Погледнете ги вистинските бои на животот, живописни и светли. Triluminos Pro™ репродуцира над милијарда бои со подобрена заситеност и тонови, создавајќи природни нијанси.
Неверојатно јасни слики, без разлика што гледате
Гледајте ги старите омилени содржини со подобрување на квалитетот приближно до 4K. Нашиот 4K X-Reality™ PRO ги анализира, чисти и подобрува сликите со помош на нашата уникатна 4K-база на податоци, за да може да уживате во неверојатни слики за речиси сите содржини.
Брзи движења. Појасни и порамномерни.
Подобрена јасност и рамномерност при гледањето динамички движења. Motionflow XR го зголемува бројот на слики што се прикажуваат секоја секунда и нуди порамномерни движења, контрола на задното осветлување LED, намалување на заматеноста на сликата и појасни слики.
Оптимизирана светлина, приспособена за вашата соба
Дење или ноќе, вие секогаш ќе ја добивате најдобрата можна слика. Сензорот за осветленост ја оптимизира светлината според условите во собата, односно ја зголемува во светли соби и ја намалува во темни соби.