Пријавете се за да добивате најнови вести и временски ограничени понуди. Кликнете на линкот подолу за да не пропуштите ништо.
Погледнете како овие слушалки со поништување шум од Sony ја спојуваат нашата напредна технологија за поништување шум со врвниот звук, за да ви понудат неверојатно доживување при слушањето.
Напредното поништување шум
Звук и повици со извонреден квалитет
Удобен дизајн
Едноставно ракување
Едноставно поврзување со уреди
Паметни, интуитивни и интелигентни
Од бучава во авион до гласови на луѓе, нашите безжични слушалки WH-1000XM5 го поништуваат шумот со повеќе микрофони за да спречат пропуштање на повеќе звуци со високи и средни фреквенции. А благодарение на Auto NC Optimizer, поништувањето на шумот се оптимизира автоматски според условите за носење и опкружувањето.
Вградувањето по четири микрофони во секоја слушалка е нашиот најголем напредок во поништувањето на шумот. Амбиенталниот звук се снима уште попрецизно и овозможува значително намалување на високофреквентниот шум. Благодарение на Auto NC Optimizer, перформансите за поништување шум се оптимизираат автоматски и секогаш врз основа на условите за носење и надворешните фактори во опкружувањето како што е атмосферскиот притисок.
Специјално дизајниран од Sony, процесорот V1 го искористува целиот потенцијал на нашиот процесор QN1 за HD-поништување на шум. Оваа уникатна комбинација на технологии контролира осум микрофони за да овозможи ненадминат квалитет за поништување шум.
Специјалниот звучник од 30 мм има мек раб и го подобрува поништување на шумот за да уживате во реална музика без амбиентален шум. Композитниот материјал од карбонски влакна овозможува мала тежина и голема цврстина на куполата и подобрена јасност на звукот, особено во високофреквентниот опсег.
Специјалниот звучник од 30 мм, направен од композитен материјал со карбонски влакна, ја подобрува чувствителноста за високи фреквенции за да создаде поприроден звук. Технологиите на Sony вклучуваат и врвен лем без олово што содржи злато за неверојатна спроводливост, отпорник за рамномерна дистрибуција на струјата и оптимизирани електронски кола што нудат подобрен сооднос меѓу сигналот и шумот и јасен, доследен звук.
WH-1000XM5 поддржуваат High-Resolution Audio и High-Resolution Audio Wireless благодарение на LDAC, нашата технологија за кодирање звук прифатена во индустријата. LDAC пренесува приближно 3 пати повеќе податоциод стандардениот Bluetooth® звук, за врвен High-Resolution Audio.
Со Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ ги подобрува компресираните датотеки со музика во реално време. Препознавајќи инструменти, музички жанрови и посебни елементи од песните, ги обновува високите фреквенции изгубени при компресијата.
Нашата технологија за прецизно откривање гласови користи четири микрофони со просторно филтрирање и алгоритам за намалување на шумот основан врз AI за да може прецизно да го изолира вашиот глас. Новосоздадената структура за намалување на шумот предизвикан од ветер го минимизира шумот од ветерот за време на повиците. Независно каде сте, секогаш ќе слушате и ќе бидете слушнати јасно.
Овие слушалки, опремени со четири микрофони со просторно филтрирање, се калибрирани да го снимаат само вашиот глас. Подобрениот сооднос помеѓу сигналот и шумот им овозможува да ги доловат сите зборови, дури и кога има многу шум околу вас.
Технологијата за прецизно откривање гласови нуди напредна обработка на аудио сигнали за соговорникот да може јасно да го чуе вашиот глас при повиците, дури и во бучни опкружувања. Нашиот алгоритам за намалување на шум беше развиен со машинско учење со AI со користење на над 500 милиони примероци од гласови за да го потиснат амбиенталниот шум и јасно да го истакнат вашиот глас во разни опкружувања.
1 = со шум
2 = без шум
Овие лесни слушалки имаат прекрасна завршна обработка од новосоздадена „мека кожа“. Овој материјал се прилепува околу главата со помал притисок врз ушите, а притоа спречува навлегување на надворешните звуци. WH-1000XM5 имаат бесшумен дизајн со лизгач без положби на запирање, непречено вртење и закачување.
Нежна и софистицирана розова боја со елегантен и придушен тон кој се вклопува во вашата личност. Зрнестата мат текстура и бојата со нежна розова нијанса создаваат умерена сјајност, а притоа се усогласуваат со тонот на вашата кожа и модниот стил.
Нашите паметни функции овозможуваат полесно да пристапувате и да уживате во забавата во текот на целиот ден. На пример, може да репродуцирате музика и да ја контролирате јачината на звукот без да го отворате телефонот, само со притиснување едно копче на вашите слушалки. Исто така, слушалките откриваат кога зборувате и можат привремено да ја запрат музиката. Ракувањето со овие слушалки е лесно и тие совршено ќе се вклопат во вашиот живот.
Приспособливата контрола на звук е паметна функција што открива каде се наоѓате и што правите, а потоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук за да создаде идеално доживување при слушањето. Кога ќе ја активирате, таа учи каде се движите и ги препознава локациите што често ги посетувате, како што е вашето работно место или омилениот кафе бар, а потоа го приспособува звукот според опкружувањето.
Штом почнете разговор, Speak-to-Chat автоматски ја запира музиката и почнува да пропушта амбиентален звук - практично ако не сакате да ги извадите слушалките и за разговарање без користење раце. Оваа функција користи вградени микрофони и напредна обработка на аудио сигнали за да го препознава и реагира на вашиот глас. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи.
Директен пристап до вашата музика со допир - нема потреба да го допирате паметниот телефон. Почнете да уживате во вашата музика без напор.
Создава аудиодоживување кое е приспособено само за вас, преку откривање на тековната ситуација и сцената, како одење, трчање и вежбање.
Уживајте во музиката токму тогаш кога ви е потребна, со вклучување на функцијата „носете за да слушате“ која се приспособува според сцената.
Репродукцијата започнува автоматски кога ќе ги ставите слушалките - нема потреба да го допирате паметниот телефон - и ќе слушате соодветна музика која се одредува според вашите секојдневни рутини или според вашите активности, како секојдневна прошетка, вежбање во сала или патување. Со Voice Cue, пак, ќе добивате известувања за важни информации како закажани термини и потсетници, за да може секогаш да бидете поврзани и со реалноста и со забавата, каде и да сте.
Само извадете ги слушалките и музиката ќе запре - капацитивниот сензор открива кога ги носите. Исто така, ја зголемува прецизноста за откривање и го подобрува дизајнот. Вратете ги слушалките и музиката повторно ќе започне.
Добијте помош без користење раце - изговорете „Hey Google“ или „Alexa“ за да активирате гласовен помошник. Слушајте музика, поврзете се со пријателите, добивајте известувања и друго. Контролирајте ги функциите на слушалките, како поништувањето шум, со вашиот глас, слушајте ги и реагирајте на е-пораките во Microsoft Outlook и користете Microsoft Teams преку Google Assistant или Siri.
Слушалките WH-1000XM5 се уште подобри со апликацијата Sound Connect. Едноставниот и интуитивен интерфејс ви овозможува да добиете идеален звук и поставки за кратенки, и да ја прегледувате вашата неодамнешна историја на слушање. Безбедното слушање ви овозможува да проверите дали ги следите препорачаните навики за здраво слушање според СЗО.
Заради максимална практичност, овие слушалки со Bluetooth® може да се впарат со два уреди со Bluetooth® истовремено. Кога ќе добиете повик, слушалките ќе знаат кој уред ѕвони и автоматски ќе се поврзат со тој уред. Исто така, со притиснување едно копче ќе можете брзо да избирате кој од тие два уреди ќе го слушате преку слушалките.
Слушалките WH-1000XM5 ја поддржуваат новата и практична функција за брзо впарување на Google. Таа ви овозможува лесно да пронајдете каде сте ги оставиле вашите слушалки со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку апликацијата Find My Device од Google во вашиот паметен телефон.
Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките со вашиот лаптоп со Windows 11 или Windows 10, компјутер или таблет-уред. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат инструкции за впарување.
Со огромно траење на батеријата од 30 часа, ќе имате доволно енергија дури и за долгите патувања. Ако ви треба полнење кога брзате, за само 3 минути добивате енергија за 3 часа користење со изборниот AC-адаптер компатибилен со USB PD.
Слушалките WH-1000XM5 имаат поставки за интуитивна контрола на допир - на пример, притиснете го копчето на левата страна за да преминете од режим за поништување на шум во режим за амбиентален звук или, пак, допрете ја подлогата на допир на десната страна за да репродуцирате или да ја паузирате музиката, да прескокнувате песни, да ја менувате јачината на звукот и многу повеќе.
Носете ги слушалките во меката футрола со усогласена боја. Извадете ги и ставете ја футролата што се преклопува во торба.
Отворете го пакувањето на вашите слушалки WH-1000XM5 и ќе пронајдете футрола за носење, кабел за слушалки (прибл. 1,2 м) и USB-кабел за полнење.
Пакувањето на WH-1000XM5 не содржи пластика и е дизајнирано според стандардите за мала токсичност и филозофијата „Создадено за повторно создавање“ за подобро општество. Пакувањето е произведено од рециклирани и одржливи материјали создадени специјално за Sony. WH-1000XM5 користат и рециклирани пластични материјали од автомобилски делови.
Етикета за испуштање јаглерод
Во Европа, со WH-1000XM5 се постигна намалување на емисиите на јаглерод во споредба со претходниот модел WH-1000XM4 . Carbon Trust го провери ова намалување во 2025 година и ќе го проверува на секои две години согласно ISO14067. Carbon Trust е компанија за консултантски услуги поврзани со светската клима, чија мисија е да ја забрза транзицијата кон иднина без јаглерод. За да ги дознаете дефинициите за CO2e, испуштањето јаглерод и условите за добивање на етикетата Carbon Trust, кликнете на копчето подолу.
Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Sound Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формата на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување.
Веруваме дека технологијата треба да го направи светот поинтерактивен, покреативен, позабавен и сеопфатен. Сеопфатниот дизајн што ги зема предвид потребите на луѓето и што го применуваме за нашите аудиопроизводи, ни помага да го пренесеме нашето доживување Kando на сите корисници, независно од нивната возраст, способност или опкружување.