Слушалки за во уво XBA-N3AP / XBA-N3BP
Неверојатен звук на мал простор
Слушајте го целосниот спектар на звукот со подобрена јасност низ целиот фреквентен опсег. Овие софистицирани слушалки за во уво со новодизајниран HD систем со хибридни звучници нудат изобилство од фини детали во мало пакување.
Звук со Bисока Pезолуција
Уживајте во најситните детали на звукот со студиски квалитет со звук со подобар квалитет од CD и звук со висока резолуција.
LCP HD систем со хибридни звучници
Комбинација на динамичен звучник со LCP дијафрагма за богат бас и рамномерни средни тонови со звучник со балансирана арматура за неверојатно високи тонови.
Контрола на звучниот простор
Дизајнот со проширено отворено куќиште и подобрениот проток на воздухот го подобрува звучното поле и овозможува побогат и пореалистичен звук.
Балансирана моќност
Звукот се оптимизира низ целиот фреквентен опсег со HD системот со хибридни звучници
Динамичниот звучник од 9 мм ја одржува моќноста за длабок бас и јасни средни тонови без пад во репродукцијата како кај другите звучници, а херметички изолираниот звучник со балансирана арматура нуди долготрајна репродукција на природен звук со висока фреквенција. Двата звучници соработуваат за да испорачаат рамномерен звучен одзив низ целиот фреквентен опсег.
Најважен е протокот на воздух
Контрола на звучниот простор
Поголемиот проток на воздух во дизајнот со проширено куќиште значи повеќе простор за движење на звучникот и поголема резонанса на звукот. Резултатот е поприроден звук со побогати средни тонови и балансираност од ниските до високите тонови.
3,2x повеќе пренесени податоци
Добијте го најдоброто од секоја песна
Исто како и конверзијата на видеоснимки со стандардна резолуција во HD, така и песните со звук со висока резолуција имаат далеку подобар квалитет од MP3 песните и CD дисковите, овозможувајќи ви да го слушнете секој здив, секој ритам, секоја нота.
Софистицираност во минијатурен формат
Технологијата за звук со голема прецизност е спакувана во малото куќиште. Овие слушалки со мала тежина се испорачуваат со торбичка за носење и ќе ви биде вистинско задоволство да ги понесете со себе.
Потполна удобност
Нашите ушни влошки со тројна удобност, кои се испорачуваат во три големини, одлично одговараат на различните облици на уши. Комбинирајќи ја тврдата силиконска гума и специјално оформениот силикон, тие совршено го спојуваат звукот со стабилноста и удобноста.
Надградете го вашиот кабел
Сменете ги каблите и искористете ги предностите што ви ги овозможуваат висококвалитетните изборни кабли кои нудат уште попрецизен звук. Изберете балансиран кабел со посебна лева и десна жица за помалку пречки.