СЛУШАЛКИ MDR-10RC

Сите спецификации и функции

MDR-10RC

Големина и тежина

Тежина
165 гр.

Општи карактеристики

Затворен вид
Да
Звучник
40 мм, динамички – тип на купола
Динамичен вид
Да
Магнет 
Неодимиум
Импеданса (оми)
40 оми при 1kHz
Фреквентен одзив
5–40.000Hz
Чувствителности (dB/mW)
100 dB/mW
Вид на жица
Кабел за поврзување, кабел со далечински управувач и микрофон 
Должина на кабел
1,2 м
Приклучник
Позлатен стерео мини приклучок со облик L
Начин на носење
Headband, За на уво

Опции на бои

redwhiteblack

Што има во пакетот

  • Футрола за носење
  • Кабел за поврзување – 1,2 м
  • Кабел со далечински управувач и микрофон – 1,2 м
  • Гарантен лист
Placeholder

Функции

Слика од Слушалки MDR-10RC

Звук со висока резолуција за беспрекорен звук

Издигнете ја вашата колекција на дигитална музика на повисоко ниво со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција создава речиси совршени снимки од музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.

Контрола на одзив за ритамот

Технологијата за контрола на одзив за ритамот обезбедува цврст и длабок бас, што ја прави совршена за денешните музички стилови фокусирани на ниските фреквенции.

Фреквентен опсег од 5Hz до 40kHz

Извонредно широкиот фреквентен опсег – од 5Hz до 40kHz – е дизајниран за задоволување на потребите на денешната музика со моќен бас. Долниот крај од фреквентниот опсег ја репродуцира секоја моќна суб-бас нота, додека високиот крај од 40kHz ќе ви овозможи да уживате во вокалните мелодии со исклучителна јасност и висока резолуција.

Слика од Слушалки MDR-10RC

Динамички неодимиумски звучници

Лесните 40мм динамички неодимиумски звучници обезбедуваат моќен ритмички одзив дури и кај песните со најголеми барања. Во комбинација со PET дијафрагма, вие ќе можете да го засилите звукот на слушалките – без потреба од засилувач – па сепак да уживате во чистиот звук.

Отвори за подобрување на басот

Прецизно изработените отвори го максимизираат протокот на воздух во слушалките, овозможувајќи полесно "дишење" на PET дијафрагмата со обезбедување моментален одзив за моќните бас линии.

Дизајн со затворена задна страна

Дизајн на слушалките со затворена задна страна го минимизира истекувањето на звукот и негово задржување во вашите уши, така што вие ќе можете да уживате во омилените песни без надворешни пречки. Исто така, ќе можете да го почувствувате секој ритам, бидејќи дизајнот со затворена задна страна помага да се максимизира препознатливоста на басот од вашата музика.