ULT POWER SOUND со голема моќ

Моќен звук и поголем бас за подобри забави

Видливото копче ULT ви дава пристап до два постоечки режими на бас. Моќен бас со кој ќе го почувствувате ритамот и кој ќе ве охрабри да танцувате или засилување на длабокиот бас што создава нискофреквентен звук што ќе го разигра вашето срце. 
Луѓе танцуваат околу ULT TOWER надвор
Човек свири електрична гитара приклучена во ULT TOWER 9 додека луѓе танцуваат околу

Притиснете го копчето. Почувствувајте го басот.

Притиснете го копчето ULT за да уживате во моќниот звук на ULT1 и ULT2. Изберете ULT1 за подлабок бас со пониски фреквенции. Изберете ULT2 за моќен бас0
Горниот дел на ULT TOWER 9 е осветлен и се прикажува контролниот панел

Опкружете се со звук

Звукот за забави од 360º го носи моќниот звук во секој агол на просторијата. Четири високотонци испорачуваат јасен звук до предниот и задниот дел од звучникот, со два среднотонци за острина на вокалите. Почувствувајте го басот, благодарение на X-Balanced Speaker Unit. Заедно, тие им овозможуваат на сите во просторијата да ја почувствуваат моќта на музиката, без оглед на тоа каде се наоѓаат.
Група луѓе танцува во затемнета соба околу звучникот TOWER 9 со вклучени светла за забава
Слика од звучникот TOWER 9 на која се прикажани внатрешните положби на звучниците
ULT TOWER 9 со илустрации од звучни бранови кои излегуваат од горниот дел на звучникот.
Слика одблиску од формата на внатрешните звучници на ULT TOWER 9

Моќен звук со X-Balanced Speaker Unit

Нашиот X-Balanced Speaker Unit се одликува со приближно квадратна мембрана што има поголема површина во споредба со стандардните звучници. Големиот вуфер со димензии од 320 мм x 320 мм нуди јасен и длабок бас.
Дијаграм од правоаголната мембрана и конвенционална кружна мембрана.

Побогато, појасно, подлабоко доживување

Правоаголната мембрана не само што максимално ја искористува површината предвидена за мембрана на звучникот, туку и го зголемува звучниот притисок за да овозможи подлабок и помоќен бас, помало изобличување и поголема острина на вокалите. Севкупно, го возвишува вашето уживање при слушањето.

Гласен бас со ULT DUCT

ULT DUCT го подобрува проширувањето на басот, за музика која можете да ја почувствувате. Интелигентниот дизајн на предната плоча рамномерно го распоредува басот во целиот простор.
Зумирана слика од долниот дел на звучникот TOWER 9 со приказ на внатрешната локација на ULT DUCT

Оптимизација на звучното поле

Со откривање на локалниот шум, тој автоматски ги менува поставките на звукот за да создаде јасна музика дури и ако сте опкружени со други звуци.

10-појасен еквалајзер

Изберете ги омилените поставки за звук и слушајте ја музиката на ваш начин.