Бидете во центарот на случувањата со BRAVIA. Раскошни сцени, амбиентален звук и ексклузивни функции што внесуваат реалистичност во вашите омилени игри како никогаш досега.01
Автоматски HDR со мапирање на тонови
Автоматскиот HDR со мапирање на тонови веднаш ги оптимизира поставките за HDR при почетното поставување на вашата конзола PS5®. Дури и во темните сенки и во премногу светлите површини, ќе гледате врвни детали и реални бои.012
Режим на слика со автоматски жанр
BRAVIA автоматски преминува во режимот за игри кога е приклучен PS5® за да го минимизира доцнењето и да го максимизира одзивот. Се враќа во стандарден режим кога гледате филмови за да прикаже пораскошни сцени.01
Проследувајте игри од PlayStation® на вашиот BRAVIA
Контролирајте ја вашата конзола PlayStation® далечински, секаде каде што имате компатибилен телевизор BRAVIA што е поврзан на интернет. Апликацијата PS Remote Play ви овозможува да ја контролирате вашата конзола PS5® или PS4™ од друга просторија или локација, на пример, куќата на некој ваш пријател.01
Едно место за сите поставки за игри
Никогаш не било полесно да го прилагодите статусот на вашата игра, поставките и помошните функции. Сите неопходни поставки ви се лесно достапни за уште поголема практичност и удобност.012
Dolby Vision® за игри. Поддржано.
Еве како треба да изгледа светот на вашите игри. Неверојатно живописни бои, реален контраст во светли и темни површини, интензивна светлина. Со Dolby Vision®, играњето игри достигнува потполно ново ниво на длабочина и реалност.