Стерео звучник за на полица
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Слушањето на SS-NA5ES ќе ви овозможи да ја чуете музиката онака како што ја замислиле изведувачите. Благодарение на уникатниот систем на високотонци и рачно изработеното куќиште вие ќе можете да слушате природен реалистичен звук.
Системот I-Array™ се одликува со уникатен дизајн и распоред на високотонци кои овозможуваат комбинирање на повеќе извори на звук без никаква обоеност или мешање на звуците.
Европската бреза е материјал кој е познат по својата акустична резонанса. Обработена со користење на традиционални техники, таа нуди звук кој е прецизен, но сепак топол.
Големата густина на европската бреза обезбедува идеално одекнување на звукот.
Традиционалните јапонски методи за преработка на дрво овозможуваат голема цврстина на куќиштето.
Дводелното куќиште кај звучникот овозможува изолирање на вуферот од другите одделни звучници. Ова го спречува пренесувањето на вибрациите и обезбедува чист природен звук.
Секој од звучниците за на полица има 4 составни звучници: еден високотонец со мека купола од 25мм и два од 19мм за високите фреквенции и алуминиумски конусен вуфер од 130мм за басовите.
SS-NA5ES функционира беспрекорно со серијата на звучници ES, овозможувајќи извонредно реалистична репродукција на музиката и впечатливи филмови.