Врвен квалитет на звук и приспособување

Создаден за максимално уживање при слушањето - дигитално-аналоген конвертор ESS

Уживајте во звук од класата на врвните аудиопроизводи за во домот, благодарение на чипот ESS DAC - врвен конвертор што нуди прецизна аналогна конверзија за сите ваши дигитални музички датотеки. Одликувајќи се со 32-битна обработка со високи перформанси и дизајн што елиминира временски девијации во периодичноста, овој Д/А-конвертор нуди голем динамички опсег и мало хармонично изобличување.
Слика од дигитално-аналогниот конвертор ESS

Опции за оптимални перформанси

Внимателно избраните компоненти нудат врвен квалитет на звук. Специјалната намотка за придушување нуди моќен бас и ги филтрира несаканите фреквенции за да овозможи контролирана и динамичка репродукција на звук. Кондензаторите наменети за љубители на музиката нудат голема моќ за јасен и силен бас, а повеќеслојните кондензатори со полимер придонесуваат за создавање природен звук.
Три внатрешни кондензатори на XAV-9550ES

Вграден 4-канален засилувач од класа A/B за звук со висока резолуција

Специјалното лево и десно коло за напојување нудат доследно и филтрирано напојување на вградениот засилувач, за прецизно звучно поле. Блокот на засилувачот содржи и голем број подобрени електронски кола за минимизирање на пречките, вклучувајќи и ново вградено електронско коло за контрола на јачината на звукот што е внимателно избрано за минимални изобличувања и шум.
Слика одблиску од електронското коло за напојување на XAV-9550ES

Двослојно куќиште што спречува резонанции

Двослојниот дизајн на куќиштето ги одвојува аналогните и дигиталните електронски кола за да спречи електромагнетни пречки и да понуди звук со беспрекорен квалитет. 
Проширен профил на XAV-9550ES каде што се гледа двослојниот дизајн и внатрешната матична плоча

Безжичен звук со висока резолуција LDAC™

Уживајте во безжичен звук преку Bluetooth® со исклучителен квалитет благодарение на LDAC. Поврзете паметни уреди за да проследувате звук со 96 kHz / 24 бита и бит-стапка до 3x поголема (990 kbps) од стандардниот Bluetooth.
Слика од XAV-9550ES во контролна табла и човек кој проследува музика од својот паметен телефон

DSP од висока класа со 192 kHz / 24 бита

DSP со 192 kHz / 24 бита нуди врвна обработка на звук и 8-појасен параметарски еквалајзер, покрај функцијата за порамнување на времето и 14-појасниот еквалајзер. Заедно со подобрената свртница со 3 зони, што нуди поставки за двојно засилување на предните 2-системски звучници, може да создадете совршен баланс помеѓу предните и задните звучници и сабвуферите.
Слика одблиску од процесорот за обработка на звук на XAV-9550ES

Порамнување на времето за 6 канали

Моќниот DSP овозможува неверојатно прецизно порамнување на времето, за прецизен звук во секој автомобил. Може да го порамните растојанието на секој звучник посебно, во чекори на промена дури до 1 см или 0,1 инчи од местото каде што седите.
Слика од корисничкиот интерфејс на која се гледа функцијата за порамнување на времето и достапните опции

14-појасен еквалајзер

14-појасниот EQ овозможува прилагодување на звукот според вашата музика или желба, како и рачно издвојување и засилување на 14 различни фреквенции за сите излези за звучници и сабвуфери истовремено.
Слика од корисничкиот интерфејс на која се гледа 14-појасниот еквалајзер и достапните опции

8-појасен параметарски еквалајзер

За да добиете оптимални перформанси со различни конфигурации на звучници, може да го примените 8-појасниот параметарски еквалајзер на сите 6 канали (FL, FR, RL, RR, SWL, SWR) независно, преку отсекување и засилување на 8 приспособени фреквенции за сите излези за звучници и сабвуфери посебно. Исто така, може да го прилагодите пропусниот опсег (Q) за сите 8 избрани фреквенции за излезите за звучници и сабвуфери.
Слика од корисничкиот интерфејс на која се гледа 8-појасниот параметарски еквалајзер и достапните опции

Поставки за двојно засилување на предните 2-системски звучници

За разлика од стандардните конфигурации на звучници, како оние за предни и задни звучници, овој режим ви овозможува да ги приспособите четирите излези за звучници со тоа што ќе доделите два канали за високотонците и два канали за вуферите користејќи поставки за префрлување сигнали и функција за порамнување на времето.
Цртеж од ентериер на автомобил со два звучници на контролната табла, два звучници во вратите и XAV-9550ES во средина