преку паметниот телефон и да фотографирате од места кои претходно не ви биле достапни, или да бидете присутни во сопствената групна снимка, како и да префрлувате содржини во паметниот телефон за да ги споделите на SNS. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно.

Дознајте повеќе

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

Capture One (за Sony)

Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер за висококвалитетна завршна обработка на RAW-податоци. Capture One Pro (за Sony) може да се купи за компатибилни функции како локално прилагодување и фотографирање преку компјутер.

Дознајте повеќе

Слика од α7S фото апарат со E-приклучок и сензор за целосна слика

Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Подобрете ги вашите фотографии со компјутерските апликации Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето во живо преку компјутерот; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции на слики; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.

Дознајте повеќе