Сите спецификации и функции
Спецификации на објектив
- Додаток
- E приклучок од Sony
- Формат
- 35 мм за целосна слика
- Фокусна должина (мм)
- 24
- Еквивалентна фокусна должина од 35 мм (APS-C)
- 36
- Групи / елементи на објектив
- 10-13
- Агол на гледање (35мм)
- 84゚
- Агол на гледање (APS-C)
- 61゚
- Максимален отвор на бленда (F)
- 1.4
- Минимална решетка (F)
- 16
- Ливчиња на решетката
- 11
- Кружна решетка
- Да
- Минимално фокусно растојание
- 0,24 м (0,79 ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0.17
- Пречник на филтерот (мм)
- 67
- Стабилизација на слика (SteadyShot)
- - (вградено во куќиштето)
- Тип на сенило
- Во форма на цвет, во вид на бајонет
Големина и тежина
- Димензии (диј. x дол.)
- 75,4 x 92,4 мм (3 x 3-3/4 инчи)
- Тежина
- 445 гр. (15,7 oz.)
Што има во пакетот
- Сенило (модел): ALC-SH154
- Предно капаче за објектив: ALC-F67S
- Задно капаче за објектив: ALC-R1EM
- Торбичка

Функции
Неверојатна резолуција со F1,4 со пренослив примарен објектив
Огромната примена на современата технологија резултира со врвни перформанси кај G Master, доследна висока резолуција и меки и природни ефекти на дефокусирање, дури и при најшироката вредност од F1,4. Објективот е компактен и најлесен во неговата класа и ја искористува максималната преносливост на E-приклучокот. Тој нуди брз и прецизен AF, како и врвно ниво на контрола и сигурност што за професионалците претставува одличен избор.
Одлична резолуција низ целата површина
Оптичкиот дизајн со два XA-елементи (екстремно асферични) ги исполнува строгите предуслови на G Master и овозможува доследна висока резолуција низ целата слика. Тој содржи и три елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) за ефикасно намалување на хроматската аберација. Овој иновативен оптички дизајн го минимизира изобличувањето на светлината заради прецизен приказ на точкестите извори на светлина.
ED-стаклените елементи ја контролираат аберацијата на боите
Трите елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) се прецизно вградени во оптичката патека на објективот за да ја минимизираат оскината и латералната хроматска аберација, а притоа да овозможат оптимална острина низ целата слика.
Најсовремен оптички дизајн за реален приказ на точкести извори
Најсовремениот оптички дизајн со два прецизни XA-елементи го елиминира изобличувањето на светлината што е често присутна аберација кај објективите со голема решетка. Изобличувањето на светлината е феномен што предизвикува неприродно распространување на точкестите светлосни извори кои ќе изгледаат како птици со раширени крилја и ќе стануваат понагласени кон периферните делови на сликите. Правилната репродукција на точкестите извори на светлина е особено важно во сцени во кои, на пример, има ѕвезди или градски светилки навечер.
Анти-рефлексивниот нано слој ги намалува одблесоците
Оригиналната технологија за анти-рефлективен нано слој од Sony нуди ефикасно решение и ги намалува внатрешните рефлектирања што може да предизвикаат одблесоци и отсјај за да се добие оптимален контраст и острина во најразлични услови за фотографирање. (1. Анти-рефлективен нано слој / 2. Стакло / 3. Пропуштената светлина)
Компактен и лесен дизајн
Новиот оптички дизајн со кој се намалува дијаметарот на објективот поради употреба на два XA-елементи од кои едниот е за неговиот преден дел, заедно со новосоздадениот мотор за фокусирање DDSSM (SSM со директен погон), придонесуваат за неверојатно мала вкупна тежина од само 445 гр. (15,7 oz.). Поради помалата големина и тежина, овој објектив е идеален за користење со компактни куќишта со E-приклучок.
11-те ливчиња создаваат поубави ефекти на дефокусирање
Механизмот на решетката на објективот има 11 ливчиња, најмногу што досега биле вградени кај објективите α, како и кружен дизајн поради кој решетката има речиси совршена кружна форма дури и ако ја намалите вредноста на решетката за 1 или 2 чекори за да снимите прекрасни и кружни ефекти на дефокусирање. Сето тоа придонесува да добиете меко и рамномерно дефокусирање на заднината со што се истакнува објектот.
Моќен DDSSM што е редизајниран и оптимизиран за објективот
Редизајнираниот мотор за фокусирање DDSSM (SSM со директен погон) со голема моќ помага во намалување на големината и тежината на уредот, а нуди приближно трипати поголема моќ од претходниот мотор. Зголемената моќ на новиот DDSSM овозможува побрзо, попрецизно и потивко автоматско фокусирање за да добиете неверојатни перформанси при фотографирање и снимање.
Лесно откачување за видеоснимки
Прстенот за решетката нуди брзо ракување какво што им е потребно на професионалците за фотографирање и снимање. Преклопникот за ВКЛУЧЕН/ИСКЛУЧЕН звук на прстенот овозможува активирање или деактивирање на звукот на прстенот за решетката, во зависност од потребата. Со активирање на звукот на прстенот добивате повратен ефект што ќе ви олесни да одредите колку сте го прилагодиле прстенот, а тоа е одлична помош при фотографирањето. Кога звукот на прстенот за решетката е деактивиран, тогаш тој се движи рамномерно и тивко, овозможувајќи беспрекорна и тивка контрола за снимање.
Лесно ракување со разновидни опции
Копчето за задржување на фокусот се прилагодува во менито на куќиштето. Корисникот може директно да пристапи до секундарна функција што е доделена на копчето за задржување на фокусот, како на пример, „Линии во форма на решетка“ за проверка на кадарот при снимање пејзажи или „Баланс на белата боја“ за прилагодување на балансот на белата боја за да одговара на тековните услови на осветлување или за да создаде специфична атмосфера.
Голема сигурност во лоши услови
Прстенот за фокусирање има гумен слој што го олеснува користењето дури и при ниски температури, копчето за заклучување на сенилото за објективи спречува случајно откачување на сенилото при транспорт, а дизајнот отпорен на прав и влага овозможува сигурно користење во надворешни услови.
Разновидна и лесно достапна контрола на фокусот
Прекинувачот за режим на фокусирање овозможува брзо избирање на автоматски или рачен фокус во зависност од променливите услови за фотографирање.
Преден елемент обложен со флуор
Слојот со флуор на предниот елемент нуди отпорност од отпечатоци од прсти, прав, вода, масло и кал и овозможува лесно чистење доколку се акумулираат на површината на објективот.
Одличен одзив и прецизна и линеарна контрола на фокусот
Прстенот за фокусирање се одликува со MF со линеарен одзив за прецизна и брза рачна контрола на фокусот. Фокусот се менува линеарно според ротацијата на прстенот за фокусирање, овозможувајќи му на корисникот брза контрола каква што е потребна за брзо и прецизно рачно фокусирање.