Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- ТЕЖИНА
- Прибл. 250 гр.
Општи карактеристики
- ВИД НА СЛУШАЛКИ
- Затворени, динамички
- ЗВУЧНИК
- 30 мм
- МАГНЕТ
- Неодимиум
- ИМПЕДАНСА (ОМИ)
- 48 оми (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е вклучен), 16 оми (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е исклучен)
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
- 4 Hz - 40.000 Hz (JEITA)
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (АКТИВНО КОРИСТЕЊЕ)
- 4 Hz - 40.000 Hz
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ BLUETOOTH®)
- 20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) 20 Hz - 40.000 Hz (семплирање со 96 kHz LDAC, 990 kbps)
- ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
- 102 dB (1 kHz) / mW (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е вклучен), 100 dB / mW (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е исклучен)
- КОНТРОЛА НА ЈАЧИНА НА ЗВУК
- Сензор за допир
- ВИД НА КАБЕЛ
- Едностран (отстранлив)
- ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
- прибл. 1,2 м
- ПРИКЛУЧОК
- Позлатен стерео мини приклучок со облик L
- ВЛЕЗ(ОВИ)
- Мини стерео приклучок
- СТИЛ НА НОСЕЊЕ
- Поставување преку увото
- DSEE Extreme
- Да
- ПАСИВНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ
- Да
- РЕЖИМ ЗА АМБИЕНТАЛЕН ЗВУК
- Да
Батерија
- ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- Прибл. 3,5 часа
- МЕТОД ЗА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- USB
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (КОНТИНУИРАНО ВРЕМЕ ЗА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА)
- Макс. 30 часа (вклучен NC), макс. 40 часа (исклучен NC)
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА)
- Макс. 24 часа (вклучено NC), макс. 32 часа (исклучено NC)
Bluetooth® спецификации
- ВЕРЗИЈА НА BLUETOOTH®
- Спецификација на Bluetooth® верзија 5.2
- ЕФЕКТИВЕН ОПСЕГ
- 10 м
- ФРЕКВЕНТЕН ОПСЕГ
- 2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
- ПРОФИЛ
- A2DP, AVRCP, HFP, HSP
- ПОДДРЖАН(И) ФОРМАТ(И) ЗА ЗВУК
- SBC, AAC, LDAC
- ЗАШТИТА НА ПОДДРЖАНИ СОДРЖИНИ
- SCMS-T
Поништување на шумот
- ЛИЧЕН ОПТИМИЗАТОР ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ШУМ
- Auto NC Optimizer
- ОПТИМИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРСКИОТ ПРИТИСОК
- Да
- РЕЖИМ ЗА АМБИЕНТАЛЕН ЗВУК
- Да
- БРЗО СТИШУВАЊЕ
- Да
Опции на бои
Што има во пакетот
- Торба за носење
- Кабел за поврзување
- Кабел за USB

Функции
Напредното поништување шум
Од бучава во авион до гласови на луѓе, нашите безжични слушалки WH-1000XM5 го поништуваат шумот со повеќе микрофони за да спречат пропуштање на повеќе звуци со високи и средни фреквенции. А благодарение на Auto NC Optimizer, поништувањето на шумот се оптимизира автоматски според условите за носење и опкружувањето.
Технологија за повеќе сензори за шум
Вградувањето по четири микрофони во секоја слушалка е нашиот најголем напредок во поништувањето на шумот. Амбиенталниот звук се снима уште попрецизно и овозможува значително намалување на високофреквентниот шум. Благодарение на Auto NC Optimizer, перформансите за поништување шум се оптимизираат автоматски и секогаш врз основа на условите за носење и надворешните фактори во опкружувањето како што е атмосферскиот притисок.
Неспоредливо поништување на шум
Специјално дизајниран од Sony, процесорот V1 го искористува целиот потенцијал на нашиот процесор QN1 за HD-поништување на шум. Оваа уникатна комбинација на технологии контролира осум микрофони за да овозможи ненадминат квалитет за поништување шум.
Специјално дизајниран звучник од 30 мм
Специјално дизајнираниот звучник од 30 мм со мек раб го подобрува поништувањето на шумот за да слушате реална музика без амбиентален шум. Композитниот материјал од карбонски влакна овозможува мала тежина и голема цврстина на куполата и подобрена јасност на звукот, особено во високофреквентните опсези.
Врвен звук, приспособен до совршенство
Специјално дизајнираниот звучник од 30 мм со лесна и цврста купола, направен од композитен материјал со карбонски влакна, ја подобрува чувствителноста за високи фреквенции за да создаде поприроден и квалитетен звук. Во уникатните технологии на Sony спаѓа и врвниот лем без олово што содржи злато заради одлична спроводливост, отпорник за врвен звук заради еднаква дистрибуција на струја и оптимизирано електронско коло за подобар сооднос помеѓу сигналот и шумот заради јасен и доследен звук.
Уживајте во звук со висока резолуција, со и без кабли
Слушалките WH-1000XM5 поддржуваат звук со висока резолуција и безжичен звук со висока резолуција благодарение на LDAC, нашата технологија за кодирање звук што е прифатена во целата индустрија. LDAC пренесува приближно три пати повеќе податоци од стандардниот Bluetooth®-звук за да овозможи исклучително квалитетен звук со висока резолуција.
Обновување на сите компресирани датотеки во реално време
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата.
Напреден квалитет на повици
Нашата технологија за прецизно откривање гласови користи четири микрофони со просторно филтрирање и алгоритам за намалување на шумот основан врз AI за да може прецизно да го изолира вашиот глас. Новосоздадената структура за намалување на шумот предизвикан од ветер го минимизира шумот од ветерот за време на повиците. Независно каде сте, секогаш ќе слушате и ќе бидете слушнати јасно.
Повеќе микрофони, фокусирани на вашиот глас
Овие слушалки, опремени со четири микрофони со просторно филтрирање, се калибрирани да го снимаат само вашиот глас. Подобрениот сооднос помеѓу сигналот и шумот им овозможува да ги доловат сите зборови, дури и кога има многу шум околу вас.
Извонредно јасни повици без шум
Благодарение на технологијата за прецизно откривање гласови и напредната обработка на аудиосигнали, соговорникот ќе може јасно да го чуе вашиот глас при повиците, дури и кога сте во бучни опкружувања. Нашиот алгоритам за намалување шум го создадовме со машинско учење со AI, а притоа искористивме повеќе од 500 милиони примероци од гласови, за да го намалиме амбиенталниот шум и јасно да го истакнеме вашиот глас во различни опкружувања. [1 = со шум, 2 = без шум].
Целодневна удобност со бесшумен дизајн
Овие лесни слушалки имаат прекрасна завршна обработка од новосоздадена „мека кожа“. Овој материјал се прилепува околу главата со помал притисок врз ушите, а притоа спречува навлегување на надворешните звуци. WH-1000XM5 имаат бесшумен дизајн со лизгач без положби на запирање, непречено вртење и закачување.
Приспособливата контрола на звукот се прилагодува кон тоа што го правите
Приспособливата контрола на звук е паметна функција што открива каде се наоѓате и што правите, а потоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук за да создаде идеално доживување при слушањето. Кога ќе ја активирате, таа учи каде се движите и ги препознава локациите што често ги посетувате, како што е вашето работно место или омилениот кафе бар, а потоа го приспособува звукот според опкружувањето.
Speak-to-Chat за попрактично користење
Штом започнете некој разговор, функцијата Speak-to-Chat автоматски ја запира музиката и почнува да го пропушта амбиенталниот звук - ова е практично ако не сакате да ги извадите слушалките или сакате да разговарате без да ги користите рацете. Оваа паметна функција користи микрофони што се вградени во слушалките и напредна обработка на аудиосигнали за да го препознае и да реагира на вашиот глас. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира.
Моментална пауза. Моментална репродукција.
Само извадете ги слушалките и музиката ќе запре - капацитивниот сензор открива кога ги носите. Исто така, ја зголемува прецизноста за откривање и го подобрува дизајнот. Вратете ги слушалките и музиката повторно ќе започне.
Брз пристап до вашата омилен музика
Со Quick Access може да ги конфигурирате слушалките да продолжат да репродуцираат музика од Spotify со две или три допири - не треба да го допирате вашиот паметен телефон.
Контролирајте со вашиот глас
Добијте помош без да ги користите рацете - само изговорете „Hey Google“ или „Alexa“ за да го активирате саканиот гласовен помошник. Слушајте музика, поврзете се со пријателите, добивајте известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе. Може да контролирате и функции на слушалките како што е поништувањето шум со помош на вашиот глас, да слушате музика и да управувате со е-пораките на Microsoft Outlook и да се вклучувате на состаноци на Microsoft Teams користејќи Google Assistant или Siri.
Максимална практичност, максимално приспособување
Слушалките WH-1000XM5 се уште подобри со апликацијата Sound Connect. Едноставниот и интуитивен интерфејс ви овозможува да добиете идеален звук и поставки за кратенки, и да ја прегледувате вашата неодамнешна историја на слушање. Безбедното слушање ви овозможува да проверите дали ги следите препорачаните навики за здраво слушање според СЗО.
Поврзување со повеќе уреди
Заради максимална практичност, овие слушалки со Bluetooth® може да се впарат со два уреди со Bluetooth® истовремено. Кога ќе добиете повик, слушалките ќе знаат кој уред ѕвони и автоматски ќе се поврзат со тој уред. Исто така, со притиснување едно копче ќе можете брзо да избирате кој од тие два уреди ќе го слушате преку слушалките.
Најдете ги вашите слушалки со Fast Pair
Слушалките WH-1000XM5 ја поддржуваат новата и практична функција за брзо впарување на Google. Таа ви овозможува лесно да пронајдете каде сте ги оставиле вашите слушалки со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку апликацијата Find My Device од Google во вашиот паметен телефон.
Лесно впарување со вашиот компјутер
Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките со вашиот лаптоп со Windows 11 или Windows 10, компјутер или таблет-уред. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат инструкции за впарување.
Енергија за цел ден и брзо полнење
Со батеријата што трае до 30 часа ќе имате доволно енергија дури и за долги патувања. Доколку треба брзо да ја дополните батеријата, за само 3 минути може да наполните доволно енергија за 3 часа користење со изборниот AC-адаптер компатибилен со USB-PD.
Сè е на дофат на вашите прсти
Слушалките WH-1000XM5 имаат поставки за интуитивна контрола на допир - на пример, притиснете го копчето на левата страна за да преминете од режим за поништување на шум во режим за амбиентален звук или, пак, допрете ја подлогата на допир на десната страна за да репродуцирате или да ја паузирате музиката, да прескокнувате песни, да ја менувате јачината на звукот и многу повеќе.
Футрола што се преклопува и заштедува простор
Носете ги слушалките во меката футрола со усогласена боја. Извадете ги и ставете ја футролата што се преклопува во торба.
Што има во кутијата
Отворете го пакувањето на вашите слушалки WH-1000XM5 и ќе пронајдете футрола за носење, кабел за слушалки (прибл. 1,2 м) и USB-кабел за полнење.
Подобри за животната средина
Пакувањето на WH-1000XM5 не содржи пластика и е дизајнирано според стандардите за мала токсичност и филозофијата „Создадено за повторно создавање“ за подобро општество. Пакувањето е произведено од рециклирани и одржливи материјали создадени специјално за Sony. WH-1000XM5 користат и рециклирани пластични материјали од автомобилски делови.
Прекрасно. Реално.
Опкружете се со звук од сите страни. Тој е толку реален што ќе се чувствувате како на концерт во живо или како да сте заедно со изведувачот на снимање во музичко студио. Благодарение на 360 Reality Audio, музиката никогаш не била поубава и пореална. Со овие слушалки ќе уживате во 360 Reality Audio.
Вашата нова, сиво-розова боја
Нежна и софистицирана розова боја со елегантен и придушен тон кој се вклопува во вашата личност. Зрнестата мат текстура и бојата со нежна розова нијанса создаваат умерена сјајност, а притоа се усогласуваат со тонот на вашата кожа и модниот стил.
Scene-based listening
Создава аудиодоживување кое е приспособено само за вас, преку откривање на тековната ситуација и сцената, како одење, трчање и вежбање.
Репродуцира музика автоматски.
Уживајте во музиката токму тогаш кога ви е потребна, со вклучување на функцијата „носете за да слушате“ која се приспособува според сцената. Репродукцијата започнува автоматски кога ќе ги ставите слушалките - нема потреба да го допирате паметниот телефон - и ќе слушате соодветна музика која се одредува според вашите секојдневни рутини или според вашите активности, како секојдневна прошетка, вежбање во сала или патување. Со Voice Cue, пак, ќе добивате известувања за важни информации како закажани термини и потсетници, за да може секогаш да бидете поврзани и со реалноста и со забавата, каде и да сте.