Избор од три шеми на снимање

Супер-насочно, еднонасочно и повеќенасочно

Напредната дигитална обработка на сигнали овозможува избор од три шеми на насочување во еден повеќенаменски микрофон, за да можете да ја изберете зоната за снимање звук во зависност од потребите за снимање.

Лесно избирање на начинот на работа

Изберете ја најсоодветната шема на снимање со лесно достапниот преклопник 

Практичен преклопник со три положби на задната плоча на микрофонот овозможува брз избор помеѓу трите шеми на снимање, нудејќи ви флексибилност за адаптација кон потребите за снимањето.
Табела со три полиња и преклопникот на задната плоча. Од лево кон десно: супер-насочен, еднонасочен и повеќенасочен
Слика од човек кој снима автопортрет со режимот за супер-насочна шема на ECM-B10 кој е прикачен на фотоапаратот.

Супер-насочно: фокусирана зона од предната страна

Супер-насочната шема е идеална за интервјуа или автопортрети и снима звук од фокусирана зона пред микрофонот, а притоа ефикасно го стишува звукот надвор од оската и зад микрофонот.
Слика од снимател кој снима музичари со еднонасочниот режим на ECM-B10 кој е прикачен на фотоапаратот.

Еднонасочно: широк опсег од предната страна

Еднонасочната шема е совршена за разговори помеѓу повеќе луѓе бидејќи снима звук од широко поле пред микрофонот, а притоа го минимизира снимањето звук од задната страна. 
Снимател снима во природа и го проверува звукот преку слушалки. Фотоапаратот е опремен со микрофонот ECM-B10 што е поставен во повеќенасочен режим.

Повеќенасочно: звук од сите насоки

Повеќенасочната шема снима звук подеднакво од сите насоки, што е корисно за снимање звуци од опкружувањето или гласот на операторот на фотоапаратот.