α7

Совршенство за сите

Ви го претставуваме α7 - фото апарат со големина на дланка: преносливост и можности во еден уред. 35мм сензор за целосна слика со 24,3MP во куќиште со двапати помала тежина од водечките DSLR апарати.

ФОТОАПАРАТИ БЕЗ ОГЛЕДАЛО СО СЕНЗОР ЗА ЦЕЛОСНА СЛИКА И E-ПРИКЛУЧОК

α7 фото апарат со Е-приклучок и сензор за целосна слика

ILCE-7 / ILCE-7K
Слика од α7 фото апарат со Е-приклучок и сензор за целосна слика

Само куќиште|Куќиште + објектив за зумирање од 28-70мм

Достапен е нов софтвер за α7.

Подобрете го вашиот фото апарат за да уживате во полесно снимање.

Ве очекуваат прекрасни слики

Со 24,3 милиони точки, Exmor® сензорот за целосна слика од 35мм кај α7 е рамноправен со сензорите кај водечките DSLR фотоапарати. Благодарение на најновиот BIONZ X процесор од Sony и напредното автоматско фокусирање, α7 нуди врвни детали, чувствителност и квалитет. Подгответе се за перформансите кои ќе ги подигнат вашите фотографии на повисоко ниво.

Лого на Exmor® CMOS сензор
Сензор за целосна слика со 24,3MP

Овој извонреден нов сензор ги содржи сите елементи за слики од светска класа: висока резолуција, неверојатна чувствителност, огромен динамички опсег, ненадминати детали и мал шум.

Лого за Bionz X™
Врвна обработка

Очекувајте врвни резултати со најновиот процесор за обработка BIONZ X™ од Sony: прикажување на пореалистични бои, подобро намалување на шум и побрзо секвенцијално фотографирање.

Прекрасна форма. Моќна функција.

Професионално инженерство од секој агол

При дизајнирањето на a7, Sony успеа да ја балансира прецизната контрола која им е потребна на фотографите и да им ја понуди ефикасноста која ја посакуваат. Резултатот претставува внимателно изработени стандардни и вртливи копчиња, моќни функции, обемен потенцијал за прилагодување и опции за снимање и поврзување, сето тоа сместено во издржливо и лесно куќиште кое е 25% помало од водечките DSLR фото апарати.

Фото апарат во раце
Целосна слика, компактна форма

Со тежина од само 416гр. со батеријата, α7 е двојно полесен од водечките DSLR апарати. А благодарение на помалите димензии, веќе нема да мора да го жртвувате квалитетот заради преносливост.

Внатрешна конструкција
Мала тежина, но голема издржливост

Изработката на α7 од магнезиум, најлесниот конструктивен метал на светот, значи дека фото апаратот кој го употребувате денес ќе биде во извонредна состојба и утре.

Спој на брзина и прецизност

α7 нуди брзо откривање на фаза (со 117 фокусни точки) и откривање на контраст, како и откривање на очи, автоматски фокус со заклучување на објекти во движење и поставување на автоматски фокус врз површина.

5fps до 1 сек.
Запрете ги случувањата на прекрасен начин

Ново, побрзо и попрецизно автоматско фокусирање со следење кое користи моќни алгоритами за предвидување и технологија за препознавање на објектот и кое овозможува следење на секој потег со поголема брзина и прецизност.

Автоматско фокусирање на очи

Со цел да добиете совршени портрети, оваа функција врши остро фокусирање на лица со мала длабочина на поле, дури и кога лицата се делумно видливи за фото апаратот, благодарение на напредното откривање на очи кое овозможува приоритет на една зеница.

Автоматски фокус со заклучување

Фокусирајте ги објектите во движење на едноставен начин со оваа напредна технологија, која ја прилагодува големината на кадарот врз основа на карактеристиките на објектот и користи широка AF површина за искористување на оптималната фокусна точка.

Опции за поставување на автоматски фокус

Со опцијата за AF површина со флексибилна точка, можете да изберете AF површина со големина која е соодветна за вашиот објект, за да може фото апаратот да ја фокусира потребната површина. Достапни се и опции за широка и зонска површна на фокусирање.

XGA OLED TRU-FINDER™

Подобар визир, подобри фотографии

Со покриеност на кадарот од 100%, резолуција од 1024x768, висок контраст, ажурирање на параметрите во реално време и прецизно "Bokeh" дефокусирање, OLED (XGA) Tru-Finder™ визирот не е само обичен додаток за обликување на кадарот, туку вистинско подобрување. Петте режими на приказ и прилагодувањето на температурата на бојата и осветленоста ги комплетираат карактеристиките со професионално ниво.

AVCHD лого
Full HD видео формати

Пронајдете го совршениот начин за изразување на вашата визија со AVCHD со 60fps и добијте извонредно рамномерен изглед или, пак, снимајте со 24p и добијте класичен кино изглед.

Приклучок за слушалки
Професионален придружен звук

Прикачете надворешни микрофони преку XLR адаптерот, мерете ги нивоата на снимање и следете го звукот преку приклучокот за слушалки.

НОВИ ОБЈЕКТИВИ, НОВИ МОЖНОСТИ

Стакло за апарати од врвна класа

За да им овозможи на фотографите да ги истражат границите на потенцијалот на α7, Sony дизајнираше нова серија објективи со E-приклучок наменети за внатрешната геометрија на палетата за целосна слика.

Адаптер за монтирање објективи
Извлечете максимум од вашата опрема

За максимално искористување на функционалноста на објективите со A-приклучок, адаптерите нудат многу функции меѓу кои и технологијата на провидно огледало.

Објективи со A-приклучок
Повеќе можности со објективите со A-приклучок

Адаптерот со A-приклучок им овозможува на фотографите да ги откријат можностите на постоечката палета со 30+ професионални објективи од Sony.

Галантерија за фото апарати
Професионални подобрувања

Вертикален држач, надворешни микрофони, блицеви и голем број други додатоци кои ќе ве подготват за секоја идеја и ситуација.

ПОВРЗУВАЊЕ ПРЕКУ WI-FI® И NFC СО ЕДЕН ДОПИР

Споделете нешто прекрасно

α7 поседува два вградени начини за безжично споделување; NFC нуди пренесување на сликите со само еден допир кон кој било телефон, таблет или лаптоп со NFC. Wi-Fi® нуди брзо вчитување од многу локации.

Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™
Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за далечинска контрола на фотографирањето; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.

Capture One (за Sony)
Capture One за Sony

Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер што нуди обработка на RAW, лесно управување и алатки за уредување. Capture One Pro (за Sony) може да го купите за да добиете уште повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.

iMovie
Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.

Спецификации и функции

  • Exmor® CMOS сензор за целосна слика со 24,3MP

  • Процесор BIONZ X за врвни детали и намалување на шум

  • Систем со E-монтажен заменлив објектив

  • XGA OLED Tru-Finder™ со голем контраст и висока резолуција

  • Едноставно споделување и контрола со Wi-Fi® и NFC со еден допир

Компатибилност со објективи
Објективи со E приклучок од Sony
Тип на сензор
35мм за целосна слика (35,8×23,9мм), Exmor® CMOS сензор
Број на точки (ефективни)
Прибл. 24,3 милиони точки
ISO чувствителност
Видео снимки: ISO 200-25600 еквивалент, AUTO (ISO 200-6400 еквивалент), Фотографии: ISO 100-25600 (ISO броевите поголеми од 50 можат да се постават како проширен ISO опсег), AUTO (ISO 100-6400, можност за избор на долна и горна граница)
Траење на батеријата (фотографии)
Прибл. 270 снимки (визир) / прибл. 340 снимки (LCD екран) (CIPA стандард)
Вид на визир
XGA OLED, 1,3 см (тип 0,5) електронски визир (во боја)
Тип на монитор
Вклучено/исклучено

Што има во пакетот

Кабел за напојување, Батерија на полнење NP-FW50, AC адаптер AC-UB10, Лента за на рамо, Капаче за куќиште, Капаче за приклучок за галантерија, Капаче за окулар, Микро USB кабел

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Експертите велат