Слушалки MDR-10RC
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Слушалки со звук на кој му веруваат изведувачите
Создадени од и наменети за љубителите на музика, MDR-10RC се добиени како резултат на потрагата по реален и веродостоен звук. Почувствувајте го секој удар на басот и сите емотивни високи тонови како што ги замислил изведувачот.
Соработка на професионалци од музичката индустрија
Sony се здружи со членовите на The Script со јасна цел: да создаде слушалки на кои ќе им веруваат музичките ѕвезди. Музичката група работеше со Sony за да создадат слушалки кои ќе репродуцираат звук со целосен опсег почнувајќи од јасни вокали па сè до бас кој ќе го раздрма вашето тело и ќе бидат доволно стилски за носење и во студиото и надвор од него.
Кога сакате да се изолирате од целиот свет, не постои подобро решение освен да се препуштите на музиката. Слушајте удобно со обложени ушни капачиња и лентата за на глава со опкружувачки дизајн.
Дизајнот со преклопување овозможува лесно складирање во торба
Ако слушалките ви се неопходни при работа, во ноќта и за време на патувањата, дизајнот на преклопување е задолжителен. Исто така, тој овозможува заштита и спречува заплеткување на каблите.
Почувствувајте ја моќта на динамичниот звучник од 40мм
Слушалките MDR-10RC ќе ги задоволат сите потреби на големите љубители на бас. Почувствувајте ги длабоките удари со динамичниот неодимиумски звучник од 40мм. Обликуваните отвори за воздух нудат максимален проток на воздух во слушалките, овозможувајќи подобар одзив за ниските тонови.
Слушајте длабоки ниски и неверојатно високи тонови од 5Hz до 40kHz.
Динамичните неодимиумски звучници од 40мм нудат моќен бас.
Слушалките MDR-10RC имаат ушни перничиња и мазна надворешна обработка. Изберете црвена, црна или бела боја, во зависност од вашиот стил.
Спецификации и функции
- Звучник
- 40 мм, динамички – тип на купола
- Фреквентен одзив
- 5–40.000Hz
- Должина на кабел
- 1,2 м
Што има во пакетот
Футрола за носење, Кабел за поврзување – 1,2 м, Кабел со далечински управувач и микрофон – 1,2 м