Слика од HDD плеер за звук со висока резолуција
Слика од HDD плеер за звук со висока резолуција
Слика од HDD плеер за звук со висока резолуција
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Уживајте во звукот со висока резолуција

Замислете дека вашите омилени песни ги слушате со ненадмината јасност и богат звук. HDD аудио плеерот HAP-Z1ES е совршен додаток за вашиот Hi-Fi систем, со технологија за преработка на Direct Stream Digital (DSD) која ја подобрува целата ваша музика. Хард дискот од 1TB нуди простор за целата ваша музика, овозможувајќи ви да ја слушате на правилен начин.

Практичен формат за сите ваши музички фајлови

HAP-Z1ES поддржува формати на звук со висока резолуција, како DSD, FLAC, WAV и ALAC, компресирани формати како MP3, AAC, ATRAC и WMA, а, исто така, го обновува нивниот квалитет речиси до оригиналната снимка.

Фреквентен опсег од 2Hz-80kHz
Детален звук низ целиот фреквентен опсег

Одличен звук со широк фреквентен опсег од 2Hz-80kHz, кој може да ги репродуцира сите детали од изведбите во живо.

Претворање аналоген во дигитален звук со голема брзина

Претворање на аналоген во дигитален звук со голема брзина

За добивање на исклучителна прецизност и детали, звукот со висока резолуција го претвора аналогниот сигнал во дигитален со стапка од 24 бита/96Hz - многу поголема од CD дисковите, а аналогните FIR филтри работат со иста фреквенција како DSD.

Звук со висока резолуција
DSEE
Достигнете ново ниво со компресираните фајлови

Процесорот за подобрување на дигиталниот звук (DSEE) ги подобрува компресираните фајлови (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Со обновување на високите звуци кои се губат при компресирањето, DSEE ги репродуцира дигитални музички фајлови со богат и природен звук.

Како функционира технологијата за преработка на DSD

Технологијата за преработка на DSD ги преработува компресираните фајлови во DSD - формат со висока резолуција со проследување на звук со 1 бит за добивање ефикасна конверзија. Звукот ќе се репродуцира со квалитет кој е сличен на оригиналната снимка.

Технологија за преработка на DSD
Создаден за звук со висока резолуција

Дизајниран за остар звук со минимално изобличување

Посебните трансформатори со голем капацитет овозможуваат независно напојување на дигитални и аналогните електрични кола, намалувајќи го пречките и изобличувањата помеѓу каналите.

Цврста внатрешна структура

Куќиштето со внатрешно зацврстување ги ограничува движењата и вибрациите.

Странични ногарки со рапава изолација

Изолираните ногарки ги распространуваат вибрациите од средината на плеерот.

Компоненти заштитени од удари

Вентилаторот за ладење и хард дискот се така монтирани за да ги намалат вибрациите.

Мемориски простор од 1TB
Складирајте ја целата ваша музика

Со огромен вграден хард диск од 1TB, имајте ја целата ваша музика на едно место и складирајте до 250.000 музички фајлови

Вашата музика, секаде каде што ќе посакате

Бидете во тек со лесни безжични префрлувања

Уживајте во целата ваша музика на едно место. Преземете ја апликацијата HAP за префрлување на музика од вашиот компјутер која овозможува синхронизација и копирање на сите ваши песни во HAP-Z1ES преку Wi-Fi.® Следниот пат кога ќе преземете нова песна, таа автоматски ќе се префрли, а Gracenote ќе ги провери имињата на песните, насловните страни на албумите и другите информации.

Следната компонента на вашиот систем за звук

Поврзете го HAP-Z1ES на вашиот засилувач со звучници. Тој нуди балансирани и небалансирани излези, LAN приклучок за поврзување на домашна мрежа и USB влез.

Излези и влезови
Вие ја контролирате музиката

Секогаш пронаоѓајте ја саканата песна

Преземете ја контролата врз вашиот HDD плеер преку вашиот паметен телефон или таблет уред со преземање на апликацијата за контрола или, пак, пребарувајте ја вашата музика на LCD екранот со испорачаниот далечински управувач.

Пребарување со апликација
Лесно пребарување со помош на апликација

Целосниот индекс на музика ќе се копира во вашиот уред за полесно пребарување.

Пребарување на LCD екран
Погледнете ги вашите песни на LCD екранот

Пребарувајте песни со голема брзина на предниот LCD екран.

Спецификации и функции

  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • DSEE и DSD Remastering го обновуваат квалитетот кај компресираните фајлови

  • Капацитет од 1TB за складирање на илјадници песни

  • Wi-Fi® со софтвер за автоматска синхронизација со компјутер

  • Директна контрола преку вашиот паметен телефон или таблет уред

Што има во пакетот

Далечински управувач:RM-ANU183/S(1)

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Награди

Награди