СЛУШАЛКИ ЗА ВО УВО XBA-N3AP / XBA-N3BP

Сите спецификации и функции

XBA-N3AP

Големина и тежина

ТЕЖИНА
Прибл. 7 гр. без кабел

Општи карактеристики

ЗВУЧНИК
Хибриден
Динамичен вид
Затворени, хибридни
ИМПЕДАНСА (ОМИ)
32 Ω (при 1 kHz)
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
3 Hz-40.000 Hz
ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
107 dB/mW
КОНТРОЛА НА ЈАЧИНА НА ЗВУК
нема
ВИД НА КАБЕЛ
Отстранлив, во форма на Y
ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
Прибл. 1,2 м
ПРИКЛУЧОК
Позлатен мини приклучок со 4 пина во форма на L
Време на користење
нема
Време на полнење
нема
СТИЛ НА НОСЕЊЕ
In-ear

Што има во пакетот

  • Слајд
  • Торбичка за носење
  • Кабел за слушалки
  • Прилагодување на должината
  • Хибридни ушни влошки (големини SS/S/M/L)
  • Ушни влошки со тројна удобност (S/M/L)
Placeholder

Функции

Слика од Слушалки за во уво XBA-N3AP / XBA-N3BP

Контрола на звучниот простор за пошироко звучно поле

Со проширено куќиште зад динамичниот звучник и акустична цевка која овозможува вентилација, контролата на звучниот простор нуди поширок звучен простор. Уживајте во поотворен и просторен звук со богати средни тонови, балансирани ниски и високи тонови и порамномерна репродукција на звук.

Слика од Слушалки за во уво XBA-N3AP / XBA-N3BP

HD систем со хибридни звучници за звук во целиот спектар

HD системот со хибридни звучници претставува комбинација од динамичен звучник со висока чувствителност од 9 мм со звучник со балансирана арматура. Комбинирањето на овие два звучници репродуцира звук со целосен спектар, од моќен и длабок бас до јасни и живописни звуци со висока фреквенција.

Слика од Слушалки за во уво XBA-N3AP / XBA-N3BP

Динамичниот звучник со целосен опсег ги засилува ниските и средните тонови

Динамичниот звучник од 9 мм со висока чувствителност им овозможува на слушалките да обезбедуваат моќни ниски тонови и звуци со среден опсег дури и кај песните со најголеми барања. Звучникот користи магнетно коло од надворешен магнетен тип за да ја зголеми моќноста и да создаде побогат бас од многу поголеми звучници. Јасните тонови се создаваат благодарение на LCP (Liquid Crystal Polymer) дијафрагма со течни кристали.

LCP дијафрагма за поголема прецизност

Дијафрагмата со течни кристали и слој од полимер нуди поконстантен и прецизен звук низ целиот фреквентен опсег отколку стандардните мембрани. Звучната енергија која се губи при преносот кон слушалките е порамномерна, за да се обезбедат вистински и автентични перформанси. 

Слика од Слушалки за во уво XBA-N3AP / XBA-N3BP

Балансираната арматура со линеарно придвижување нуди јасен звук

Компактниот звучник со балансирана арматура ја подобрува линеарноста на механичките вибрации за да репродуцира јасни тонови од високиот опсег. Механизмот со директен погон обезбедува реалистично пренесување на влезниот сигнал до мембраната за оптимална јасност. 

Слика од Слушалки за во уво XBA-N3AP / XBA-N3BP

Уживајте во музиката така како што ја замислил изведувачот со звукот со висока резолуција

Издигнете ја вашата колекција на дигитална музика на повисоко ниво со звукот со висока резолуција. Со конвертирање на аналогната во дигитална музика со повисока стапка од CD дисковите (24 бита/192kHz, наместо 16 бита/44,1kHz), звукот со висока резолуција ви овозможува да се доближите до оригиналната снимка и да уживате во музиката како што ја замислил изведувачот. 

Моќен бас со контрола на одзив за ритамот 

Вградената контрола на одзив за ритамот ги подобрува привремените карактеристики на бас звукот и нуди прецизен ритам. 

Слика од Слушалки за во уво XBA-N3AP / XBA-N3BP

Отстранлив кабел за поголема флексибилност

Можноста за менување на каблите за слушалки ви овозможува да ги употребите изборните кабли кои нудат уште подобар квалитет на звук и практичност. Како опции на располагање ви се и балансиран кабел со посебна лева и десна жица за заземјување за помалку пречки и шум, како и кабел за надградба со Bluetooth® за безжично слушање. 

Слика од Слушалки за во уво XBA-N3AP / XBA-N3BP

Ушни влошки со тројна удобност – помал шум, поголема удобност

Изработени од тврда силиконска гума и специјално оформен силикон, ушните влошки со тројна удобност се дизајнирани за долготрајно носење. Комбинацијата од мекост и цврстина го намалува амбиенталниот шум, притоа зголемувајќи ја удобноста при слушањето. Тие се достапни во три различни големини и може да се мијат, така што лесно може да ги одржувате чисти. 

Слика од Слушалки за во уво XBA-N3AP / XBA-N3BP

Се испорачуваат со кабел за слушалки со балансиран приклучок

Кабелот за балансирано поврзување со 4,4 Φ ги одделува левиот и десниот звучен сигнал, притоа минимизирајќи ја загубата на сигналот при пренос и деградацијата на звукот што произлегува од неа. Како резултат се добиваат рамномерни високи фреквенции и врвен квалитет на звукот.