Совршен за PlayStation®️5

Бидете во центарот на случувањата со BRAVIA. Раскошни сцени, амбиентален звук и ексклузивни функции што внесуваат реалистичност во вашите омилени игри како никогаш досега.

Телевизор што прикажува слика од Marvel SPIDER-MAN 2, конзола PlayStation® 5 со контролор на десната страна и логото PEGI 16 во долниот лев агол

Автоматски HDR со мапирање на тонови 

Автоматскиот HDR со мапирање на тонови веднаш ги оптимизира поставките за HDR при почетното поставување на вашата конзола PS5®. Дури и во темните сенки и во премногу светлите површини, ќе гледате врвни детали и реални бои.012
Лого за PEGI 3
Поделена слика на екранот што прикажува игра со возење, на левата страна е исклучен автоматскиот HDR со мапирање на тонови, а на десната страна е вклучен автоматскиот HDR со мапирање на тонови

Режим на слика со автоматски жанр

BRAVIA автоматски преминува во режимот за игри кога е приклучен PS5® за да го минимизира доцнењето и да го максимизира одзивот. Се враќа во стандарден режим кога гледате филмови за да прикаже пораскошни сцени.01
На левата страна има конзола PlayStation® 5 со приказ под агол од игра со возење автомобили на телевизор, а на десната страна има приказ под агол од филм на телевизорот, подолу се прикажани зборовите ВКЛУЧЕН режим за игри и ИСКЛУЧЕН режим за игри

Проследувајте игри од PlayStation® на вашиот BRAVIA

Контролирајте ја вашата конзола PlayStation® далечински, секаде каде што имате компатибилен телевизор BRAVIA што е поврзан на интернет. Апликацијата PS Remote Play ви овозможува да ја контролирате вашата конзола PS5® или PS4™ од друга просторија или локација, на пример, куќата на некој ваш пријател.01
Слика на чија лева страна се прикажува куќа со конзола PlayStation®, два контролери и телевизор, а на десната страна се прикажува куќа со еден контролер и телевизор, има и стрелка што означува проследување игри

Едно место за сите поставки за игри

Никогаш не било полесно да го прилагодите статусот на вашата игра, поставките и помошните функции. Сите неопходни поставки ви се лесно достапни за уште поголема практичност и удобност.012
Лого за сертификатот PEGI 18
Слика од два воини во играта God of War Ragnarök, подолу се прикажува менито со поставки за игри

Dolby Vision® за игри. Поддржано.

Еве како треба да изгледа светот на вашите игри. Неверојатно живописни бои, реален контраст во светли и темни површини, интензивна светлина. Со Dolby Vision®, играњето игри достигнува потполно ново ниво на длабочина и реалност.
Две слики од градска сцена, со Dolby Vision на левата и SDR на десната
Слика од задната страна на телевизор каде што се гледа HDMI-приклучок Слика од задната страна на телевизор каде што се гледа HDMI-приклучок

Различни функции на HDMI 2.1

Со 4K/120 fps, променлива стапка на освежување (VRR) и автоматски режим со мало доцнење (ALLM), нашите телевизори ви нудат рамномерни и јасни движења за брз одзив при играњето игри.
Слика од 6 екрани на горната страна на кои се прикажува текстот 4K/60 fps и 10 екрани на долната страна на кои се прикажува текстот 4K/120 Hz

4K / 120 fps

Поделена слика на екранот на која се прикажува војник, со ИСКЛУЧЕН режим за VRR на левата страна и ВКЛУЧЕН режим за VRR на десната страна, подолу се прикажуваат други податоци

Променлива стапка на освежување (VRR)

Две слики на екранот што прикажуваат автомобил во игра со возење, горе е ИСКЛУЧЕН режимот за игри, а долу е ВКЛУЧЕН режимот за игри

Автоматски режим со мало доцнење (ALLM)