Листа со функции

Слика за споредба на димензиите на капсулата на микрофонот ECM-G1 и стандардниот вграден микрофон [1] Капсула на вградениот микрофон на фотоапаратот; 4 мм [2] Капсула на микрофонот на снимачот PCM-D100 за Linear PCM; 14,6 мм [3] Капсула на микрофонот со насочување ECM-G1; 14,6 мм

Висококвалитетен звук преку капсула на микрофон со голем дијаметар 

И покрај неговата компактна големина, микрофонот со насочување ECM-G1 е создаден околу капсула со голем дијаметар (14,6 мм) дизајнирана да овозможи снимање јасни звуци и ефикасно намалување на шумот.  [1] Вграден микрофон [2] PCM-D100 [3] ECM-G1 
Слика од жена која разговара во бар

Идеален за снимање јасни гласови

ECM-G1 е особено наменет за снимање фреквенции што се карактеристични за човечките гласови. Микрофонот снима гласови што се јасни и лесно разбирливи, а тоа придонесува за одлично снимање на видеоблогови со монолози, интервјуа и разговори.
Табела со полиња што ги прикажуваат карактеристиките на ECM-G1 за снимање звук

„Super-cardioid“ за снимање со прецизно насочување 

Исто како и поголемите микрофони со насочување, така и ECM-G1 има дизајн со капсула од типот „super-cardioid“. Таа го фокусира снимањето звуци во потесен простор пред микрофонот и ги намалува амбиенталните звуци, правејќи го совршен за снимање видеоблогови и интервјуа.
Фотографија од ECM-G1 кој е толку компактен што може да го носите заедно со фотоапаратот во ранец за секојдневна употреба

Микрофон со функција за насочување во компактен пакет

Одликувајќи се со должина помала од 50 мм (1,97 инчи) и тежина од 34 грама (1,4 oz), ECM-G1 е лесно пренослив и подготвен за носење секаде каде што снимате. Предниот дел на уредот нема да ви пречи при снимањето дури и кога користите широкоаголен објектив, а лесно може да го користите и со системи со механизми за стабилизација или држачи.
Фотографија од фотоапарат со микрофон ECM-G1 приклучен во приклучокот MI

Поврзување без кабли преку приклучок за повеќе интерфејси

ECM-G1 се поврзува и директно се напојува преку компатибилни фотоапарати од Sony со приклучок MI (повеќе интерфејси). Освен практично поврзување и преносливост, ќе уживате и во снимање без пречки и механички шум, без потреба од приклучување надворешни кабли.
Слика од споделување енергија од батеријата на главниот уред

Практично ракување без батерија 

Приклучокот за повеќе интерфејси кај компатибилните фотоапарати овозможува директно напојување на микрофонот, па затоа не треба да се грижите за празнење на неговата батерија при снимањето. 
Фотографија од ECM-G1 прикачен на фотоапаратот и опремен со заштита од ветер со крзно.

Намалување на потресите и вибрациите

ECM-G1 има дизајн што ги намалува потресите и вибрациите и овозможува ефикасно намалување на шумот предизвикан од нискофреквентни вибрации, како и шумот предизвикан при зумирање на објективот или при фокусирање. Исто така, поставувањето без кабли ја елиминира можноста од пренесување на шумот предизвикан од вибрации преку каблите за поврзување.
Слика од задната страна на производот, со зголемен приказ на приклучокот MI.
Тоа го намалува шумот предизвикан од вибрации

Испорачана заштита од ветер за снимање надвор

Микрофонот се испорачува со заштита од ветер што многу ефикасно го намалува шумот предизвикан од ветер кога снимате надвор.