Слика од Слушалки за во уво XBA-N1AP
Слика од Слушалки за во уво XBA-N1AP
Подобрена јасност, помал простор

Најважната цел на овие софистицирани слушалки за во уво е целосниот спектар на звукот. Тие се одликуваат со HD систем со хибридни звучници кој нуди изобилство од фини детали на мал простор, за да можете да ја слушате секоја нота и секој вокал со поголема јасност.  

Звук со Bисока Pезолуција
Звук со Bисока Pезолуција

Уживајте во најситните детали на звукот со студиски квалитет со звук со подобар квалитет од CD и звук со висока резолуција.     

HD систем со хибридни звучници
HD систем со хибридни звучници

Комбинација на динамичен звучник за богат бас и рамномерни средни тонови со звучник со балансирана арматура за неверојатно високи тонови.  

Ушни влошки со тројна удобност
Ушни влошки со тројна удобност

Изработени од тврда силиконска гума и мек оформен силикон, овие ушни влошки се испорачуваат во три големини за удобно слушање.     

Балансирана моќност

Звукот се оптимизира низ целиот фреквентен опсег со HD системот со хибридни звучници

Динамичниот звучник од 9 мм ја одржува моќноста за длабок бас и јасни средни тонови без пад во репродукцијата како кај другите звучници, а херметички изолираниот звучник со балансирана арматура нуди долготрајна репродукција на природен звук со висока фреквенција. Двата звучници соработуваат за да испорачаат рамномерен звучен одзив низ целиот фреквентен опсег.

Звук со Bисока Pезолуција

3,2x повеќе пренесени податоци

Добијте го најдоброто од секоја песна

Исто како и конверзијата на видеоснимки со стандардна резолуција во HD, така и песните со звук со висока резолуција имаат далеку подобар квалитет од MP3 песните и CD дисковите, овозможувајќи ви да го слушнете секој здив, секој ритам, секоја нота. 

Софистицираност во минијатурен формат

Технологијата за звук со голема прецизност е спакувана во малото куќиште. Овие слушалки со мала тежина се испорачуваат со торбичка за носење и ќе ви биде вистинско задоволство да ги понесете со себе. 

Потполна удобност

Нашите ушни влошки со тројна удобност, кои се испорачуваат во три големини, одлично одговараат на различните облици на уши. Комбинирајќи ја тврдата силиконска гума и специјално оформениот силикон, тие совршено го спојуваат звукот со стабилноста и удобноста.

Надградете го вашиот кабел

Сменете ги каблите и искористете ги предностите што ви ги овозможуваат висококвалитетните изборни кабли кои нудат уште попрецизен звук. Изберете балансиран кабел со посебна лева и десна жица за помалку пречки.

Сертифицирани слушалки за персонализирано слушање

Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Headphones Connect, оптимизирајте го слушањето преку анализа на формата на вашите уши, а потоа уживајте во врвно доживување.

Artist_connection
Слушнете исечоци од музика на демо плеерот со преземање на Artist Connection

Спецификации и функции

Најважната цел на овие софистицирани слушалки за во уво е целосниот спектар на звукот. Тие се одликуваат со HD систем со хибридни звучници кој нуди изобилство од фини детали на мал простор, за да можете да ја слушате секоја нота и секој вокал со поголема јасност.
  • Поддршка за звук со висока резолуција

  • HD систем со хибридни звучници за длабок бас и јасни високи тонови

  • Контролата на одзив за ритамот ги намалува изобличувањата на моќниот бас

  • Удобни силиконски ушни влошки за безбедно вметнување

  • Мала тежина за неверојатна преносливост на музика

Звучник
Хибриден
Фреквентен одзив
4 Hz-40.000 Hz
Должина на кабел
Прибл. 1,2 м

Што има во пакетот

Слајд, Торбичка за носење, Кабел за слушалки, Прилагодување на должината, Хибридни ушни влошки (големини SS/S/M/L), Ушни влошки со тројна удобност (S/M/L)

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина