FE 24mm F1.4 GM
Современата технологија резултира со врвни перформанси кај G Master, доследна висока резолуција и меки и природни ефекти на дефокусирање дури и при најширока вредност од F1,4. Објективот е компактен и најлесен во својата класа и нуди максимална преносливост. Тој се одликува и со брз и прецизен мотор за AF, врвно ниво на контрола и сигурност.
Погледнете видеозапис
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Галерија со фотографии
Оптичкиот дизајн со два XA-елементи (екстремно асферични) ги исполнува строгите предуслови на G Master и овозможува доследна висока резолуција низ целата слика. Тој содржи и три елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) за ефикасно намалување на хроматската аберација. Овој иновативен оптички дизајн го минимизира изобличувањето на светлината заради прецизен приказ на точкестите извори на светлина.
Новиот оптички дизајн со два прецизни XA-елементи го намалува изобличувањето на светлината кај објективи со голема решетка. Тоа може да предизвика неприродно распространување на точкастите светлосни извори што стануваат понагласени кон периферните делови на сликите.
Новиот оптички дизајн со кој се намалува дијаметарот на објективот поради употреба на два XA-елементи од кои едниот е за предниот елемент на објективот, заедно со новиот мотор за фокусирање DDSSM (SSM со директен погон), придонесуваат за неверојатно мала вкупна тежина од само 445 гр. (15,7 oz.). Поради помалата големина и тежина, објективот е идеален за користење со куќишта со E-приклучок за уште поголема преносливост.
Кружната решетка со 11 ливчиња го подобрува дефокусирањето благодарение на напредниот дизајн и процесот на производство со прецизна контрола на сферичната аберација. Минималното фокусно растојание од 0,24 метри (0,79 ft.) и максималното зголемување од 0,17x ви овозможуваат да фотографирате одблиску, а заедно со широкоаголниот приказ на објективот, да добиете и прекрасни перспективи со длабоко и раскошно дефокусирање.
Новодизајнираниот DDSSM со голема моќ, што е оптимизиран за овој објектив, нуди приближно трипати поголема моќ од претходниот систем за фокусирање. Зголемената моќ на новиот DDSSM овозможува побрзо, попрецизно и потивко автоматско фокусирање за да добиете неверојатни перформанси при фотографирање и снимање.
Копче за задржување на фокусот, прстен за решетката, преклопник за звук на решетката, MF со линеарен одзив, дизајн што е отпорен на прав и влага и преден елемент со слој од флуор за професионална контрола и сигурност при снимање и фотографирање.
Објективите G Master нудат повисоки нивоа на обработка на слика и изразување, со екстремно висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање на заднината.
[1] Екстремно асферичен објектив (XA-објектив) [2] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)
MTF објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм)
[3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција
[6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности
[9] Тангентни вредности
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
1. Прстен за фокусирање / 2. Прстен за решетката / 3. Копче за задржување на фокусот / 4. Преклопник за режими на фокусирање / 5. Индекс на решетката / 6. Преклопник за звук на решетката
Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.
За одредени фотоапарати може да биде потребно ажурирање на софтверот заради максимална функционалност.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,24 м (0,79 ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0.17
- Пречник на филтерот (мм)
- 67
- Тежина
- 445 гр. (15,7 oz.)
Што има во пакетот
Сенило (модел): ALC-SH154, Предно капаче за објектив: ALC-F67S, Задно капаче за објектив: ALC-R1EM, Торбичка