Повеќе начини за уживање во вашата музика

Заедно со Bluetooth®-функцијатa, проширените опции за поврзување ви нудат повеќе начини за уживање во вашата музика. USB Type-C® поддржува USB-звук од вашиот паметен телефон или компјутер, а USB Type-A овозможува репродукција од USB-мемориски уред. Приклучоците за XLR и RCA овозможуваат уште поголема флексибилност за многу различни конфигурации.
Горен ред: Првиот прикажува паметен телефон поврзан преку кабел „USB-C“ со единечен звучник. Вториот прикажува лаптоп поврзан преку кабел „USB-C“ со единечен звучник. Третиот прикажува конзола за снимање за диџеј поврзана со единечен звучник со бели и розови кабли „RCA“. Долен ред: Четвртиот дијаграм прикажува диџеј-миксета поврзан со лев (L) и десен (R) пар звучници преку кабли „XLR“. Петтиот дијаграм нуди повеќе детали за ова, прикажувајќи ја диџеј-миксетата поврзана со „XLR“ со два примарни звучници, кои се поврзани со втор пар леви и десни звучници.

Поврзување со повеќе уреди

Заради максимална практичност, ULT TOWER MAX може да се впари со два уреди со Bluetooth® истовремено, за да можете моментално да се префрлувате меѓу нив кога започнувате со репродукција на кој било уред.
Едноставен црно-бел цртеж прикажува минималистичка силуета од екран на лаптоп на левата страна до минималистичка силуета на вертикален паметен телефон на десната страна.

Bluetooth® Fast Pair™0

Со само еден допир, ULT TOWER MAX овозможува брзо и лесно впарување со вашите уреди со Android™0 преку Bluetooth®. 
На левата страна се наоѓа стандардниот син овален симбол за Bluetooth. На десната страна е иконата за Google Fast Pair

Вградено полнење на уредот

Лесно полнете ги уредите со приклучоците за USB Type-C® и USB Type-A на ULT TOWER MAX, за да не ви се испразнат батериите дури и на најенергетичните забави.
Слика одблиску, снимена во студио, од црните задни влезови и контролниот панел на звучникот ULT TOWER MAX. На левата страна има кружно вртливо копче за избирање „FUNCTION“ опколено со помали кружни копчиња за функции како поставки за „STEREO PAIR“, „LIGHT“ и „KARAOKE“. Десната страна се одликува со вметнат дел со влезови под мало бело светло на кој има физички приклучоци за USB-C, USB-A, приклучок „MIC“ со вртливо копче за јачина на звук, влезови за RCA „LINE 1“ и избалансирани XLR-приклучоци „LINE 2“ и „LINE OUT“ под заштитен квадратен капак на преклопување.