USB DAC стерео засилувач за звук со висока резолуција
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Едноставно поврзете го UDA-1 со вашиот компјутер и слушајте ја вашата музичка колекција со висококвалитетен звук. UDA-1 е конвертор на дигитални во аналогни сигнали (DAC), со вграден засилувач и повеќе влезови за слушалки или звучници. Репродуцирајте музика директно од вашиот компјутер со звук кој е поблиску до оригиналната снимка.
UDA-1 е идеален начин да поставите звучен систем околу вашиот компјутер. Компактниот дизајн дискретно се вклопува во мали простори, додека двата USB приклучоци ви овозможуваат лесно поврзување на вашиот компјутер, лаптоп или паметен телефон (Android или iPhone). Или, пак, приклучете ги одделните аудио компоненти со оптички дигитален аудио (S/PDIF), коаксијален дигитален и линиски влез.
Слушнете ги сите суптилни детали со широк фреквентен опсег од 10-100Hz, кој ќе ве приближи поблиску до деталите на изведбите во живо.
Извлечете максимум од аудио формати со висока резолуција како што се FLAC, WAV, ALAC и DSD (Direct Stream Digital). UDA-1 поддржува и компресирани формати како MP3, AAC, ATRAC и WMA, обновувајќи го звукот токму како што го замислил изведувачот.
Уживајте во музиката со највисок квалитет. Технологијата за звук со висока резолуција го претвора аналогниот звук во дигитален со поголема стапка од CD дисковите, создавајќи звук со 24 бита/96kHz, во споредба со 16 бита/44,1kHz кај CD дисковите.
Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) ги подобрува музичките фајлови (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Со обновување на високите звуци кои се губат при компресирањето, DSEE ги репродуцира дигиталните музички фајлови со богат и природен звук.
Опремен со 2 x 23W аналогни засилувачи во цврсто алуминиумско куќиште со дебелина од 3мм, UDA-1 овозможува излезниот звук од вашата музичка колекција во компјутерот да биде кристално јасен.
Поврзете го UDA-1 со PC. Преземете ја апликацијата High-Resolution Audio Player од Sony на вашиот PC и репродуцирајте дигитална музика со звук со висока резолуција. Или, пак, репродуцирајте од музички плеери како iTunes, Media Go или Windows Media.
Спецификации и функции
- Излез (DIN)
- 23W + 23W
- Влезни и излезни приклучоци
- USB (2), Аналоген аудио влез (1), Аудио излез (1), Излез за слушалки (1), Излез на звучници (1), Коаксијален дигитален влез (1), Оптички дигитален влез (1)
- Тежина
- 4 кг