Главни карактеристики

Слика за споредба на димензиите на капсулата на микрофонот ECM-G1 и стандардниот вграден микрофон
 [1] Вграден микрофон [2] PCM-D100 [3] ECM-G1

Одличен за човечки гласови

ECM-G1 е одличен за снимање на фреквентните опсези на човечките гласови, па затоа снима звук со јасни и препознатливи гласови. Идеален за снимање видеоблогови за оценување производи и интервјуа.

Капсула на микрофонот со голем дијаметар од 14,6 мм

Поголема капсула за висококвалитетен звук

Создаден околу капсула со голем дијаметар (14,6 мм), ECM-G1 нуди висококвалитетен звук сличен на звукот од врвните снимачи за звук и снима јасни и остри звуци со ефикасно намалување на шумот.

Фотографија од ECM-G1 прикачен на фотоапаратот и опремен со заштита од ветер со крзно.

Заштита од ветер за непречено снимање на отворено

ECM-G1 се испорачува со лесно отстранлива заштита од ветер која го намалува шумот предизвикан од ветер кога снимате надвор во ветровити услови.
Слика од задната страна на производот, со зголемен приказ на приклучокот MI. Тоа го намалува шумот предизвикан од вибрации.

Конструкција што спречува вибрации

Дизајнот на ECM-G1 спречува вибрации и помага во намалување на малите потреси и механичкиот шум предизвикани при фокусирање или зумирање. Кога е приклучен во приклучокот (MI), врската без кабли ја елиминира можноста од шум предизвикан од вибрации на каблите.

Компактен дизајн со прецизно насочување

Снимање од типот „super-cardioid“ за звуци пред производот

Снимајте звук пред фотоапаратот и намалете го амбиенталниот шум

Микрофонот ECM-G1 е од типот „super-cardioid“ и затоа е идеален за снимање видеоблогови и други видеозаписи каде што сакате да се фокусирате на звуци што се генерираат пред фотоапаратот, а притоа да го намалите амбиенталниот шум, ехото и одекнувањето на гласовите.

Мал и лесен заради одлична преносливост

Доволно мал за да не ви пречи

Компактен и дискретен дизајн

Одликувајќи се со должина помала од 50 мм (1,97 инчи) и тежина од 34 грама (1,4 oz), ECM-G1 е доволно пренослив за да го носите на сите локации за снимање. Паметниот дизајн ги елиминира каблите и не пречи во кадарот или при гледање низ визирот, дури и ако користите широкоаголни објективи - идеален е за снимање видеоблогови.
Фотографија од ECM-G1 во рака, доволно е компактен за да се држи во една рака.

Доволно мал за да го носите постојано

Не откачувајте го микрофонот за да биде подготвен за користење секогаш

Производот е лесен (34 грама / 1,2 унци) и неверојатно компактен (48,5 мм / 2 инчи). Тоа го прави флексибилен и пренослив при снимањето - до степен што нема потреба да го откачувате и прикачувате помеѓу снимањата. Задната страна на микрофонот нема да ве допира на челото кога гледате низ визирот, а поставувањето е лесно дури и ако користите механизми за стабилизација и држачи.
Фотографија од ECM-G1 кој е толку компактен што може да го носите заедно со фотоапаратот во ранец за секојдневна употреба.

Користење без кабли и батерија преку приклучокот MI

Фотографија од фотоапарат со микрофон ECM-G1 приклучен во приклучокот MI

Сигурно поврзување без кабли

Со поврзување на микрофонот преку компатибилен приклучок MI не треба да се грижите за механичко пренесување на шум преку каблите или за кабли што ќе ви пречат додека снимате, со што добивате поголема подвижност при снимањето.
Слика од споделување енергија од батеријата на главниот уред.

Практично користење без батерија

Кога ќе го приклучите ECM-G1 во приклучокот MI на компатибилните фотоапарати од Sony, тој ќе се напојува директно од фотоапаратот. На тој начин ќе можете да снимате долги сесии без да се грижите дека ќе се испразни батеријата на микрофонот.

Излезен приклучок за микрофон што е компатибилен  со многу уреди

Фотографија од ECM-G1 поврзан со компјутер преку излезен приклучок од 3,5 мм.

Поврзете го со вашиот паметен телефон0

Поврзете го ECM-G1 со вашиот Xperia® или друг паметен телефон за да снимате видеоблогови со висококвалитетен звук. Неговата компактна големина го прави идеален за употреба со паметни телефони.
Фотографија од ECM-G1 поврзан со паметен телефон преку излезен приклучок од 3,5 мм и адаптер.

Поврзете го со лаптоп или друг уред

Излезниот приклучок за микрофон е поставен странично на микрофонот. Може да се користи со фотоапарати, компјутери, IC-снимачи и други компатибилни уреди со сопствено напојување кои немаат приклучок MI. Се испорачува со кабел за снимање.