Баланс помеѓу животната средина и забавата

Помало влијание врз животната средина, пореални слики и звук. BRAVIA™ ви помага да ја оптимизирате потрошувачката на енергија со Eco Dashboard, а притоа ја намалува употребата на нова пластика за приближно 60% и ја намалува големината на пакувањето за 15% и вкупната тежина за 12%. 

Телевизор монтиран на ѕид, над дрвена комода, со книги на левата и десната страна, на екранот се прикажува слика од The Wheel of Time со различни апликации означени подолу

Содржина

Над 10.000 апликации и игри, директно на вашиот телевизор0123

Лого ознаки за Netflix, YouTube, Prime Video и crunchyroll

Пренесете го киното во домот и уживајте во филмовите што ги добивате со BRAVIA™

Уживајте во најдобрите филмови веднаш со SONY PICTURES CORE. Вашиот телевизор BRAVIA го добивате со кредити за филмови за да можете веднаш да погледнете едни од најновите изданија. Изнајмете најмногу 15 филмови и добијте 24-месечен пристап до одличен избор на максимум 100 филмови, што редовно се ажурира.01234
Слика под агол од телевизор што прикажува слика од SPIDER-MAN Across the Spider-Verse со разнобојна ѕвездена сцена во заднина

SONY PICTURES CORE го пренесува филмското доживување во домот

Вака треба да уживате во филмовите. SONY PICTURES CORE Calibrated Mode е резултат на соработката помеѓу нашите инженери за телевизори и експертите на Sony Pictures, за да добиете слика со филмски квалитет во вашата дневна соба.
Лого за Sony Pictures Core

Гледајте Netflix со филмски квалитет што се оптимизира автоматски

Гледајте од Netflix на потполно нов начин. Нашиот Netflix Adaptive Calibrated Mode, дизајниран од Sony и Netflix, нуди слика како од филмско студио во вашиот дом, со светлина што автоматски се прилагодува според амбиенталните услови во вашата соба.
Двајца седат на кревет и гледаат кон телевизор монтиран на ѕид, на екранот се прикажува Lost in Space и лого за Netflix во долниот десен агол

Sony и Prime Video ви нудат слики како од филмско студио во вашиот дом

Гледајте филмови, серии, па дури и спорт во живо на ист начин како што замислиле режисерите и телевизиските куќи. Со Prime Video Calibrated Mode, поставките за слика се калибрираат автоматски според содржините што ги гледате, како спорт во живо, за да добиете Prime Video со квалитет како од филмско студио во вашиот дом.01
Слика од ликовите на филмот The Wheel of Time и лого за Amazon Prime подолу

Звук IMAX Enhanced со DTS:X

Уживајте во реално филмско доживување со избрани филмови од Disney+ преку BRAVIA и BRAVIA Theatre, овозможено со технологијата IMAX® Enhanced0.
Слика на која се прикажани логото IMAX Enhanced и логото Disney+

Реално филмско доживување

Уживајте во навистина незаборавни филмови во домот. Нашиот телевизор ги исполнува строгите стандарди за IMAX® Enhanced, DTS:X®, Dolby Vision® и Dolby Atmos® за да овозможи неверојатно амбиентално и реално доживување при гледањето.
Лого ознаки за Dolby VISION ATMOS и IMAX Enhanced
Слика од кино сала со црвени седишта во редови и филмско платно на кое е прикажан астронаут во вселената

Продолжете да гледате. Останете смирени.

Гледајте ги сите содржини со попријатна светлина за да не се вознемирите. Поставката за слика за смирување е режим за квалитет на слика што ја намалува светлината и применува помеки бои и контраст.
Слика од три деца кои седат на кревет и гледаат телевизија

Контрола

Кажете што сакате да гледате

Пронајдете ги омилените содржини побрзо, со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето за гласовна контрола на далечинскиот управувач за да започнете.0123
Лого за Google TV
Телевизор монтиран на ѕид, на екранот прикажува слика од филмот The Wheel of Time и различни содржини под него, а на десната страна има човечко лице и далечински управувач

Chromecast built-in™

Проследувајте од вашиот уред. Лесно проследувајте филмови, серии, фотографии и многу повеќе од вашиот телефон или таблет-уред, директно кон телевизорот.01
Слика од дневна соба со телевизор монтиран на ѕид, над подножје, на екранот се прикажува слика од веслач на кану и рака што држи паметен телефон во преден план на чиј екран се прикажува истата слика

Компатибилност со Apple AirPlay 2

Проследувајте без напор од вашиот iPhone, iPad или Mac кон вашиот телевизор. Гледајте филмови од апликации или од Safari. Споделувајте фотографии со пријателите во просторијата.012
Телевизор монтиран на ѕид, над подножје, на екранот се прикажува слика од глава на диносаурус, а во преден план има рака што држи паметен телефон на чиј екран се прикажува некоја апликација

Контролирајте го телевизорот со вашиот глас преку Siri

Контролирајте телевизор од Sony лесно и безбедно преку апликацијата Apple Home и Siri на вашиот уред од Apple, благодарение на технологијата Home. Поставете го телевизорот во неколку едноставни чекори и контролирајте го со допир или разговарајќи со Siri.012
Лого за Може да се користи со Apple Home

Apple Fitness+. Сега на BRAVIA.

Проследувајте од Apple Fitness+ и гледајте мерења на вашиот телевизор BRAVIA, како тајмери и совети од тренери, со Apple AirPlay. Ако имате Apple Watch, тогаш може да гледате и лични мерења како срцев пулс и согорени калории.01
Слика од луѓе кои вежбаат во фитнес студио, на левата страна на екранот се прикажуваат податоци, а во преден план се гледа горната половина на паметен телефон на чиј екран се прикажува апликација за фитнес

Поинтуитивен. Модерен интерфејс.

Ракувањето штотуку стана полесно. Одново го дизајниравме нашиот кориснички интерфејс заради полесно ракување, за да можете лесно да добивате информации за влезните приклучоци и да ги гледате поставките.0
Слика од двајца кои разговараат во градска сцена, долу се прикажува менито со поставки каде што е означен режимот за слика

Камера

Најдоброто место за седење. На секое место. Во секое време.

Сè е совршено, каде и да сте. Со откривање на вашата положба, светлината во вашата просторија и рефлектираната светлина од амбиенталното осветлување, BRAVIA Cam™ ги прилагодува светлината, контрастот, балансот и јачината на звукот за да го оптимизира вашето доживување според местото каде што седите.01234
Приказ од горна страна на човек и мачка на кревет, телевизор монтиран на ѕид што репродуцира концерт, сини звучни бранови помеѓу телевизорот и човекот и поставки за BRAVIA Cam на десната страна на екранот
Две слики на екранот, на левата слика е прикажан човек на кревет кој гледа телевизија, а на десната слика е прикажан човек кој излегува од соба во која екранот на телевизорот е темен

Автоматска заштеда на енергија

Заштедува енергија. Со помош на BRAVIA Cam™, автоматскиот режим за заштеда на енергија ја оптимизира потрошувачката на енергија преку автоматско затемнување на екранот кога не сте пред телевизорот.
Две слики на екранот, на левата слика се прикажани двајца кои седат на кревет и гледаат телевизија, а на десната слика е прикажан човек кој оди кон телевизор што репродуцира звук за предупредување

Предупредување за близина

Оддалечете ги децата од телевизорот. Предупредувањето за близина ви овозможува да поставите препорачана далечина на гледање за вашето дете и го предупредува ако се доближи премногу до телевизорот.
Човек на кревет кој контролира телевизор правејќи гестикулации со рацете

Практичен начин за контрола на вашиот телевизор

Едноставно како мрдање со прстите. Контролата со гестикулации ви овозможува да менувате канали, да ја приспособите јачината на звукот и многу повеќе со помош на едноставни гестикулации, не ви треба далечински управувач.

Камерата е затворена, приватноста е заштитена

Заштитете ја вашата приватност со едно движење на прстот. Преклопникот на горната страна на BRAVIA Cam™ го затвора капакот на камерата. Прикачувањето и откачувањето на BRAVIA Cam™ е многу лесно.01
Приказ под агол од BRAVIA Cam ставена на горната страна на телевизорот

Далечински управувач

Еко далечински управувач. Лесен за чистење и користење.0

Контролира сè. За нашиот компактен еко далечински управувач се користи приближно 80%0 рециклирана пластика. Сепак, лесно може да го чистите бидејќи има рамна површина и полиуретански слој, а може да ги контролира сите поврзани уреди.123
Горна половина од далечинскиот управувач
Лого за Assistive Technology



Помошна технологија на Google TV
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.

Корисникот се согласува на задолжително ажурирање на софтверот при поставувањето и на дополнителни ажурирања од тој вид што може да бидат потребни во иднина, од Google и/или Sony.

За користење на овој телевизор се потребни задолжително ажурирање на софтверот од Google при поставувањето на телевизорот и согласност за правилата за користење на услугата и политиката за приватност на Google.

Para hacer uso de las funcionalidades de conectividad a internet de esta pantalla inteligente, es requerido aceptar y ejecutar la actualización inicial de software (vía internet) que se indica. Para estos mismos fines, actualizaciones adicionales pueden ser requeridas de tiempo en tiempo.

Изработен од рециклирана пластика

Дизајниран да биде одржлив. За нашиот компактен еко далечински управувач0 се користи приближно 80%1 рециклирана пластика.
Горна половина од далечинскиот управувач

Прекрасен дизајн. Создаден да трае. Со многу помалку нерециклирана пластика.

Мислете на планетата. За изработка на нашите телевизори се користи рециклирана пластика SORPLAS™ создадена од Sony, што резултира со намалување на употребата на нова пластика до 60% без да се намали издржливоста и намалување на употребата на пластика до 48% за нашето пакување.0123
Слика на која се прикажани три кругови што се поврзани со стрелки: во првиот круг има CD и шише, во вториот круг има рециклирани материјали и во третиот круг има телевизор BRAVIA