Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д мм)
430 x 156 x 331
Тежина (кг)
9,7

Општи карактеристики

Автоматски режим на подготвеност
Да
GUI (графички кориснички интерфејс)
ДА (само преку HDMI)
Енергетски потреби
230V 50 / 60Hz

Засилувач

Број на канали на засилувач
7 кан.
Број на канали што може да се декодираат
7-кан. + 2-кан. фантом
Излезна моќност
165 W (6 оми, 1 kHz, 1-кан. THD 0,9%)
Звучно поле
2-кан. стерео, директен, повеќеканален стерео, Dolby Surround, Neural: X, Front Surround, подобрување на звукот, 2-кан. за слушалки

Функции за звук

Технологии за подобрување на звукот
Стандардна DSD репродукција, DSEE HX, чист директен звук, оптимизирање на звук, подигнување на централен звучник, Digital Legato Linear, режим за звучници во таванот
Формат на декодирање за HDMI
DSD, LCPM, Dolby Atmos, Dolby Digital, Dolby Dual Mono, DTS: X, DTS HD MA, DTS HD HR, DTS, DTS-ES (Matrix6.1 / Discrete6.1), DTS 96 / 24
Формат со висока резолуција
DSDIFF (DSD): До 5,6 MHz 5.1-кан., DSF: До 5,6 MHz 5.1-кан., WAV (LCPM): До 192 kHz/24 бита 7.1-кан., AIFF (LCPM): До 192 kHz/24 бита 5.1-кан., FLAC: До 192 kHz / 24 бита 5.1-кан., ALAC: До 192 kHz / 24 бита 5.1-кан.
Друг формат
[MP3].MP3, [AAC / HE-AAC].m4a, .AAC, [WMA9 Standard].WMA
Функции за калибрација
D.C.A.C. EX; преместување на звучници; заден фантомски звучник за опкружувачки звук; автоматско усогласување на фаза; микрофон за калибрација (стерео)

Видео карактеристики

HDMI® проследување
Да
Поддршка за 4K 60p 4:4:4
Да (освен за VIDEO1 влез)
3D преку HDMI®
Да
A/V SYNC
Да (променливо)
Повратен аудио канал
Да(eARC / ARC)
BRAVIA Sync (CEC контрола)
Да (репродукција со еден допир, контрола на звукот на системот, исклучување на напојувањето на системот)
HDMI® проследување
Да

Поврзување во мрежа

Мрежни функции
Ресивер за Bluetooth, предавател за Bluetooth, NFC, Wi-Fi, Airplay, апликација за контрола на мобилни уреди, безжично слушање во повеќе простории
CHROMECAST BUILT-IN
Да

Мрежни карактеристики

SPOTIFY CONNECT
Да

Функции на приемникот

FM/AM
Да / -
Мемориран канал (FM/AM)
TTL30 (30 / -)
RDS
Да

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0,4 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
1,5 W (Bluetooth) / 1,5 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 19 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 19 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
Променете ги поставките за Bluetooth во „MENU“(Setup -> Bluetooth Settings (Поставки за Bluetooth®) -> Bluetooth Mode (Bluetooth® режим) -> ИСКЛУЧЕНО).

Прил. функции за инстал. и контрола

Звук во зона 2
Звучник (варијабилен) / линија (варијабилна, фиксна)
HDMI зона
Да
IR проследување (влез/излез)
Да (1 / 1)

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Оптички аудио влез (1); коаксијален аудио влез (1); аналоген аудио влез (4); излез за предзасилувач за сабвуфер (2); композитен излез за монитор (1); излез за слушалки (1); USB (1 преден); приклучок за етернет (1)
Излезни приклучоци за звук
Преден A, централен, опкружувачки звук, заден за опкружувачки звук, зона 2 (стандарден со заден за опкружувачки звук), висина (стандарден со заден за опкружувачки звук), преден B (стандарден со заден за опкружувачки звук), Bi-AMP (стандарден со заден за опкружувачки звук)
HDMI со поддршка за HDCP2.2 влез/излез
6 / 2

Функции

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Запознајте се со Dolby Atmos 

Dolby Atmos нуди неверојатна реалистичност со опкружувачки звук од 360° и прецизно го позиционира звукот во вашето опкружување за да може 7.1.2-каналниот звучник (заедно со задниот фантомски звучник за опкружувачки звук) да ве обвитка во звук - дури и одозгора. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Запознајте се со DTS: X

Декодирањето со DTS-X создава повеќедимензионален опкружувачки звук што се адаптира кон вашите звучници во реално време. Звуците може да се позиционираат прецизно околу вас и над вас благодарение на 9-те канали за звучници (заедно со задните фантомски звучници за опкружувачки звук) и декодирањето на звук основано врз предмети

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Флексибилни решенија за звучници

Решенијата со флексибилни звучници од Sony го „преместуваат“ звукот за да симулираат оптимална положба и агол за најдобро слушање, а притоа ги надминуваат сите физички пречки во просторот. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Заден фантомски звучник

Задниот фантомски звучник за опкружувачки звук создава прекрасен звук како од вистински задни звучници за опкружувачки звук, овозможувајќи ви да слушате 7-кан. опкружувачки звук со 5-кан. систем на звучници.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Виртуелен опкружувачки звук со S-Force Pro Front Surround

S-Force PRO Front Surround е идеален за помали простории и нуди виртуелно и опкружувачко акустично поле преку само 2 звучника. Нема потреба да поставувате задни звучници зад вас.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Беспрекорна автоматска калибрација

D.C.A.C EX нуди комбинација од автоматска калибрација и виртуелно преместување на звучниците која автоматски ги оптимизира фреквенциите на звучниците, фазата и доцнењата за да создаде совршено звучно поле за вашата просторија.  

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Уживајте во доследен 4K квалитет

Задржете го 4K квалитетот од изворот до екранот - функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување податоци низ ресиверот без намалување на квалитетот на сликата и е компатибилна со HDCP 2.2.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Јасен приказ со висок динамички опсег

Со поддршката за проследување HDR сигнали можете да уживате во неверојатното подобрување на светлината и контрастот, а дополнителните сенки и осветлените делови уште повеќе ги подобруваат деталите на сликата и внесуваат реалистичност во боите.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Стандардна репродукција на DSD

Создаден за звукот со висока резолуција од страна на Sony и Philips, компаниите кои го создадоа оригиналниот CD формат, DSD (Direct Stream Digital) нуди револуционерен начин на снимање и репродуцирање на звукот. Неговата фреквенција на семплирање е 128 пати поголема отколку кај CD дисковите, а нуди 8 пати повеќе податоци од CD, со што се добива ново ниво на звук. Потполно различен од PCM форматот, DSD користи метод на кодирање со модулација на пулсирање и густина за зачувување на звукот, изразувајќи го звукот преку интензитетот на пулсирање на дигиталниот звук со 1 бит кој уште подобро ја отсликува природата на аналогната бранова форма на звукот. На тој начин може да се репродуцира топол и природен звук кој е сличен со аналогниот, надополнет со дигиталните придобивки што ги нуди широкиот динамички опсег и фреквентниот одзив кој надминува 100 kHz. Бидејќи STR-DN1070 поддржува стандардна репродукција на DSD (Direct Stream Digital), не се врши никаква конверзија, така што ќе можете да уживате во DSD содржините без да се изгуби нивната оригинална јасност.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Формати на аудио фајлови со висока резолуција

STR-DN1080 поддржува повеќе различни формати на звук со висока резолуција, меѓу кои и DSD и Linear PCM. Освен тоа, можете да репродуцирате преку USB и DLNA, а опцијата за повеќе канали ви овозможува да го надополните системот за опкружувачки звук со висококвалитетен звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Подобрување со DSEE HX

Технологијата DSEE HX™ ја подобрува вашата музика со квалитет сличен на звукот со висока резолуција, за да се чувствувате како да сте во студио за снимање или на концерт.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Chromecast built-in

Проследувајте музика, podcast содржини и радио преку повеќе од 100 аудио апликации, вклучувајќи го Google Play™ Music и многу повеќе од паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Дознајте повеќе за Chromecast built-in

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Spotify Connect

Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.

Дознајте повеќе за Spotify

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Шест HDMI влезови и два излези

Со шест HDMI влезови и два HDMI излези - вклучувајќи еден наменски HDMI излез за втора зона - ќе имате доволно простор за тековната опрема и идните надградби.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Стандардна DSD репродукција преку DLNA, HDMI и USB

Репродуцирајте DSD преку уреди поврзани на DLNA мрежа или поврзани преку USB со поддршка за репродукција на звук со висока резолуција до 24 бита/192 kHz.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

LDAC™: за пренос на содржини со звук со висока резолуција

LDAC емитува приближно три пати повеќе податоци (со максимална брзина на пренос: 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен со звукот со висока резолуција.

Запознајте се со LDAC

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Допрете, поврзете и репродуцирајте

Безжично слушање со NFC со еден допир. Допрете компатибилен паметен телефон до ресиверот и добијте звук преку Bluetooth.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Звук преку AirPlay

Уживајте во музика преку уреди што поддржуваат AirPlay.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Проследувајте музика низ целиот дом со Sony | Music Center

Слушајте ја истата прекрасна песна низ целиот дом со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата Sony | Music Center. Користете ја апликацијата Sony | Music Center за да групирате одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика во повеќе простории.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Поврзување преку Wi-Fi®

Репродуцирајте музика од услуги на интернет и од вашата домашна мрежа. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Совршен пар

Впарете го најновиот 4K UHD Blu-Ray плеер UBP-X800 со ресиверот STR-DN1080; за најдобро доживување на домашната забава. Од стилски координиран дизајн до слика и звук со врвен квалитет - убавината е во деталите. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Висококвалитетен DA конвертор

DSD создава звук со огромно чувство на простор и прецизна интерпретација на оригиналната замисла на изведувачот. Со избирање на стандардната репродукција на DSD, дигиталната обработка на сигнали се елиминира за да се добие оригиналната чистота на DSD, но доколку сакате, може да изберете дигиталната обработка на сигнали со 32-битна дигитално-аналогна конверзија. Згора на тоа, 5.1-кан. опкружувачки звук со DSD 5,6 MHz нуди навистина прекрасно филмско доживување при кое можете максимално да ги искористите придобивките на DSD.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Квалитетни кондензатори

Новосоздадените електролитички кондензатори за висококвалитетен звук поставени на површината и подобрениот извор на напојување на дигитално-аналогниот конвертор и оптимизираните супстрати овозможуваат стабилен низок опсег со висока резолуција. 

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Oтпорник за врвен звук

Висококвалитетниот отпорник се монтира на површината и користи електроди од чист бакар за пренос на многу податоци за да добиете квалитетен звук, а е дизајниран земајќи го предвид ограничениот простор за електронските кола со голема густина.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Предзасилувач за јачина на звук IC од врвна класа

Новиот предзасилувач е подобар од другите ресивери во оваа класа во однос на звукот со висока резолуција. Заземјувањето во една точка и независниот уред за напојување создаваат почист звук со помалку пречки.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Моќен засилувач

За поголема стабилност и моќ се користи електронска плоча со епоксидно стакло. За разлика од поевтините обложени електронски плочи, внатрешните вибрации се намалени, со што се намалува изобличувањето и се добива голема моќ од дискретните засилувачи.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Осцилатори со неверојатна прецизност

Специјално дизајнирани за звук од HDMI извори, вакуумски затворените осцилатори спречуваат изобличување на сигналот и овозможуваат реалистична репродукција на музика со висока резолуција и опкружувачки звук со широко звучно поле.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Електронско коло за елиминирање на девијациите

Внимателно прилагодените аналогни и дигитални електронски кола го намалуваат треперењето за да овозможат прецизна обработка на звук во реално време.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Локализирано аналогно напојување со енергија

Секој дигитален уред има сопствен аналоген напонски регулатор кој го спречува шумот од високите фреквенции да го изобличат аналогниот сигнал.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Компоненти од врвна класа за чист звук

Кондензаторот и отпорниците од врвна класа за чист звук се поотпорни на пречки и овозможуваат врвна обработка на звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Создаден за одличен звук

Зајакната конструкција на куќиштето го намалува звучниот притисок на надворешниот звучник за понасочен и помоќен звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Трансформатор за напојување со голем капацитет

Потрагата за најквалитетниот звук почнува со моќен трансформатор. Внатрешната инсталација е обложена во услови со вакуум за доследен звук, а специјално дизајнираната заштита од бакар и челик овозможува моќен бас и прецизни фреквенции за вокали.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Три моќни DSP

Трите моќни процесори за дигитални сигнали ги поддржуваат најновите формати за 3D опкружувачки звук за да обезбедат најпрецизно декодирање на сигнали.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Нова дигитална електронска плоча

Новодизајнираната лиена метална конструкција и држачот на ладилникот ги заштитуваат електронските плочи од звучен притисок и радијација, за да се добие посилен и појасен звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Лемење од ES класа

Лемењето од ES класа за квалитет на звук се состои од мешавина од калај со голема чистота и мало количество на специјално одбрани метални елементи за да се добие моќен и префинет звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

32-битна обработка

Достапна е и поддршка за репродукција што не е стандардна DSD, каде што дигитално-аналогната конверзија се врши на DSP излезот обработен со 32 бита „таков каков што е“. Супериорната технологија DSP што Sony ја применува за AVR овозможува надградба на сите функции преку 32-битна дигитално-аналогна конверзија.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Дизајн на ладилникот

Новодизајнираните ребра нудат максимален доток на воздух, што им помага на електронските кола на засилувачот да издржат голем звучен притисок и да не прегреат.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Слушањето во зони нуди соодветна музика за секоја соба

Искористете ја сета моќ на 7.1.2 каналите во една просторија (главна) или уживајте во 5.2-канален звук во една просторија и споделете ги преостанатите 2 канали во друга (зона 2).

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

Едноставна контрола со графички кориснички интерфејс

Поставките на вашиот ресивер се прилагодуваат лесно, благодарение на интуитивното почетно мени. Контролирајте што гледате, препознавајте кои уреди се поврзани и избирајте го начинот на кој слушате со однапред поставените режими за звук.

Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN1080

HDMI eARC-кабел

Со HDMI eARC ќе уживате во најновите формати за опкружувачки звук со висока бит-стапка како Dolby Atmos® и DTS:X®, преку вашиот компатибилен телевизор.