Лебдечки екран од 25,7 см (10,1 инчи) со висока резолуција

Кондензаторски екран на допир со резолуција од 1280 x 720 точки

Нашиот прв медиумски приемник Mobile ES™ располага со голем, лебдечки и кондензаторски екран на допир од 25,7 см (10,1 инчи) со висока резолуција од 1280 x 720 точки. Тој нуди остри детали, поголема светлина и контраст за врвно доживување во автомобилот.
Приказ од предната страна на XAV-9550ES, на екранот се прикажува сцена со езеро и планина
Страничен приказ на два медиумски приемници XAV-9550ES каде што се гледа рефлектирањето и распрскувањето на светлината. Десната слика се гледа многу подобро од левата

Анти-рефлективен и кондензаторски екран на допир без празен простор

За разлика од стандардните екрани, LCD-екранот е залепен за заштитното стакло со помош на провидно лепило. Како резултат се добива екстремно прецизно ракување со допир, поголем контраст и подобри визуелни перформанси. Освен тоа, неговата стаклена површина е направена со специјална техника за рефлектирање и распрскување на светлината што значително ги намалува рефлектирањата и овозможува побезбедно и полесно ракување.

ЛЕВА слика: Екран што не рефлектира и распрскува светлина.

ДЕСНА слика: Екран што рефлектира и распрскува светлина.

Четири слики од куќиштето на XAV-9550ES со објаснување за начините на кои може да го вртите и прилагодувате екранот

Лесно инсталирање и прилагодување

Цврстиот и прилагодлив држач е дизајниран за инсталирање уреди со стандардна големина за да одговара на различни возила. Прилагодувањето во четири насоки го олеснува позиционирањето на големиот екран во совршена положба за вас.