Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080
Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080
Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080
Краток преглед на најважните функции
Звук со висока резолуција
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Разновиден. Модерен. Моќен.

STR-DN1080 се одликува со флексибилни решенија за звучници, DTS:X и поддршка за Dolby Atmos и нуди моќен опкружувачки звук како во кино кој совршено се прилагодува кон вас и вашето опкружување.

Вашиот идеален домашен аудио систем

STR-DN1080 е дизајниран со флексибилни решенија за звук што се прилагодуваат во опкружувањето за да го добиете најдоброто аудио доживување, независно од системот.  

Уживајте во квалитет како во кино

Новата технологија за звучни полиња нуди комбинација од напредна автоматска калибрација и беспрекорно преместување на звучниците за да создаде воодушевувачки кино звук каков што досега не сте слушнале во домот.

Побарајте го Inferno на 4K Ultra HD

Беспрекорна автоматска калибрација

D.C.A.C EX нуди комбинација од автоматска калибрација и виртуелно преместување на звучниците која автоматски ги оптимизира фреквенциите на звучниците, фазите и доцнењата за да создаде совршено звучно поле за вашата просторија.  

Јасен приказ со висок динамички опсег

Со поддршката за проследување HDR сигнали ќе уживате во неверојатното подобрување на светлината и контрастот на сликата, а сенките и осветлените делови уште повеќе ќе ги подобрат деталите на сликата и ќе внесат реалистичност во боите. Поддржани се и најновите стандарди за HDR како HDR10, HLG (Hybrid Log-Gamma) и Dolby Vision™.

Лизгач за HDR
СТАНДАРДЕН
HDR
HDR
Оптимална репродукција на звук
Поддршка за формати
Формати на аудио фајлови со висока резолуција

STR-DN1080 поддржува повеќе различни формати на звук со висока резолуција, меѓу кои и DSD и Linear PCM. Освен тоа, можете да репродуцирате преку USB, HDMI и DLNA, а опцијата за повеќе канали ви овозможува да го надополните системот за опкружувачки звук со висококвалитетен звук.

Едноставен пристап до вашата музика

Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.

Chromecast built-in
Chromecast built-in

Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Spotify
Spotify Connect

Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.

Проследувајте со Chromecast built-in

Проследувајте музика, podcast-содржини и радио преку повеќе од 100 апликации за музика, како YouTube Music и многу други.

Поврзете се

За системите за динамичка домашна забава се достапни шест HDMI влезови и два излези, преден USB приклучок, оптички дигитални и аналогни AV приклучоци. Поврзете го вашиот телевизор, Blu-ray Disc™ плеер, паметен телефон и многу повеќе, на брз и едноставен начин.

HDMI®
Шест HDMI влезови и два излези

Со шест HDMI влезови и два HDMI излези - вклучувајќи еден HDMI излез за втора зона - ќе имате доволно простор за тековната опрема и идните надградби.

USB
Стандардна DSD репродукција преку DLNA, HDMI и USB

Репродуцирајте DSD преку уреди поврзани на DLNA мрежа или поврзете се преку USB со поддршка за репродукција на звук со висока резолуција до 24 бита/192 kHz.

LDAC
LDAC™: за пренос на содржини со звук со висока резолуција

LDAC пренесува три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј квалитет е сличен со звукот со висока резолуција.1

Допрете, поврзете и репродуцирајте

Безжично слушање со NFC со еден допир. Допрете компатибилен паметен телефон до ресиверот и добијте звук преку Bluetooth.

NFC BT
AirPlay
Звук преку AirPlay

Уживајте во музика преку уреди што поддржуваат AirPlay.

Wi-Fi®
Поврзување преку Wi-Fi®

Репродуцирајте музика од услуги на интернет и од вашата домашна мрежа. 

Звук кој останува со вас

Проследувајте музика низ целиот дом со Sony | Music Center

Слушајте ја истата прекрасна песна низ целиот дом со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата Sony | Music Center (претходно наречена SongPal). Користете Sony | Music Center Link за да групирате компатибилни системи за звук од Sony, а потоа проследувајте музика во повеќе простории.

Квалитетни делови за извонреден звук

Секоја компонента на STR-DN1080 е дизајнирана на оптимален квалитет на звукот.

Спецификации и функции

Надградете го системот за домашна забава со STR-DN1080 кој се одликува со поддршка за Dolby ATMOS и DTS: X. Со eARC ќе уживате во најновите формати за звук преку еден HDMI-кабел и компатибилен телевизор. Решенијата со флексибилни и фантомски звучници ви овозможуваат да направите идеален систем за звук. HDMI приклучокот кој е компатибилен со 4K и HDR ги поддржува најновите стандарди за видео, вклучувајќи HDCP 2.2 заштита на содржини за 4K содржини.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Квалитетен опкружувачки звук со поддршка за Dolby ATMOS и DTS:X

  • Поврзување преку 6 влезни/2 излезни HDMI приклучоци со проследување на 4K/60p содржини (4:4:4), поддршка за HDCP 2.2 и поддршка за HDR

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • Wi-Fi®, AirPlay и Chromecast built-in за проследување музика

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Награди

Награди