Бои што го внесуваат реалниот свет во вашиот дом

Милијарди бои од големата палета на бои. Интензивна светлина и контраст. Нашиот 4K HDR-процесор X1™ внесува неверојатна реалистичност и живописност во сцените.
Слика од езеро опкружено со планини и дрва со неверојатно богати и живописни бои

Појасна слика,
независно што гледате

Дури и вашите омилени содржини снимени во 2K и HD се подобруваат приближно до 4K- квалитет. 4K X-Reality™ PRO користи уникатна 4K-база на податоци за да ги надополни податоците што недостасуваат.0
Огромен, раскошен ентериер на стара зграда со стаклен покрив

Видете сѐ,
дури и во сцените со брзи движења

Motionflow™ XR создава и вметнува дополнителни кадри помеѓу оригиналните кадри. Благодарение на поголемиот број слики што се прикажуваат секоја секунда, случувањата изгледаат порамномерно и поостро.
Две слики од истиот снимен материјал, сцена со брзи движења во која јавач на коњ прескокнува ограда

Оптимизирана светлина,
приспособена на вашата просторија

Сензор за осветленост ја оптимизира светлината според условите во просторијата, засилувајќи ја светлината во осветлените, а намалувајќи ја во темни простории, така што секогаш ќе добивате одлична слика. 
Слика поделена на два дела каде што е прикажана двојка која гледа телевизија - левата страна е потемна од десната